Тикви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тикви
Hodgsonia
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Тиквовидни
Фамилија: Тикви
Juss.
Тикви и тиквици на земјоделски конкурс

Тиквите (науч. Cucurbitaceae) се фамилија на цветни растенија каде спаѓаат разни градинарски култури како тиквиците, дињите и црпките, краставиците, тиквите, луфите и лубениците. Фамилијата е најзастапена во тропите, а видовите што служат за исхрана се меѓу првите новиот и стариот свет.

Оваа значајна фамилија опфаќа околу 125 родови и 960 видови, главно во тропските и суптропските краишта. Сите се чувствителни на замрзнување.

Највеќето растенија од фамилијата се едногодишни полозавци, но има и дрвенести лијани, трнливи грмушки и дрва (Dendrosicyos). Многу видови имаат големи жолти или бели цветови. Стебленцата се влакнести и петаголни. Ластарите растат нормално на лисната дршка при јазлите. Листовите се прилисно наизменично прости дланковидно назабени или дланковидно сложени. Цветовите се еднополови. Кај некои видови, машките и женските цветови се на посебни растенија, а кај некои на истото. Женските цветови имаат вовлечени плодница.

Класификација[уреди]

Тиквите имаат околу 125 родови со 960 видови. Еве ја нивната класификација: (Џарлс Џефри, 1990).

потфамилија Zanonioideae

потфамилија Cucurbitoideae

Азбучен список на родови: Abobra Acanthosicyos Actinostemma Alsomitra Ampelosycios Anacaona Apatzingania Apodanthera Bambekea Benincasa Biswarea Bolbostemma Brandegea Bryonia Calycophysum Cayaponia Cephalopentandra Ceratosanthes Chalema Cionosicyos Citrullus Coccinia Cogniauxia Corallocarpus Cremastopus Ctenolepis Cucumella Cucumeropsis Cucumis Cucurbita Cucurbitella Cyclanthera Dactyliandra Dendrosicyos Dicaelospermum Dieterlea Diplocyclos Doyerea Ecballium Echinocystis Echinopepon Edgaria Elateriopsis Eureiandra Fevillea Gerrardanthus Gomphogyne Gurania Guraniopsis Gymnopetalum Gynostemma Halosicyos Hanburia Helmontia Hemsleya Herpetospermum Hodgsonia Ibervillea Indofevillea Kedrostis Lagenaria Lemurosicyos Luffa Marah Melancium Melothria Melothrianthus Microsechium Momordica Muellerargia Mukia Myrmecosicyos Neoalsomitra Nothoalsomitra Odosicyos Oreosyce Parasicyos Penelopeia Peponium Peponopsis Polyclathra Posadaea Praecitrullus Pseudocyclanthera Pseudosicydium Psiguria Pteropepon Pterosicyos Raphidiocystis Ruthalicia Rytidostylis Schizocarpum Schizopepon Sechiopsis Sechium Selysia Seyrigia Sicana Sicydium Sicyos Sicyosperma Siolmatra Siraitia Solena Tecunumania Telfairia Thladiantha Trichosanthes Tricyclandra Trochomeria Trochomeriopsis Tumacoca Vaseyanthus Wilbrandia Xerosicyos Zanonia Zehneria Zombitsia Zygosicyos[2]

Наводи[уреди]

  1. Renner, S. S., Schaefer, H. & Kocyan, A.; Schaefer, H; Kocyan, A (2007). „Phylogenetics of Cucumis (Cucurbitaceae): Cucumber (C. sativus) belongs in an Asian/Australian clade far from melon (C. melo)“. „BMC Evolutionary Biology“ 7: 58–69. doi:10.1186/1471-2148-7-58. PMID 17425784. 
  2. Вотсон и Далвиц, 3 септември 2002

Надворешни врски[уреди]