Извор (Гуменџиско)

Координати: 41°0.36′N 22°29.56′E / 41.00600° СГШ; 22.49267° ИГД / 41.00600; 22.49267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Извор
Πηγή
Извор is located in Грција
Извор
Извор
Местоположба во областа
Извор во рамките на Пајонија (општина)
Извор
Местоположба на Извор во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°0.36′N 22°29.56′E / 41.00600° СГШ; 22.49267° ИГД / 41.00600; 22.49267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&10000000000000200000000200 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно152
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Извор (грчки: Πηγή, Пиги; до 1921 г. Ίσβορος, Изворос[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 6 км северозападно од градот Бојмица.

Црквата, сместена крај реката Коџа Дере го носи името „Св. Илија“.[4] Во неа има икони од кулакискиот зограф Николаос Константину.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Извор било македонско село во Гевгелиската каза. Во 1895–1896 г. во селото е основан комитет на ВМОРО.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Изворъ било село во Гевгелиската каза со 190 жители Македонци.[7][8]

Бугарската пропаганда правела напори во Извор и целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Извор (Izvor) имало 200 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[7][9]

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Извор било чифлигарско село со 28 семејства сочинети од 159 жители Македонци и една црква.[7][10]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Извор се состоел од 22 куќи на Македонци христијани.[11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 150 жители, кои во 1920 г. пораснале на 244 лица.[3] Поради исклучително тешките услови за живот намерно наметнати од грчките власти, речиси сите жители го напуштиле селото со исклучок на 3 семејства, преселувајќи се во Бугарија (претежно во Пловдив) и во селото Моин, Гевгелиско.[3] На нивно место властите довеле грчки доселеници.

Во 1928 г. Извор веќе било чисто дојденско село со 47 семејства сочинети од 180 лица.[12] Денес населението на селото се состои претежно од грчки дојденци од Понд, малку од Тракија, Власи и малку мештани.

Во 1940 г. во Извор е попишан 291 жител, од кои само 20 Македонци, а останатите дојденци.[3] Селото настрадало во Втората светска војна од соработници на окупаторот, како и во Граѓанската војна, кога грчката власт принудно го преселила населението во Бојмица и Нова Кавала. По војните помалку од половина од населението се вратило во Извор.[3] Две македонски семејства се иселиле во НР Македонија, а грчките доселеници се преселиле во Солун и Бојмица. Во селото се доселиле Власи од Голема Ливада, Ениџевардарско, и ги купиле имотите на преселените доселенички семејства.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 291 139 178 146 135 100 183 152
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Тодор Симовски
  • Тодор Симовски (1924 – 1998) — историчар на Егејска Македонија и национален деец
  • Атанас Христов Николов (Тане Ичев, 1872 - по 1943) — револуционер, деец на ВМОРО
  • Борис Изворски (1887 – 1928) — револуционер, војвода на ВМРО
  • Гоно Димитров — револуционер, деец на ВМОРО[6]
  • Дељо Новаков — револуционер, деец на ВМОРО[6]
  • Зафир Танчев — револуционер, деец на ВМОРО[6]
  • Лазар Делев — револуционер на ВМОРО, четник на Петар Христов - Германчето[13]
  • Мито Георгиев Делев — револуционер, деец на ВМОРО[6]
  • Мито Колев Христов — револуционер, деец на ВМОРО[14]
  • Мито Траев Радналиев (? – 1905) — револуционер, деец на ВМОРО, убиен на 1 март 1905 г. во месноста Бачово кај Смол[15]
  • Стојко Дељов Новаков — револуционер, деец на ВМОРО[14]
  • Стојан Димитров (? - 1925) — револуционер на ВМОРО
  • Тане Димитров — револуционер, деец на ВМОРО[14]
  • Христо Николов Ќучуков — револуционер, деец на ВМОРО[6]
  • Христо Трајанов (1882 – 1905) — револуционер, деец на ВМОРО
  • Јане Митрев Кехајов — револуционер, деец на ВМОРО[6]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 59. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Извор на сайта на Дем Боймица[мртва врска].
  5. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 954-9514-56-0
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 152. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 194–195. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  10. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61 – 69.
  11. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  13. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.39
  14. 14,0 14,1 14,2 „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 134, ISBN 954-9514-56-0
  15. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 135, ISBN 954-9514-56-0

Надворешни врски[уреди | уреди извор]