Јазици во Боцвана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боцвана Јазици во Боцвана Боцвана
Официјален јазиканглиски, цвана
Национален јазикцвана
Демографија на Боцвана

Јазици во Боцвана е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат/ употребуваат на територијата на оваа африканска држава. Официјално, Боцвана е двојазична држава бидејќи има два официјални јазика: цвана и англиски. Национален јазик во Боцвана е цвана, кој го зборуваат околу 80% од населението.

Службени јазици[уреди | уреди извор]

Сецвански јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Цвана (јазик).

Јазикот цвана (самонар. „сецвана“), е банту-јазик кој се зборува во регионот Јужна Африка од околу 4.5 милиони Цвани.[1] Цвана е нигерконгоански јазик и е сроден со северниот сотоо, како и со кгалагдискиот и лозискиот јазик.

Цванскиот е официјален јазик во Боцвана, каде е и лингва франка. Во Боцвана го зборуваат околу 1.1 милиони луѓе, но сепак мнозинството од говорниците чии мајчин јазик е цвана живее во ЈАР. Во ЈАР околу 3,4 милиони луѓе го зборуваат јазикот и истиот е еден од 11-те службени јазици во државата. Покрај ЈАР, во Зимбабве има 29.400 Цвани кои го зборуваат јазикот, а во Намибија има околу 12.300 Цвани.[1]

Со независноста на Боцвана и сецванскиот јазик станал официјален, кој патем најмногу се зборува во државата. Карактеристично за овој јазик се префиксите, кои имаат голема важност. Меѓу поголемиот број префикси, позначајни се префиксите бо-, ба-, мо- и се-. Префиксот бо- се користи за името на државата, префиксот мо- се користи за еден човек од народот Цвана, префиксот ба- се користи за народот Цвана и префиксот се- се користи за јазикот. Така, од коренот „цвана“ се добива „Боцвана“ (држава), „Бацвана“ (народ), „Моцвана“ (еден човек од народот Бацвана) и „Сецвана“ (јазикот).

Англиски јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Англиски јазик.

Англискиот јазик започнал да се зборува во регионот со британската колонизација на Јужна Африка и истиот бил официјален јазик во протекторатот Бечуаналенд.

Англискиот јазик е западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како службен јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, ЈАР, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.

Останати јазици[уреди | уреди извор]

Покрај сецванскиот, во државата се зборуваат и каланга, сарва, недебеле и во некои делови африканс.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]