Корисник:Gurther/Цитати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Признанија од страна на луѓе во Бугарија.

Примерок на дволичност во Бугарската историографија. При кратко трајниот напад во април 1941 година според бугарската пропаганда македонците во Вардарска и Егејска Македонија ги примиле фашистичките војници од Бугарија како „херои“ којшто историографијата го користише како доказ за „бугарскиот карактер во Македонија“ но во 1944 година со новиот формиран Татковински фронт војници и граѓани во Бугарија ги пречекале Црвената армија како херои,[1] докажувајќи го русофилскиот карактер и идентитет којшто уште присуствува во Бугарија.
Слика од погребот на Цар Борис III, според Историографијата на Бугарија Цар Борис соработувал против своја волја со Третиот Рајх, но при неговото погребување во 1943 биле прикажани знамиња на Нацистичка Гермија со неговиот гроб.[2] Знамиња на странски држави при погреб се повеќе користени како симбол на блиска соработка помеѓу двете страни.[3]
Слика прикажувајќи ја границата на Санстефанска Бугарија, концепт од страна на Русија. Голем број на патриотски медиуми и историчари од Бугарија сметаат картата како „етничките граници на Бугарија“ но според историски документи и извори, била направена заради Руски интереси и државата на Бугарија ќе била вазал на Русите.[4][5] Еден од условите за Санстефанскиот договор било како за првите две години на државата би била директно под Руска влада.[6] Во постари руски документи во време на Турско-Руската војна населението во Бугарија не биле именувани како „Бугари“ туку како Христајани од Турција и терминот Бугари било повеќе користено како регионалнен термин.[7]
Слика од современата азбука користена во литературниот норм присутен во Бугарија, во време на кодификацијата, еден од главните кодификатори, русофилот Марин Дринов[8][9] директно признал во еден од неговите новинарски дела дека бугарската азбука била украдена и копирана од руската азбука, со единствената разлика била додатокот на големата и малата носовка.[10] После војната со големата јазична и азбучна реформа од страна на Татковинскиот фронт ги отстраниле двете носовки, заради тоа единствените карактеристики на азбуката на Бугарија биле отфрлени и азбуката се претвори во вид на втора руска азбука.
Документ издаден во 13 октомври, 1943 година од Главната дирекција на бугарскитe железници каде што тврдат за плаќањето на билетите на возови којшто би пренесиле над 4.000 луѓе со Еврејско потекло од Македонија кон нивниот смрт, во писмото се тврди дека бугарската фашистичка влада потрошила над 6-7 милиони леви, околу 500 од народот во возот биле деца.[11]
Слика прикажувајќи ја сличноста помеѓу рускиот јазик и литературниот норм користен во Софија. Силното русофилско влијание во кодификацијата на литературниот норм е заради тоа што при русофилската преродба кога лингвисти во Бугарија се обидувале да создадат вештачки јазик тие при кодификацијата ги преместиле турските зборови присутни во дијалектите во Бугарија со руски зборови, заради тоа во 1945 многумина зборови биле преместени со руски зборови.[12] Руското влијание врз литературниот норм во Бугарија и нејзиниот народ уште трае ден денес.[13] Заради високото ниво на руско влијание во литературниот норм во Бугарија, литературниот норм има многу мали сличности помеѓу сегашната форма и старомакедонскиот јазик, кој што според нивните пристранети гледишта се именува како „Старобугарски“.[14]
Слика од неуспешен обид на фалсификација на историја од страна на Бугарската Академија на Науки, во пристранетата историографија во Софија се верува дека првото име на Македонската Револуционерна Организација беше „Бугарска-Македонска Одринска Револуционерна Организација“. Според Константин Пандев името беше користено од 1896 до 1902 но Цочо Биљарски верува дека траело од 1894 до 1896. Во еден од делата на Ванчо Ѓорѓиев каде што прикажува документи произведени од МРО од 1893 до 1903 тој докажува дека таква вера е недосмислена, заради тоа што во различни документи се потпишале со печатот „Централен Македонски Револуционерен Комитет“ што не совпаѓа со печатот дефинираан во уставот на БМОРК. Ѓорѓиев исто така спомнува како Биљарски и Пандев намерно негираат документи што се против нивните теории, што го прикажува нивната пристраност.[15]

Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот, на дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект

— Александар Ќосев, [16]

"Не е точно да се каже дека бугарскиот бил русифициран.Таков а терминот би имплицирал дека претходно постоел бугарски литературен јазик, која подоцна доживеа метаморфоза на русификација. Бугарскиот литературен јазик, наспроти живите дијалекти, е формиран под многу силно руско влијание. Тоа беше доброволен процес, кој се случи многу пред создавањето на која било бугарска држава. Резултатот денес е тоа можеби 65% од сите 150.000 зборови на бугарскиот јазикот е од руско потекло"

— Илија Талев, [17]

"Бугарите се насилно преобратени Турци, по 1878 година. Тоа е годината кога Царска Русија ја ослободи Бугарија и ја формирале бугарската држава и народ. Овоа зборува дека Русија има голем грев кон Бугарија, ја одвоила од матичната земја - Турција, сега се прашува како му е на ханост Аспарухов. Значаен дел од Бугарите немаат бугарско потекло, тоа е објективен историски факт."


"Во интерес на процесот на зближување и идното обединување на македонските области од двете страни, нашата партија се согласи да се воведе како задолжителен предмет официјалниот македонски јазик во пиринскиот крај. И допушти како учители, македонски учители од Скопје, како и македонски библиотекари за да ја распространуваат литературата на македонски јазик. Тоа беше доказ дека нашата партија се однесува со најголема симпатија кон обединувањето на македонскиот народ."


"Бугарскиот народ и прабугарите се од турски потекло, нашиот народ пред долго време се иселија од Монголија и од Алтај, потоа пристигна покрај Евро-Азија и после тоа се населиле кон северните и јужните делови на Балканот"


"Размислувајќи за сето ова, претпоставувам дека е можно во голема мера нашата историја постојано да се менува за да одговара на секој режим и секоја моќ и секое влијание, без разлика дали е внатрешно или надворешно. Зарем не е факт дека до 1989 година, а набргу потоа, теоријата за нашето потекло беше дека сме 99% Словени, како братушките Руси и 1% прабугари со овенати очи, кои беа грст луѓе. но сепак создале словенско-бугарска држава?"

— Непознат автор од Бугарија во Actualno.com, [23]

"Не, дискриминирано не се чуствувам затоа што гледам дека законите и за мене важат како и за сите други"

— Граѓанин со потекло од Бугарија во Скопје, [24]

"Првиот устав и правилник на револуционерната организација уште не се најдени, заради тоа единствени индикатори се мемоарските литератури на основачите на организацијата, и според тие ние можеме да доведеме во следниот заклучок дека првото име на организацијата е Македонската Револуционерна Организација (МРО)"

— Бугарски Архивски Центар, [25]

"Да, разликите меѓу литературниот бугарски и народниот бугарски се продлабочуваат поради зголемената русификација на нашиот јазик. По Ослободувањето во Бугарија била воведена привремена руска власт. Работен јазик во министерствата е рускиот. Во армијата, судовите и во други области, навлегува моќен прилив на русизми. Како што истакнува Иван Богоров, „најлошото е што тие (Русите) и да не напаѓаат толку многу, ние самите без да го сфатиме им служиме на нивната пан-руска мисла и брзаме да го направиме нашиот пишан јазик руски-Бугарски, па им стануваме слепи макроа без боцкање“."

— Иља Златанов, [26]

"Главен аргумент за ставот на бугарските научници е фактот што во византиските извори Самоил се нарекува „бугарски крал“. Но, до десеттиот век Византија престана да ги разликува Словените од Бугарите, кои сите зборуваа словенски; се однесувало само на Словенски."

— Олга Томиќ, [27]

"Неминовно, Левски беше издигнат во недопирлив народен светец. Тој беше претворен во пропаганден инструмент за да им служи на последователните влади. Секој следен владетел ќе нагласи или минимизира одредени аспекти на Левски за да одговара на нивните политички потреби. За време на балканските војни бил користен како извор на инспирација. Во комунистичкиот период, неговиот критички однос кон Русија беше игнориран. Во 2012 година, ако воопшто се разговара, тој главно е цитиран за неговите идеи за „неизвалканата република“ каде сите етникуми би биле подеднакво третирани."

— Димана Транкова, [28]

"Кога ја пишува историјата на сопствената држава (и нација), историчарот тешко може да избегне националистички пристрасености од овој или оној вид. Предметот и „вредностите“ во овој случај се тесно испреплетени и сосема неразделни; во одредена смисла националната историја може да стане националистичка историја. Дотолку повеќе што националните чувства и ставови се многу живи и историчарот како личност ги споделува овие вредности/Националистичкото „пристрасеностување“ од посуров тип е едноставно неизбежно кога ниту национализмот е доведен во прашање, ниту се дискутираат целите на пишувањето историја. Потекнува бугарската историографија во епохата на националната преродба кога се сметаше за политичко оружје во народноослободителните борби.Оваа национално-националистичка традиција на историографијата продолжува доста непрекинато до денес и никогаш не била сериозно разбиена."

— Румен Даскалов, [29]

"Право на глас во општина Благоевград имаат околу 30.000 македонски граѓани. Тие претставуваат речиси половина од гласачите во регионалниот центар Пиринско. Во општина Петрич има и Македонци со бугарски лични документи. Таму нивниот број е 15.000. Во Сандански со право на глас живеат околу 5.000 македонски жители. Во областа Благоевград вкупниот број на гласачи е 313.048. Македонците претставуваат околу 15 отсто од луѓето кои можат да гласаат за бугарскиот парламент. Секции има 571. Во 450 од нив може да се гласа машински."

— весникот „Пиринско“, [30]

"По 1989 година, во самата Бугарија е изградена прилично голема заедница на успешни Македонци. Денеска во Бугарија Македонците ги поздравуваат пациентите во одделенијата на големите болници, ве оперираат, ве мажат, ви ги крштеваат децата, тие се меѓу најдобрите ПР луѓе, ги има во уметничката и музичката заедница. Тие се менаџери на големи компании, меѓу кои и меѓународни во Софија."

— Љубчо Нешков, [31]

"Слична манипулација деновиве наидовме на прославата на таканаречениот македонски „крвав Божиќ“ од 1945 година. На многу места се зборуваше дека во тоа време во СР Македонија биле убиени 1200 "Бугари" со цел да се уништи бугарската свест. и насилна македонизација. Се тврдеше дека при бунт на македонските офицери и војници во Скопје, проследен со бунт во Штип, десетици војници биле убиени по наредба од Белград на централниот плоштад пред Офицерскиот дом, а за неколку часа и околу 70 полицајци. Околу 900 луѓе беа фрлени на скопското Кале и таму починаа од глад. На сето тоа следеше масакрот на 23.000 Бугари во Охрид и Преспа. Околу 130.000 Бугари беа испратени во различни затвори."

"Вистина е дека на 7 јануари 1945 година имаше бунт на војници и офицери. Вистина е и дека за југословенската македонска историографија ова беше забранета тема со децении. Но, бунтот беше главно дело на македонските националисти и израз на желбата на бунтовниците да не одат на Сремскиот фронт и Берлин, туку едноставно да се упатат кон југ, да го ослободат Солун и нивните „браќа“ од Егејска Македонија со цел да прогласат „обединета Македонија“. И тоа, во нивнити идеи, еден ден дефинитивно би го вклучило и пиринскиот удел."

"Поради споменатиот бунт, всушност има судени, осудени и репресирани. Но, ниту десетици загинаа на самиот плоштад, ниту беа убиени 70 офицери, ниту 900 загинаа на скопската тврдина од глад и жед. На позадината на пописите на населението што ги имаме, 23.000 убиени во Охрид и 150.000 испратени во затвор се фантазии кои не заслужуваат ни коментар."

— Стефан Дечев, [32]

"Исклучително значаен е и рускиот/советскиот „фактор“. Неговата важност е двојна: прво, руското признавање на македонскиот јазик, што толку ги фрустрира лингвистите во Софија, беше имплицитен аспект на бугарско-македонските контроверзи за време на комунизмот. Второ, треба да се земе предвид и руското влијание врз стандардниот бугарски јазик. Всушност, софиското полемичко осудување на „србификацијата“ на македонскиот јазик во голема мера произлегува од фактот што бугарските научници, а уште повеќе, политичките личности не наоѓаат во македонскиот јазик одредени речник зборови и фразеологија кои биле внесени во нивниот јазик од рускиот јазик. Денес, овие зборови и изрази, кои Бугарите ги доживуваат како „типично бугарски“, во македонскиот јазик се заменети со аналози од српско потекло."


"Бугарските лингвисти честопати се обидуваат да ја минимизираат важноста на „рускиот придонес“ во кодификацијата на нивниот литературен јазик или да го претстават како „компензација“ за лексичкото и морфолошките богатства што средновековниот бугарски јазик му ги дал на рускиот јазик, но оваа интерпретација само се обидува да го скрие историски раскин и немање континуитет меѓу старобугарската литература и современиот национален јазик. Понатаму, софиските полемичари го осудија српското влијание со кое се согласија кодификаторите на македонскиот јазик, иако тие го поздравија руското влијание на бугарски јазик како „збогатување“. Како што македонскиот не може да се разбере без упатување на српскиот и бугарскиот, бугарскиот е суштински испреплетен со рускиот."

— Чавдар Маринов, [33]

"Маринов вели дека за време на социјалистичкиот режим, кога тој живеел во емиграција во Италија, неговиот лик бил третиран на негативен начин: како фашистички соработник, одговорен за убиството на голем број левичари, односно комунистички дејци во Бугарија."

"Односот, додава тој, се менува, па одредени кругови, не само во историската наука, но и во тајните служби, дури во централниот апарат на Бугарската комунистичка партија го препознаваат Михајлов како можен сојузник во тогашните историски контроверзии во врска со Македонија."

"„Имено, со својата негаторска позиција во однос на македонскиот национален идентитет, Михајлов бил битен залог во борбата против таканаречената ’скопска пропаганда’“, вели Маринов."

— Чавдар Маринов, [34]

"ДВ: Во април 1967 г., Политбирото на ЦК на БКП формулирало една поцврста позиција во однос на македонскиот идентитет. Во Вашата книга „Македонското прашање од 1944 до денес“, оценувате дека целта на Софија била на овој начин „да ги сврти во своја корист идентитетските тенденции во југословенска Македонија.“ Актуелна ли е и денес оваа мотивација во Софија?"

"Денес таа е, ми се чини, дури поактуелна одошто за времето на Живков. Според прокламираната тогашна бугарска позиција, Бугарија ги признава „реалностите” во Југославија, која пак морала да признае дека Пиринскиот крај е со бугарско население: позиција што е многу слична со денешната. Меѓутоа, во интерес на вистината, ниту за време на режимот на БКП, ниту денес, Бугарија не се задоволува со нудената од самата неа зделка. Секогаш неизбежно се стигнува до прашањето за „историската вистина”, врз која официјална Бугарија смета дека има монопол и преку која се атакуваат имено денешните „реалности” во Македонија како вештачки."

"По распаѓањето на Југославија, Бугарија се обидуваше да им влијае на националните наративи и култура во Македонија во рамките на возможното уште со признавањето на независноста на поранешната југословенска република, што Бугарија го направи прва и постојано го истакнува. Но, главната цел на бугарската политика беше откинувањето на Македонија од Србија: се очекуваше новите политички елити во Македонија да го сфатат „фалшoт” на својата нација и јазик, и така Македонија да се „ребугаризира”. Долгото чекање изгледа ги изнервира бугарската политичка класа и експертските средини во Министерството за надворешни работи, и во последните години Бугарија применува директен притисок врз Македонија од „грчки” тип, имено диктирајќи што Македонците мора да веруваат за себе, за својата историја и јазик."

— Чавдар Маринов, [35]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Soiı̐uı̐Łz pisatelei SSSR. (1949). Soviet Literature. Foreign Languages Publishing House. стр. 135.
  2. Цар Борис бил погребан со нацистички знамиња (2023) од Балкан
  3. Thousands of American military graves lie forgotten and lost abroad (2014) од Nation
  4. Fox, Frank (2007). Bulgaria. стр. 69–70.
  5. Jin, Sangpil (2021). Surviving Imperial Intrigues, Korea’s Struggle for Neutrality Amid Empires, 1882–1907. University of Hawaii Press. стр. 19. ISBN 9780824889111.
  6. Sedgwick, Theodore (1889). The Three Germanys, Glimpses Into Their History. Walker. стр. 1203.
  7. А. И. Золотухин (1929). Спомени на руските ветерани за Освободителната война 1877-1878 (PDF). Софија: Съюз на руските ветерани от Освобод. война. стр. XI.
  8. Горина, Людмила (1986). Марин Дринов, историк и общественныи деятель. Изд-во Московского университета. стр. 108.
  9. Андасаров, Петър (2020). „Петър Андасаров: Марин Дринов - личност величава, белязана от вечност“. ЕпиЦентар.
  10. За новобългарското азбуке : статия от М. Дриновъ. - Периодическо списание на Българското книжовно дружество : Год. 1, кн. 2 (1870), с. 13.
  11. Бугарската држава го платила превозот на македонските Евреи до логорот на смртта Треблинка (2021) од Нова Македонија
  12. Iliev, Ilia (2008). Studying Peoples in the People's Democracies, Socialist Era Anthropology in South-east Europe. II. Lit. стр. 137–138. ISBN 9783825899110.
  13. Fred L. Casmir (2012). Communication in Eastern Europe, The Role of History, Culture, and Media in Contemporary Conflicts. Taylor & Francis. ISBN 9781136484704.
  14. Canadian Slavonic Papers, Том 32. Canadian Association of Slavists. 1990. стр. 2. На |first= му недостасува |last= (help)
  15. Ѓорѓиев, Ванчо (2013). ВМРО 1893-1903 Поглед низ документи. Матица. стр. 19–21. ISBN 608-10-0284-5.
  16. Ќосев: Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот
  17. Интевју со Илија Талев во Јануари 2001, во САД
  18. Българите сме насила покръстени турци, след 1878 г.
  19. Русија сторила голем грев изјави Захариева
  20. Под водство на Димитров, Бугарија го призна постоењето на македонската нација и јазик
  21. БУГАРИТЕ СЕ ТУРЦИ ИЛИ ТАТАРИ: Да и помогнеме на Софија да ја врати Бугарија на корените во Македонија!
  22. българите са турци - пресече Божидар Димитров
  23. Как да повярвам, че предците ни са били чергари?
  24. Бугари во Скопје не се чувствуваат дискриминирани, сакаат крај на кризата меѓу двете земји (ВИДЕО)
  25. Известия на държавните архиви. (2004). Бугарија: Наука и изкуство. страна 201
  26. Откога има български език? (2020) от Александър Андреев
  27. Tomic, O. M. (2006). Balkan Sprachbund Morpho-Syntactic Features. Springer Netherlands. страна 44
  28. Who was Vasil Levski? (2019) by Dimana Trankova
  29. Building up a national identity, the case of Bulgaria (1994) од Румен Даскалов, ст.5
  30. Около 30 000 македонци с право на глас в Благоевград (2021) од весникот Пиринско
  31. Успелите Македонци и провалените патриоти в съвремена България (2021) од Љубчо Нешков
  32. За Коминтерна и Македония. Така е, но не точно (2020) од Стефан Дечев
  33. Entangled Histories of the Balkans - Volume One National Ideologies and Language Policies (2013) од Румен Даскалов и Чавдар Маринов (страна - 487)
  34. Маринов: Ванчо Михајлов е рехабилитиран во Бугарија поради Македонија (2022) од Чавдар Маринов и Фросина Димеска
  35. Во Бугарија е жив сонот за „ребугаризација“ на Македонија (2020) од Чавдар Маринов и Борис Георгиевски