Медитерански галеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медитрански галеб
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Галеби
Род: Ichthyaetus
Вид: Медитрански галеб
Биномен назив
Ichthyaetus melanocephalus
(Temminck, 1820, брег на Јадранот)
Синоними

Larus melanocephalus

Медитеранскиот галеб, (Ichthyaetus melanocephalus) е мал галеб кој живее речиси на целиот западен палеарктик, главно на југоисток , особено околу Црно Море, и во централна Турција. Има колонии и на други места во јужниот дел на Европа, а претрпе драматична експанзија во последните децении. Го има и во Македонија.

Распросранетост[уреди]

Порано, медитеранскиот галеб бил ограничено распространет крај Црното Море и источниот дел на Медитеранот, но овој вид сега се прошири во поголемиот дел од Европа. Во Велика Британија и Ирска имаше 543 - 592 парови во 2008 година. Во Ирска размножувањето е забележано во најмалку четири окрузи. Тие се распространети, исто така, и во Белгија, Холандија, Данска, Шведска, Естонија, Швајцарија, Република Чешка, Унгарија и на Балканот. Зиме, овие птици мигрираат на Медитеранот и на брегот од Атлантскиот Океан.

Опис[уреди]

Med gull southend.JPG

Медитеранскиот галеб е малку поголем и покрупен од црноглавиот галеб, со подебел и поцврст клун и подолги, потемни нозе. Во сезона на парење возрасниот медитерански галеб е бел, со мошне бледо сива наметка и крила со бели примарни пердуви, со црна „маска“ на главата која е контрастна на белите линии околу очите. Клунот е тап, темно црвен со црна лента при врвот. Вон сезона на парење возрасните се слични, но „маската“ е помала и станува црна лента врз очите како на разбојник. На оваа птица ѝ треба две години да стигне до зрелоста. Првата година птици имаат црни опашки и повеќе црни области кај пердувите, но имаат бледи пердуви под крилјата.

Исхрана[уреди]

Навиките за хранење на медитеранскиот галеб се многу опортунистички, јаде риба, црви, остатоци, инсекти, внатрешните органи и мрши.

Наводи[уреди]

  • BirdLife International (2004). Larus melanocephalus. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 6 May 2006 (англиски) Database entry includes justification for why this species is of least concern
  • Pons J.M., Hassanin, A., and Crochet P.A.(2005). Phylogenetic relationships within the Laridae (Charadriiformes: Aves) inferred from mitochondrial markers. Molecular phylogenetics and evolution 37(3):686-699
  • Beaman, M. & Madge, S (1998) The Handbook of Bird Identification, Christopher Helm