Грипа (село)

Координати: 41°2.8′N 22°24.51′E / 41.0467° СГШ; 22.40850° ИГД / 41.0467; 22.40850
Од Википедија — слободната енциклопедија
Грипа
Грипа is located in Грција
Грипа
Грипа
Местоположба во областа
Грипа во рамките на Пајонија (општина)
Грипа
Местоположба на Грипа во општината Пајонија и областа Централна Македонија
Координати: 41°2.8′N 22°24.51′E / 41.0467° СГШ; 22.40850° ИГД / 41.0467; 22.40850
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Грипа — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на источните падини на планината Пајак, близу местото кајшто се спојуваат реките Голема (Валија Маре) и Студена (Валија Раци). Лежело меѓу селата Купа и Црна Река.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Грипа било македонско село распаднато на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Жителите се преселиле во селата Баровица и Црна Река. Нивните потомци сè уште го паметат своето потекло. Меѓу нив познато е семејството Шашови.[1] Месноста и денес го носи името Грипа.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 57. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“