Запалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Разни видови запалки

Запалка или чакмак[1] - мала џебна направа што служи, вообичаено, за палење цигари[2]. За разлика од кибритот, запалката може да се користи повеќепати, бидејќи не се троши запалката туку само запаливиот флуид кој служи како гориво. Како флуид може да се користи течен гас за запалки, бензин за запалки и сл. За првично палење на флуидот се користи или кремен или електрична искра.

Претходници на запалката[уреди | уреди извор]

Во минатото за палење оган, во Македонија, како и во пошироката околина се користело:

  • кремен (вид камен што пушта искри при удар)
  • секало (вид орудие за секање)
  • трат (вид габа која расте на кора на дрва и која посебно се обработува пред да се применува за палење оган)

Со удар на секалото во кременот, тратот би се запалил.

Кибрит[уреди | уреди извор]

Паралелно со развојот на запалката се појавил и кибритот

Први запалки[уреди | уреди извор]

Првите запалки се состоеле од:

  • куќиште
  • фитил
  • материјал сличен на вата на кој се турал бензин
  • кремен
  • назабено тркалце кое со „гребење“ на кременот фрлал искра

Потрошен материјал бил:

  • кременот кој се менувал
  • фитилот кој горел, па исто така се менувал
  • специјален бензин кој се доливал

Модерни запалки[уреди | уреди извор]

Модерните запалки се изменети во следната смисла:

  • наместо кремен се користи пиезоелектричен елемент кој кога се стисне фрла искра
  • како гориво се користи специјален гас за запалки.

Постојат запалки кои се надополнуваат со гас и на кои може да се менува кременот, но најпопуларни се запалките кои едноставно се фрлаат кога ќе се потроши горивото.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]