Бостанџија (расказ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Бостанџија“ е расказ од рускиот и советскиот писател Михаил Шолохов од 1925 година. Расказот е објавен на македонски јазик, во превод на Цветко Мартиновски, како дел од збирката „Донски раскази“, објавена во 1965 година од издавачката куќа Култура.

Содржина[уреди | уреди извор]

Селскиот атаман, Анисим Петрович се вратил дома радосен и пред семејството ја соопштил веста дека бил назначен за командант на селскиот суд. На неговата вест воопшто не се израдувал постариот син Фјодор, кој соработувал со болшевиците. Поради тоа, помеѓу него и татко ми започнала караница, по што татко му го удрил со бакарно лонче. Вечерта, Фјодор ѝ придружил на Црвената армија, а во тоа му помогнал помалиот брат, четиринаесетгодишниот Миќка. Поради тоа, утредента, Анисим брутално го претепал својот син.

Еден ден, Козаците дотерале во селото заробени војници на Црвената армија, кои ги затвориле во селската плевна. Жалејќи ги заробениците, Миќка започнал редовно да им носи храна, која ја приготвувала неговата мајка. Еднаш, кога Миќка морал да замине на работа по наредба на татко му, наместо него, мајка му им однела храна на заробените војници. Меѓутоа, Анисим дознал за тоа и затоа брутално ја претепал својата жена, а Миќка морал да избега од дома.

По еден месец, тој се главил за бостанџија во едно село покрај Дон, служејќи бесплатно, само за малку храна. Чувајќи го бостанот, тој постојано гледал како Козаците ги водат заробените црвеноармејци на стрелање во близината на реката. Еднаш, на полноќ, во неговата колиба дошле Козаците, барајќи тројца заробеници кои им побегнале. Во мугрите, Миќка забележал еден од нив како се крие во бостанот, а тоа бил неговиот брат Фјодор. Така, Миќка започнал да се грижи за него, сè додека еден ден, во неговата колиба не дошол татко му, барајќи го Фјодор. Миќка не признавал дека го крие братот, а кога татко му го открил Фјодор и сакал да го убие со револверот, Миќка го убил, удирајќи го со секирата по тилот. Потоа, двајцата браќа го препливале Дон, префрлајќи се на другиот брег, каде што биле безбедни од Козаците.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази, Култура, Скопје, 1965, стр. 25-41.