Бојмица

Координати: 40°59.9′N 22°32.30′E / 40.9983° СГШ; 22.53833° ИГД / 40.9983; 22.53833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојмица
Αξιούπολη
Поглед на Бојмица
Поглед на Бојмица
Бојмица is located in Грција
Бојмица
Бојмица
Местоположба во областа
Бојмица во рамките на Пајонија (општина)
Бојмица
Местоположба на Бојмица во општината Пајонија и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.9′N 22°32.30′E / 40.9983° СГШ; 22.53833° ИГД / 40.9983; 22.53833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.897
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.614 00
Повик. бр.23830 – 3
Старата црква „Св. Димитриј
Црквата „Пресв. Богородица Достојно ест

Бојмица (грчки: Αξιούπολη, Аксиуполи; до 1927 г. Μποέμιτσα, Боемица[2]) — гратче во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. До 1920-тите населението се состоело од македонско мнозинство и турско малцинство.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Гратчето се наоѓа во областа Бојмија, наречена по него, по долното течение на Вардар, откако реката ќе излезе од Циганската Клисура во Солунското Поле. Лежи на 62 км северно од Солун и на 34 км западно од Кукуш. Бојмица е на десниот брег на реката, во подножјето на планината Пајак. Така гратчето е една од главните патни артерии во целиот регион Македонија, поврзувајќи го Солун со Р Македонија и Србија. Сепак, современата магистрала Е75 минува по левиот брег на Вардар покрај Ругуновец (Карасуле), спроти Бојмица од другата страна на реката.

Историја[уреди | уреди извор]

В месноста Баири, на 1,5 км северно од Бојмица и десно од патот за Извор е откриена архаична некропола, прогласена за заштитен археолошки споменик во 1994 г.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Луѓето отсекогаш биле привлечени кон поволностите кои Вардар ги нудел како патна артерија, и областа Бојмија е населена уште од праисторијата. Според преданијата, селото Бојмица е создадено некаде околу 1700 г. со спојување на три македонски села во областа. Околу 1760 г. во Бојмица се доселиле иселеници од селото Драчко во Берско, а во 1822 г. и се доселиле семејства од Негуш, побегнати по разорувањето на градот од Мехмед Емин-паша во Негушкото востание.

Во 1843 г. отоманската власт им дала дозвола на бојмичани да подигнат црква, по што веднаш почнала изградбата на „Св. Димитриј“, завршен во 1859 г. Црквата е живописана меѓу 1860 и 1862 г. од познатиот зограф Маргарит Ламбу од Кулакија. Кон крајот на XIX век грчката пропаганда почнала да прави обиди за наложување. Првото грчко училиште во селото е отворено во 1894 г.

Боривое Милоевиќ забележува дека околу 1890 г. 25 куќи од Древено се преселиле во Бојмица, бегајќи од зулумите на Турците од Карасинанци и Мајадаг.[5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Богемица (Boghémitza) имало 85 домаќинства од 58 жители муслимани и 348 жители Македонци.[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бојмица имала 1.220 жители Македонци христијани и 625 жители Турци.[8] На почетокот на XX век поголемиот дел од жителите се откажале од Цариградската патријаршија и прешле под врховенството на Бугарската егзархија. Во Бојмица сега работела и бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во Бајлишта (Baïlichta) имало 1.080 Македонци егзархиски и 280 Македонци патријаршисти, а во селото работеле и бугарско и грчко училиште.[6][9]

Во стопанскиот живот на населението главна улога имаат два географски чинитела — големата река Вардар и ајдучката планина Пајак. Така бојмичани од стари времиња биле раздвоени меѓу трговијата и ајдутството – во една народна песна се пее „поминаа, заминаа лоши луѓе арамии, арамии Бојмичани“.[10] Самото име Бојмица се смета за одраз на ајдучкиот нарав на населението. На крајот од XIX век многу бојмичани се занимавале со ајдутство од Пајак, меѓу кои најпознат бил Апостол Терзиев од стариот бојмички род Терзиевци, кој потоа стапил во редовите на ВМОРО и се прославил како Апостол Петков „Ениџевардарското Сонце“, легендарен заштитник на македонштината во Ениџевардарско и Гевгелиско. Населението зело активно учество во отпорот на ВМОРО против турската власт и грчките и гркоманските андарти. Револиционерниот комитет во Бојмица е образуван уште во 1896 г., а негов претседател бил учителот Филип Димитров, родум од Леринско.[11] Селото настрадало во Валандовската афера. Бојмичани учествувале и во Илинденското востание, а потоа на 23 ноември 1903 г. селската чета војувала со редовна турска војска.

Во 1910 г. во Бојмица е создадена турска чета на чело со Тефик Мехмедов за дејства против македонските и грчките чети.[12]

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Бојмица имала 350 семејства сочинети од 978 жители Македонци, 379 Турци, 128 Роми (116 чифлигари) и имала две цркви.[6][13]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Боjмица имало 180 македонски христијански 100 турски куќи.[14]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Млади од Бојмица во 1920-тите

За време на Првата балканска војна на 22 октомври 1912 г. Бојмица е окупирана од грчка војска. Новата власт започнала систематски терор врз секоја пројава на македонска национална свест. Десетици жители се апсени и држени без пресуда во солунскиот затвор Еди-куле затоа што учествувале во Македонско-одринското ополченство, па дури и само затоа што не сакале да се кажат Грци. Дури на 15 февруари 1914 г. ослободени се 14 бојмичани. 338 семејства од Бојмица, Баровица, Бугариево, Гаваљанци и други села се пријавиле во рускиот конзулат во Солун за иселување. Во 1913 г. по конечното исцртување на грчко-српската граница, во Бојмица се доселиле многу гркомански семејства од Гевгелија и Гевгелиско, а Македонците продолжиле да се иселуваат. Таа година населението броело 1.516 жители.[3] Во извештај од Солун во април 1914 г. бугарскиот дипломат Сократ Тодоров забележал:

Секојдневно пристигнуваат во Солун цели карвани бегалци од Кара Суле, Дабово, Бојмица, Куфалово и Мачуково.[15]

Во Првата светска војна во Бојмица се сместени штаб и војници на антантата, кои значително придонеле за осовременувањето на градот. Французите го поместиле течението на Бојмичка Река, направиле современ пазар и направиле теснолинејка, искористивајќи стари шини од париската трамвајска мрежа. Во 1914 г. во Бојмица дошле првите грчки доселеници од Источна Тракија, и тоа од подрачјата на Мидија и Чаталџа. Во 1919 г. дел од нив се вратиле во Источна Тракија, но повторно се иселиле во 1924 г. со грчко-турската размена на население по сила на Лозанскиот договор. Првите доселеници од Понд стасале во Бојмица во 1919 г., проследени од големиот бран предизвикан од Грчко-турска војна (1922–1924) од подрачјето на Трапезунд, Керасунд и Триполи. Во 1920 г. во Бојмица се попишани 1.595 лица.[3] Во 1923 г. во Бојмица се доселиле неколку влашки семејства од селото Голема Ливада, како и уште гркомански семејства од Гевгелија. Покрај тоа, многу грчки војници од јужните краишта на државата останале во гратчето по крајот на Првата светска војна. Во 1924 г. од Бојмица по официјален пат во Бугарија се иселиле 183 македонски семејства (536 лица), а 20 семејства се преселиле во Гевгелија. Така, по многубројните преселби, луѓето со грчка национална свест станале мнозинство во паланката.

Во април 1923 г. чета од 12 лица на обновената ВМРО под команда на војводата Стефанов кај Бојмица влегла во 6-часовна битка со грчка жандармерија и војска. Двајца македонски четници се самоубиле за да не бидат фатени живи, а останатите пробиле пат низ блокадата. Од грчка страна имало шест жртви. По борбата, грчките војници и жандармеријата ги претресле сите околни македонски села куќа по куќа, за ја најдат исчезнатата македонска чета. Над 230 Македонци (мажи и жени) се уапсени и фрлени во затворите, но Грците не успеле да им ја надат трагата на четниците.

На 1 јануари 1927 г. Бојмица е преименувана во Аксиуполи, во превод вардарски град.

Природонаучниот музеј во Бојмица

Со почетокот на Грчко-италијанската војна во 1940 г. теророт над Македонците во Бојмица повторно се засилил, па многу семејства, сметани за „недоверливи“, се принудени да се иселат, како што бил случајот со 70-годишниот Андон Стојанов и неговото семејство. Во Втората светска војна на 8 април 1941 г. во Бојмица влегла германска војска, но гратчето останало под грчка управа и не е присоединето кон Бугарија. Во извештајот изготвен по германска наредба во 1941 г. е утврдено дека во Бојмица сè уште живееле 30 македонски семејства со 150 лица. Во останатите околни села состојбата била ваква: во Оризарци останале 32 семејства (152 лица), Шљопинци имало 6 семејства (30 лица), Сехово било со 20 семејства (100 лица) и Горгопик со 52 семејства (280 лица).

За време на Граѓанската војна многу од жителите на соседните села се преселиле во Бојмица. Така наполно е иселено селото Древено, и речиси сосема е иселена големата влашка паланка Голема Ливада.

Во гратчето има природонаучен музеј чии поставки вбројуваат меѓу најдобрите во цела Грција.[16][17]

Месности во Бојмица преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Бајрам[18] Μπαϊράμι Ламбри Λαμπρή[19] возвишение на Пајак на ЈЗ од Бојмица (125,2 м)[18]
Баири[18] Μπαΐρια Херса Χέρσα[19] возвишение на Пајак на З од Бојмица [18]
Салта[18] Σούλτα Рема ти Кирас Ρέμα τής Κυράς[19] река на З од Бојмица [18]
Вардарџик[18] Βαρδατζίκι Микрос Аксиос Μίκ. Άξιός[19] месност на Ј от Бојмица[18]
Заново[18] Σάνοβον Санос Σανός[19] месност на ЈИ од Бојмица, по десниот брег на Вардар[18]
Дабово[18] Ντάμποβον Стани Στάνη[19] месност на ЈИ от Бојмица и на СИ от Дабово, по левиот брег на Вардар[18]
Голи Буруну[18] Γκόλι Μπουρνού Митери Врахи Μυτεροί Βράχοι[19] возвишение на Пајак на СЗ од Бојмица[18]
Секор[18] или Сайкар[20] Σαϊκάρ Тахидромос Ταχυδρόμος[19] возвишение на С од Бојмица[18]
Студена Вода[18][20] Στούντινα Βόντ Крионери Κρυονέρι[19] река на СЗ од Бојмица, десна притока на Коџа Дере[18]
Узун Буруну[18] Ούζούν Μπουρουνοΰ Митарас Μυταράς[19] возвишение на Пајакна С од Бојмица[18]
Вале Педиклос[18] Βάλε Πεδικλός Кохлияс Κοχλίας[19] река на Ј од Древено[18]
Ченгене Дервент[18] Στενά Τσιγκανέ Δερβέν Гифтоперасма Γυφτοπέρασμα[19] клисура на Вардар на С од Бојмица[18]
Добромир[18] Ντόμπρο Μίρ Галини Γαλήνη[19] поранешно село на Пајак на С од Извор[18]
Сари Меше[18] Σαρή Μεσέ Хрисодендро Χρυσόδενδρο[19] возвишение на Пајак на С од Извор (347,7 м)[18]
Капан[18] Καπάν Скепастон Σκεπαστόν[19] возвишение на Пајак на СЗ од Извор[18]
Курт[18] Κούρτ Ликорема Λυκόρεμα[19] река на Пајак, лева притока на Коџа Дере[18]
Извор[18] Ίσβερον Пиги Πηγή[19] врв на Пајак на СЗ од Бојмица и на ЈЗ од Извор (807 м)[18]
Црнок[18] Τσερνόκ Мавропетра Μαυρόπετρα[19] возвишение на Пајак на СЗ од Бојмица и на З од Извор[18]
Картал Таш[18] Καρτάλ Τάς Аеторахи Άετοράχη[19] возвишение на Пајак на СЗ од Бојмица и на СЗ од Извор (429 м)[18]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2.237 2.738 3.564 3.155 3.229 2.981 3.275 2.897
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 54–55. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/43984/2309/28-9-1994 - ΦΕΚ 845/Β/14-11-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 25 септември 2020. Посетено на 29 јуни 2018.
  5. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 102.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 170–171. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 152. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 194–195.
  10. Осинин, Димитър. „Заплакала е гората. Народни хайдушки песни“.
  11. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005, стр. 51, ISBN 954-9514-56-0
  12. Дебърски глас, година 1, брой 49, 6 март 1910 г., стр. 3.
  13. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61 – 69.
  14. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
  15. Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония – мит или реалност“. София, 1996, стр.145.
  16. „Μουσείο Φυσικής Ιστορίας Αξιούπολης“. Τουριστικός Οδηγός Κιλκίς. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 22 јануари 2018. Занемарен непознатиот параметар |архив_дата= (help)
  17. „Natural History Museum – Axioupoli“. Museums of Macedonia. Архивирано од изворникот на 18 август 2009. Посетено на 22 јануари 2018.
  18. 18,00 18,01 18,02 18,03 18,04 18,05 18,06 18,07 18,08 18,09 18,10 18,11 18,12 18,13 18,14 18,15 18,16 18,17 18,18 18,19 18,20 18,21 18,22 18,23 18,24 18,25 18,26 18,27 18,28 18,29 18,30 18,31 18,32 18,33 18,34 18,35 18,36 18,37 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  19. 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 19,11 19,12 19,13 19,14 19,15 19,16 19,17 19,18 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1049. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  20. 20,0 20,1 Топографска карта ЈНА 1: 50.000.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]