Мачуково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мачуково
Εύζωνοι
Сретселото во Мачуково
Сретселото во Мачуково
Мачуково is located in Грција
Мачуково
Мачуково
Местоположба во областа
Мачуково во рамките на Пајонија (општина)
Мачуково
Местоположба на Мачуково во општината Пајонија и областа Централна Македонија
Координати: 41°06.25′N 22°33.55′E / 41.10417° СГШ; 22.55917° ИГД / 41.10417; 22.55917Координати: 41°06.25′N 22°33.55′E / 41.10417° СГШ; 22.55917° ИГД / 41.10417; 22.55917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно331
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Мачуково (грчки: Εύζωνοι, Евзони, до 1927 г. Ματσίκοβο, Мациково[2]) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција. Сместено е во непосредна близина на државната граница со Р. Македонија, на која претставува граничен премин од грчката страна. Според пописот од 2011 г. населението брои 331 жител.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е рамничарско и се наоѓа од десната страна на реката Вардар на надморска височина од 70 метри. Во непосредна близина на Мачуково поминуваат меѓународниот автопат Е-75 и железничката пруга Скопје - Солун. Непосредно до селото се наоѓа градот Гевгелија, додека од обласниот центар Кукуш тоа е оддалечено 35 километри во северозападен правец, а од Солун 76 километри, исто така во северозападен правец[3].

Население и историја[уреди | уреди извор]

Извештај од Балугџиќ за убиствата на чифчиите во с. Мачуково на имотот на Шехим Хануми, поради тоа што ја паселе стоката на пасиштата, кои одамна се селска сопственост. (Солун, 5 март 1910)

Мачуково во минатото било едно од најголемите македонски села во гевгелиско-кукушкото подрачје, па дури своевремено било поголемо и од Гевгелија, но по отворањето на железничката пруга Солун - Скопје - Белград почнало да опаѓа за сметка на Гевгелија[3]. Во 1900 година Васил К’нчов го споменува со 1.300, а Бранков во 1905 година со 1.312 жители - Македонци, додека Милоевиќ го запишал со 200 македонски куќи[3]. Селото многу настрадало во двете Балкански војни и Првата светска војна, кога во есента 1916 година, бидејќи тука минувала фронтовата линија, било присилно раселено[3]. Делумно било обновено по нормализирањето на состојбата[3]. Во пописот од 1913 година Мачуково се води како преполовено со само 511 жители, а во 1920 година со 313 жители, бидејќи поголемиот дел од неговите жители уште пред балканските војни се преселиле во Гевгелија, а подоцна поголем број од нив се иселиле во Бугарија, како и обратно извесен број гркомански макеоднски семејства од гевгелиските села се преселиле во Мачуково[3].Селото повторно почнало да расте по 1924 година кога грчките власти населиле поголем број доселенички семејства, претежно од Понд и Кавказ, а поради поставувањето на државната граница Мачуково било отсечено од Гевгелија[3]. Исто така, според записите на Стојан Киселиновски во неговата книга „Етничките промени во Македонија (1913-1995) до 1922 година селото било населено исклучиво со Македонци, кои поради грчкиот терор и насилно иселување, се имаат преселено преку границата во Гевгелија, Моин, Богородица и другите гевгелиски села сместени блиску до граничната линија. Во натамошните пописи бројноста на населението на Мачуково се движела: 1928 г. - 711 жители, 1940 г. — 871 жител, 1951 поради конентрацијата на жители од околните села кои поради граќанската војна се собрале во Мачуково и сѐ уште не биле вратени во своите села е заведено со 1.251 жител, во 1961 г. бројот се намалува на 907, 1971 г. - 847 жители, 1981 г. -1.082, додека во 1991 година се попишани 833 жители[3]. Денес, Мачуково има околу 300 жители потомци на грчки доселеници, Маџири (колонизирани во периодот на 1913 - 1922) кои најчесто се вработени во граничните и царинските служби на граничниот премин кон Р. Македонија.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 871 1251 907 847 1082 833 568 331
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Ругуновец со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Пајонија, во округот Кукуш. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мачуково, во кој спаѓаат и селата Бајалци, Чидемли и поновата населба Цолијадес (Стражарница).

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни производи на селото се житото и тутунот, а делумно е развиено и сточарството[4]

Личности[уреди | уреди извор]

Сава Михајлов

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ματσίκοβο -- Εύζωνοι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Х. Тодор. Населените места во Егејска Македонија. Скопје, 1998. II дел, стр. 105
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 105.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]