Музеј на тутун

Од Википедија — слободната енциклопедија

Музеј на тутунотмузеј во Прилеп посветен на сите аспекти на работата, животот и производството на тутунот. Раководен е од Националната установа „Завод и Музеј – Прилеп“, а функционирањето е плод на соработка со ЈНУ Институт за тутун – Прилеп. Претставува музеј е од овој вид на Балканот и еден од поголемите тутунски музеи во Европа.

Историјат[уреди | уреди извор]

Музејот е основан во 1973 година од страна на Институтот за тутун Југотутун“ - Скопје и Народниот Музеј - Прилеп, а поводот беше стогодишнината од почетокот на организирано производство на тутун во прилепско и 400 години присуство на тутунот во Македонија. По истиот повод беше формирана и Ликовната збирка на Музејот за тутун, прво како ликовна изложба во која беа поместени ликовни и скулптурални дела, а потоа таа беше вклучена во богатиот фонд на Музејот за тутун. Се разбира, ова беше само еден дел од големата прослава по тој повод. Исто така за тој настан беа набавени поголем број на каширани фотографии, индустриска збирка и библиотечен материјал кои влегоја во состав на Музејот за тутун.

Ако се земат предвид организираните напори за воспоставување на Музејот за тутун како стручна институција, историјатот на оваа институција засега подлабоко во минатото, кога се отпочнати и работите околу прибирањето на експонати, документација и фотографии со предметната тематика.

Од неговото формирање во 1973 година, па до сега, собрани се и обработени околу 2200 експонати, поделени во четири групи:

  • ескпонати за уживање тутун;
  • ескпонати од производството, рекламирањето и тековните работи на тутунската индустрија;
  • експонати од традиционалното производството на тутунот;
  • Ликовна збирка со мотиви од тутунопроизводството;
  • Збирка каширани фотографии;

Експонатите за уживање на тутун во Музејот за тутун се претежно откупени од разни институции и поединци од цела Европа, мал дел од Азија и Африка, еден дел се ископани на археолошки наоѓалишта во Белград, Скопје, Битола, Прилеп, Љубљана, Фромборк и Варшава, а во минимален дел се резултат на подарување. Голем дел од експонатите се вистински раритет. Поради сето ова, Музејот за тутун - Прилеп, во исто време е меѓународен, уметничко-занаетчиски, манифактурен и индустриски претставителен, скап.

За несомнениот подем на Музејот за тутун, јасен показател е фактот што новите простории во кои сега се наоѓа, ги доби во декември месец 1994 година и тие се едни од најубаво опремените на Балканскиот Полуостров.

Уметнички дела од Ликовната збирка на Музејот за тутун ги красат просториите и кругот на ЈНУ Институт за тутун - Прилеп, НУ Завод и музеј - Прилеп, Тутунски комбинат - Прилеп и „Македонија табак“ - Скопје.

Постојана изложбена поставка[уреди | уреди извор]

Постојана изложбена поставка

Постојана изложбена поставка на Музејот за тутун се наоѓа во Кругот на ЈНУ Институт за тутун – во зградата на Институт за старословенска култура. Предметите се изложени во сала со површина од 250 м2. Во 24 витрини се сместени 750 експонати: лулиња, чибуци, табакери, бурмутници, дозни за тутун, пепелници, наргилиња, водни лулиња за тутун и опиум, чистачи и полначи за лулиња, порт цигари, камиши, сечачи за тутун, дробилки за бурмут (авани), апарати за потсекување и режење цигарети и цигари, калапи и други алати за изработување лулиња, шандани (држачи и тацни за послужување тутун и цигари), кутии за тутун, цигари, тацни за служење цигари, направи за потпалување на лулињата, чилами за хашиш, запалки, кутии за виткање цигари, машички, ризла и палмини листови за завиткување, рекламни сетови и и др.

Овие експонати имаат улога да го објаснат човекот преку луксузот (тутунот е сепак луксуз и феномен на апсурдот). Музејот за тутунПрилеп ги собира експонатите, но и вистинитите приказни, кои одат со нив.

Музејот поседува ретки и скапи експонати, кои припаѓале на познати сопственици (кралеви, принцови, војводи, војководци и познати личности од историјата...) или експонати кои говорат за развојот на навиките за пушење, џвакање и шмркање на тутунот (бурмут).

Музејот во својата колекција поседува ексклузивни лулиња кои биле приутни на некои големи Светски изложби (Париз и Виена).

Збирката на каширани фотографии и уметничката збирка е изложена во зградата на ЈНУ Институт за тутун и тука можат да се видат богати понуди, во кои тутунот е мотив и инспирација.

Експонати[уреди | уреди извор]

Изложените експонати се сместени во сала, реновирана за оваа намена и во витрини проектирани за истата цел. Салата е со површина од 250 м2 и во неа се распоредени 24 витрини од три типови. Предвидено е поставување на уште 16 витрини во следните години.

Музејот брои 2584 експонати и тоа од неколку области:

Предметите се собирани од пет континенти. Најмалку има од Балканот. Помеѓу попознатите експонати спаѓаат:

Лулите се најбројни, разновидни во формите, материјалите од кои се направени, како и техниките кои се при тоа употребени. Богатството на мотиви и орнаменти се неизоставен дел од презентацијата на колекцијата лули. Голем број лули се од познати светски производители, како постари, така и понови - плод на индустрискиот ангажман и дизајн. Најстарите од нив потекнуваат од крајот на XVII-ти и почетокот на XVIII век, но заради тоа што некои експонати не носат белези на години на производство, ознаки на работилници и мајстори, се претпоставува дека некои од нив се сигурно и доста постари. Ова особено важи за земјените (керамички, штајнгут, мајолик и сл.) лули направени на калап. Во поставката изложени се и лули кои биле презентирани на Светските изложби во Виена и во Париз од XVIII-ти и XIX век.

Чибуците се гордост на Музејот за тутун. Направени се од злато, сребро, емаил, седеф, коска, слонова и коска од носорог, скапоцено и помалку вредно дрво, килибар, разни метали и минерали. Во техниките на изработка, во предност се оние изработени со филигран и гранулација, резба во коска, копито, рог, слонова коска и дрво како и со употреба на ниело техниката, било ориентален, западен Схампс елевеес, или руски - тула стил. Домашните и балканските производители се препознатливи по чибуците изведени со интарзија на сребрена жица, инкрустрација на ковано - лентовидно сребро во основа од благородно дрво - таканаречено “Ливањски вез” и интарзија на седеф и бисер во сливово или оревово дрво.

Табакерите се изработени од дрво, коска, слонова коска, сребро, ниело паста, полудраги и драги камења и слично. Тие се со различна старост, со различни мотиви, а им припаѓале на познати и анонимни корисници. Кај овие експонати секогаш се отчитува уметничкиот дух на епохата во која настанале.

Бурмутниците се внимателно избирани при набавката, за да го презентираат раскошот и опсегот на форми, материјали и техники на изработка, но и времињата во кои се настанати, времиња во кои тутунот се користи како лековито средство, во форма на бурмут, со неизоставниот печат на преовладувачкиот “дворски вкус” . Впечатливи се оние од лаково дрво, желкина кора, резбарена коска, нефрит, сребро, ахат, па и оние со аплициран емаил, ниело и сават.

Останати видови експонати изложени во поставката се: дозните за тутун, пепелници, наргилиња, водни лули за тутун и опиум, чистачи и полначи за лули, порт цигари, камиши, сечачи за тутун, дробилки за бурмут (авани), апарати за потсекување и режење цигарети и цигари, калапи и други алати за изработување лули, шандани (држачи за цигари и кибрити), кутии за тутун, цигари и чкорчиња (палидрвца), тацни за служење цигари, направи за потпалување на лулите, чилами за хашиш, запалки, кутии за виткање цигарети, машички и многу друго.

Евиденција на музејскиот материјал[уреди | уреди извор]

Одделението за документација и аналитика на Музејот за тутун се наоѓа во просториите на НУ Завод и Музеј - Прилеп.

Музејскиот материјал е стручно евидентиран и во Акцес - база на податоци и изработени се електронски упатства за работа со оваа база. Исто така, сите збирки на Музејот за тутун се претставени електронски.

Документаристичката основа на Музејот за тутун е основна поента на работата и постојано се работи на развивање на фондот на знаења за тутунот како мотив и инспирација во уметноста, индустријата, феноменологијата. Тоа овозможува експонатите да добиваат „уста“ и да говорат за човекот, за неговиот хир, желби, глупавост... Така, Музејот за тутун се претвора во „Музеј на човековиот дух“.

Библиотека[уреди | уреди извор]

Во Музејот за тутун - Прилеп постои богат библиотечен фонд со тематика примерна на намената за која и постои, со ретки и стари примероци на книги, како што е на пример “Табакологијата” од Неандер од 1626 година, потоа фототека и Фототека на негативи, збирка на пропаганден материјал од тутунската индустрија и колекција на слики, вредни и оригинални графики и репродукции. Во проектната програма на музејот посебно место зазема и преведувањето на книги за историјатот на тутунот, со посебен осврт на раната историја на тутунот.

Проекти[уреди | уреди извор]

Во рамките на активностите на Музејот за тутун се реализираат проекти кои имаат за цел анимирање на пошироката јавност. Со проектот „Отворен музеј” преку изложба на каширани фотографии е презентирана оваа богата збирка, додека со проектот „Популаризација на Музејот за тутун” континуирано преку радиотелевизиските и печатените медиуми, како и во разни книги , списанија, туристички изводи и други електронски форми на презентирање се популаризира работата на музејот.

Фотогалерија на поединечни експонати[уреди | уреди извор]

Фотогалерија на табакери[уреди | уреди извор]

Фотогалерија на поставката[уреди | уреди извор]

Разни експонати на Музејот[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]