Петер Естерхази
| Петер Естерхази Péter Esterházy |
|
| Роден(а) | 14 април 1950 Будимпешта, Унгарија |
|---|---|
| Занимање | писател |
| Националност | |
| Правец | постмодернизам |
Петер Естерхази (унгарски: Péter Esterházy), (1950, Будимпешта, Унгарија) е современ унгарски писател.
Содржина |
Биографија [уреди]
Петер Естерхази е роден во 1950 година во Будимпешта како потомок на познатото унгарско благородничко семејство. Матурирал во пијанистичката гимназија во Будимпешта, а на универзитетот ЕЛТЕ дипломирал математика. До 1978 година работел како математичар, а потоа постанал професионален писател.[1]
Творештво [уреди]
Делата на Естерхази се преведени на повеќе европски јазици: шпански, португалски, шведски, норвешки, дански, италијански, германски, англиски, француски, бугарски, словенечки, српски, чешки, полски, естонски, летонски, фински, турски, еврејски и руски. Исто така, четири негови раскази се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]
Негови поважни дела се:[3]
- Франчико и Пинта (кратки раскази), 1976 година
- Производен роман (роман), 1979 година
- Транспортери (роман) 1983 година
- Седумнаесет лебеди (роман) 1987 година, објавен под името Лили Чоконаи
- Книга за Храбал (роман) 1990 година
- Една жена (роман) 1995 година
- Нема голема уметност (роман) 2008 година
Признанија [уреди]
Петер Естерхази е добитник на повеќе награди, како што се:[4]
- Наградата "Милан Фушт", 1983 година
- Наградата "Тибор Дери", 1984 година
- Наградата "Атила Јожеф", 1986 година
- Prix du Meilleur Livre Étranger "Vilenica", 1989 година
- Книга на годината во Унгарија, 1999 година
- Österreichische Staatpreis für Europäischen Verständigung, 1999 година
- Grinzane Cavour-Prize, 2004 година
- Premio Letterario Internazionale Pablo Neruda, 2006 година
- Наградата "Angelus", 2008 година
Наводи [уреди]
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 234.
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 234.
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 234.