Немања Михајловиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Немања Михајловиќ (Белград, 19 јануари 1996) е српски фудбалер кој моментално настапува за екипата на Спартак од Суботица.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Михајловиќ ги поминал помладите категории на белградскиот клуб на Рад, а во првиот тим се приклучил за време на зимските подготовки во 2013 година.[1] Својот прв натпревар за составот на Рад го имал на 3 април 2013 на натпреварот против екипата на Долен Срем. Тоа бил натпревар од 21то коло од српската Суперлига во сезоната 2012/13. Немања влегол во игра пред крајот на натпреварот, на местото на Урош Ѓурѓевиќ.[2] Својот прв гол го постигнал на 16 август 2014 година на натпреварот со екипата на Борац од Чачак, во 2то коло од српската Суперлига во сезоната 2014/15.[2] Во дресот на Рад одиграл вкупно 54 натпревари во Суперлигата и постигнал пет гола.[2]

На 28 декември 2015 година потпишал тригодишен договор со екипата на Партизан.[3] Својот прв натпревар за составот на Партизан го одиграл на 21 февруари 2016 година, на натпреварот од 23то коло во српската Суперлига во сезоната 2015/16, против составот на ОФК Белград. На теренот ги поминал сите 90 минути, а црно-белите загубиле со резултат од 2:1.[4] Во наредното коло на стадионот на Партизан се одиграло 150-то вечно дерби во кое составот на Црвена ѕвезда победила со резултат од 2:1. На тој натпревар Михајловиќ му асистирал на соиграчот Седрик Гогуи за единствениот гол на црно-белите на натпреварот.[5] Првиот гол за екипата на Партизан го постигнал на 2 март 2016 година, во четвртфиналниот натпревар од Купот на Србија, против клубот на Раднички од Ниш.[6][7] Првиот гол за Партизан во српската Суперлига Немања го постигнал на 6 април 2016 година на гостувањето кај екипата на Јавор од Ивањица.[8] Во мај 2016 година, тој го освоил својот прв трофеј со екипата на Партизан, во Купот на Србија за сезоната 2015/16.[9] Бил вклучен и во идеалниот тим на српската Суперлига за сезоната 2015/16.[10]

Михајловиќ бил стандарден првотимец на екипата на Партизан, додека тренер бил Иван Томиќ. Бил стартер и кај наредниот тренер Марко Николиќ во првите шест натпревари, но од 152-то вечно дерби, во кое бил заменет по првото полувреме, го загубил местото како првотимец и на теренот влегувал најчесто од клупата за резервни играчи.[11] Михајловиќ во сезоната 2016/17 ја освоил двојната круна со екипата на Партизан, со 25 првенствени настапи и два постигнати гола.[2] Следната 2017/18 сезона ја започнал во клубот, заедно со тренерот Мирослав Ѓукиќ. Тој настапил на двата натпревари против подгорички Будуќност во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.[2] Неговиот последен натпревар во тимот на Партизан бил на 22 јули 2017 година, во првото коло од српската Суперлига за сезоната 2017/18, против составот на Мачва од Шабац на стадионот во Белград. Немања на теренот влегол во 77та минута на местото на Данило Пантиќ, а веќе во 85та минута постигнал гол и ги поставил конечните 6:1 за екипата на Партизан.[12]

На 28 јули 2017 година Немања Михајловиќ се преселил во холандскиот клуб Херенфен.[13] Михајловиќ потпишал договор со новиот клуб на четири (3 + 1) години. Како што било објавено на сајтот на фудбалскиот клуб на Партизан, вредноста на трансферот е 1.700.000 евра, а Михајловиќ му простил на клубот долг од 50.000 евра.[13] Првиот гол за новиот клуб Михајловиќ го постигнал на својот прв натпревар. Тој влегол на теренот во 74та минута од натпреварот против составот на Хераклес, а во судиското надополнување го постигнал израмнувачкиот гол и ги поставил конечните 1:1.[14] Михајловиќ не успеал да се избори за статусот првотимец во екипата на Херенфен. За две и пол години одиграл само 26 првенствени натпревари, на кои постигнал вкупно три гола.[2]

Во јануари 2020 година се преселил во полскиот прволигаш Арка Гдиња.[15] Тој го напуштил клубот по една полусезона.[16] На почетокот на септември 2020 година потпишал двегодишен договор со турскиот второлигаш Болуспор.[17]

На првиот ден од септември 2021 година Михајловиќ бил претставен како нов фудбалер на екипата на Спартак од Суботица со кој потпишал договор на две години и половина.[18][19][20]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Првата покана за младата репрезентација ја добил во месец март 2016 година од селекторот Томислав Сивиќ.[21] Михајловиќ, првиот натпревар во дресот на младата репрезентација го имал на 25 март 2016 година, на натпреварот против селекцијата на Андора во квалификациите за Европското првенство 2017 година во Полска.[22]

Во мај 2016 година, селекторот на сениорската репрезентација на Србија, Славољуб Муслин, го вклучил Михајловиќ на списокот на играчи за пријателските натпревари со репрезентациите на Кипар, Израел и Русија.[23] Михајловиќ одговорил на поканата, но по одлука на селекторот Муслин не добил можност да настапи на ниту еден натпревар.[24][25]

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски успеси[уреди | уреди извор]

Партизан

Индивидуални успеси[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Radova deca grade Rad“. mozzartsport.com. 11. 1. 2013. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Nemanja Mihajlović“. soccerway.com (англиски). Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „Немања Михајловић: Рад је у мом срцу, у Партизану могу само да напредујем“. zurnal.rs. 28. 12. 2015. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Super liga Srbije, 23. kolo: OFK Beograd – Partizan 2:1 (0:1)“. sr.partizan.rs. 21. 2. 2016. Архивирано од изворникот на 16. 06. 2020. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  5. „Stranci obeležili 150. derbi, preokret Zvezde u Humskoj!“. b92.net. 27. 2. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Još samo dve prepreke do trofeja“. sr.partizan.rs. 2. 3. 2016. Архивирано од изворникот на 09. 06. 2020. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  7. „Mihajlović za "Novosti": Gol za mog oca Dragomira“. novosti.rs. 3. 3. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Partizan pet u nizu, Javor bez plej-ofa“. b92.net. 6. 4. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Mihajlović: Prvi trofej, biće ih još“. b92.net. 12. 5. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „Mihajlović: Partizan i ja smo na dobrom putu“. novosti.rs. 17. 5. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. „Sasvim iskreni Nemanja Mihajlović...“. rtvbn.com. 21. 12. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. „Partizan 'šesticom' najavio dolazak Olimpijakosa“. b92.net. 22. 7. 2017. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. 13,0 13,1 „Zvanično - Mihajlović u Herenvenu“. sportske.net. 28. 7. 2017. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  14. „Prvenac Nemanje Mihajlovića na debiju!“. sportske.net. 19. 8. 2017. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. „Nemanja Mihajlović na pokładzie Arki!“. arka.gdynia.pl (полски). 17. 1. 2020. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. „Nemanja Mihajlović je slobodan igrač“. mozzartsport.com. 17. 6. 2020. Посетено на 19. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  17. „Nemanja Mihajlović potpisao za Bolu“. mozzartsport.com. 5. 9. 2020. Посетено на 9. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. Nedeljković, Darjan (30. 8. 2021). „Spartak sprema bombu od transfera: Neca Mihajlović se vraća u Srbiju posle četiri godine“. mozzartsport.com. Посетено на 2. 9. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  19. „Nemanja Mihajlović pojačao redove FK Spartak Ždrepčeva krv“. 1. 9. 2021. Посетено на 2. 9. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  20. „Fudbal: Spartak pojačao tim, potpisali Bogićević i Mihajlović“. Subotica.com. 2. 9. 2021. Посетено на 2. 9. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  21. „Spisak Orlića: Ristić konačno u reprezentaciji, debituje Mihajlović“. mozzartsport.com. 17. 3. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  22. „Andorra - Serbia“. uefa.com. 25. 3. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  23. „8 debitanata, povratak Živkovića, Tadića i Gudelja“. b92.net. 10. 5. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  24. „Nemanja Mihajlović: Selektor je tako odlučio, velika je čast što sam i deset dana bio ovde“. zurnal.rs. 3. 6. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  25. „Muslin odlučio, još jedan "dragulj" ne putuje u Monte Karlo!“. sportske.net. 2. 6. 2016. Посетено на 9. 6. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]