Лубеница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лубеница
Лубеница
Пресечена лубеница
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Тиквовидни
Семејство: Тикви
Род: Лубеница
Вид: Лубеница
Научен назив
Citrullus lanatus
(Thunb.) Matsum. & Nakai
Синоними[1]

Лубеница[2] или карпуз[3] (латински:Citrullus lanatus) е растение, што потекнува од Северна Африка и се смета како вид диња. Во Европа, најголеми производители на лубеници се Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Грција. Во Македонија во 2010 година биле произведени 134.885 тони лубеници.[4]

Агротехнички услови[уреди | уреди извор]

Топлина[уреди | уреди извор]

Минималната температура на земјата за ртење е од 14-16 °Ц, а оптималната температура преку 25 °Ц. Оптималната температура за раст и развивање е од 26-28 °C. При температурата пониска од 13 °C престанува цветањето, а при температура пониска од 10 °Ц престанува растот на билака. На температура пониска од 8 °Ц доаѓа до труње и пропаѓање.

Барања во поглед на влажноста[уреди | уреди извор]

Лубеницата за растење и развивање бара голема количина на вода, пред сè затоа што ствара голема вегетациона маса и многу плодови, од која произзлегува значајна количина на вода.

Земјиште[уреди | уреди извор]

За одгледување на лубеници оптимално е потребно плодно, добро дренирано земјиште, со неутрална до блага и кисела реакција (pH 6,0-6,5). Погодни земјишта за одгледување на лубениците се чернозем, ливадска црница и алувијална почва, секако добро обезбедена со хумус, структурна и исцедна.

Лубеницата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Понекогаш, лубеницата се јавува како тема во одделни области на уметноста и во популарната култура:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Citrullus lanatus (Thunb.) Matsum. & Nakai“. World Flora Online. The World Flora Online Consortium. 2022. Архивирано од изворникот 25 May 2022. Посетено на 25 May 2022.
  2. „лубеница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „карпуз“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (FAO) [1]
  5. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 182-183.
  6. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 11-15.
  7. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 39-40.
  8. Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 56-61.
  9. Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.
  10. Branko Ćopić, Parohija tužnoga đavola. Beograd: Rad, 1964.
  11. „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази. Култура, Скопје, 1965, стр. 25-41.
  12. Discogs, Herbie Hancock ‎– Head Hunters (пристапено на 25.11.2020)