Фулански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фулански јазик
Фуланиски јазик
Fulfulde, Pulaar, Pular'Fulaare
Застапен во Мавританија, Сенегал, Мали, Гвинеја, Буркина Фасо, Нигер, Нигерија, Камерун, Гамбија, Чад, Сиера Леоне, Бенин, Гвинеја-Бисао, Судан, ЦАР, Брег на Слоновата Коска, Гана, Того, Либерија, Габон
Народ Фулани
Говорници 24 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-1 ff
ISO 639-2 ful
ISO 639-3 ful — опсежен код
Поединечни кодови:
fuc — пулаарски (Сенегамбија, Мавританија)
fuf — пуларски (Гвинеја, Сиера Леоне)
ffm — Масина Фулфулде (Мали)
fue — Боргу Фулфулде (Бенин, Того)
fuh — Западнонигерски (Буркина, Нигер)
fuq — Централноисточен нигерски (Нигер)
fuv — Нигерски фулфулде (Нигерија)
fub — Адамава Фулфулде (Камерун, Чад, Судан)
fui — Багирми Фулфулде (ЦАР)

Фуланскиот (Fulfulde, Pulaar, Pular) е нигер-конгоански јазик кој се зборува во Западна Африка. Јазикот е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, во која група се наоѓаат и серерскиот и волофскиот јазик. Јазикот е мајчин јазик на Фуланите, кои ја населуваат територијата од Сенегамбија до Судан. Јазикот е еден од најзборуваните јазици во Западна Африка, каде има голем број на луѓе кои го зборуваат како втор јазик.

Терминологија[уреди | уреди извор]

Најчесто користено име за јазикот е „фулански“ („фула“). Фуланите го именуваат јазикот како Pulaar или Pular (во западните дијалекти) или Fulfulde (во централните и источните дијалекти). Името „фулани“ (кај нас навлезено најверојатно преку англискиот јазик) потекнува од мандинчкиот (мандинка). Во францускиот јазик овој јазик е познат како Peul и ова име потекнува од волофскиот јазик.

Писмо[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фуланска азбука.

Латиница[уреди | уреди извор]

Фулански (пуларски) јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Innama aadeeji fof poti, ndimɗidi e jibinannde to bannge hakkeeji. Eɓe ngoodi miijo e hakkilantaagal ete eɓe poti huufo ndirde e nder ɓ iynguyummaagu.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Најчесто фуланскиот јазик се запишува со латиница. Латиничната азбука за фуланскиот јазик има специјални букви со мали куки, и тие се:Ɓ/ɓ, Ɗ/ɗ, Ŋ/ŋ, Ñ/ñ, Ƴ/ƴ (односно имплозивна ’б’, имплозивна ’д’, веларна ’н’ (звучи како ’нг’), њ, ејективна ’y’). Апострофот се користи за грлениот глас. Во Нигерија ʼy ја заменува ƴ, а во Сенегал ñ се користи за ɲ. Азбуката е:

a, aa, b, mb, ɓ, c, d, nd, ɗ, e, ee, f, g, ng, h, i, ii, j, nj, k, l, m, n, ŋ, ny (или ñ или ɲ), o, oo, p, r, s, t, u, uu, w, y, ƴ

Арабица[уреди | уреди извор]

Понекогаш фуланскиот користи и арапско писмо. Писмото се користело пред колонизацијата на Африка, кога била воведена латиницата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007

Литература[уреди | уреди извор]

  • Arnott, David W. (1970). The nominal and verbal systems of Fula. Oxford: Clarendon Press.
  • Wilson, W. A. A. (1989). Atlantic. In John Bendor-Samuel (Ed.), The Niger–Congo Languages, pp. 81–104.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]