Тиква
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Тикви се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Потекнуваат од Централна Америка. Познати се повеќе видови, а позначајни се:
- обична,
- готварска (Cucurbita pepo var. cylindrica),
- мускатна (Cucurbita moshata) и
- печенка (Cucurbita maxima).
Се одгледуваат заради плодовите кои содржат сува материја (8-16%), а во неа има: шеќери (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи (0,3-1,2%), каротин (20%). Се консумираат варени, пржени или печени. Мускатната се користи и како додаток во сокови и за детска храна. Семето е богато со масло, кое се користи во индустријата. Се одгледуваат на отворено. Тие се топлољубиви, оптималната температура за интензивен раст и развој е 25-30 степени целзиусови.
Извор [уреди]
Македонска Енциклопедија, проф. д-р Данаил Јанкуловски, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, Тикви стр. 1484-1485, МАНУ, Скопје, 2009.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
