Падалиште (Гуменџиско)

Координати: 41°0.13′N 22°27.7′E / 41.00217° СГШ; 22.4617° ИГД / 41.00217; 22.4617
Од Википедија — слободната енциклопедија
Падалиште
Падалиште is located in Грција
Падалиште
Падалиште
Местоположба во областа
Падалиште во рамките на Пајонија (општина)
Падалиште
Местоположба на Падалиште во општината Пајонија и областа Централна Македонија
Координати: 41°0.13′N 22°27.7′E / 41.00217° СГШ; 22.4617° ИГД / 41.00217; 22.4617
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Падалиште — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на источните падини на планината Пајак. Се наоѓало меѓу селата Бојмица, Извор, Горгопик и Црна Река, на патот од Бојмица за Црна Река.[1] Под селото тече истоимената река Падалиште.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Падалиште било македонско село распаднато на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Жителите се преселиле во околните села, претежно во Бојмица и Горгопик.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 64. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“