Санстефанска Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Граници на Бугарија според Санстефанскиот договор
Бугарската земја според кнез Черкаски 1877 година

Санстефанска Бугариjа e иредентистички поим со кој се опфаќа предложената територија на Бугарија (автономно, вазално кнежество на Отоманската Империја со христијанска влада и народна милиција) во периодот (3 март - 13 јули 1878) дефинирана по склучувањето на Санстефанскиот договор помеѓу Руската Империја и Отоманската Империја во 1878.[1] Тој проект никогаш не се остварил, но одиграл огромна улога во формирањето на бугарскиот национализам.

Санстефанска Бугарија е држава која би се создала по Санстефанскиот мировен договор од 1878 година со кој Бугарија добивала автономија, и како таква таа би била најголема држава на Балканот во тоа време.

Таа требало да ги опфаќа териториите од Дунав долж новосоздадената српска граница и по западната граница преку Врање до Скопска Црна Гора. Оттаму границата преминувала по западните граници на Куманово, Кочани, до Кораб планина.

Потоа, границата се спушта на југ по Црн Дрим и потоа по западната граница на Охрид, Старово и Корча до планината Грамос. Понатаму, границата тргнува на исток преку Костурското Езеро, стигнувала до река Магленица и се спушта до Солунскиот залив.

Границата го заобиколува Солун и преку езерото Бешик Ѓол излегува на Орфанскиот Залив. Од Бурувиот Ѓол границата се извиткува на север кон Родопите до Чепеларе, каде завива на исток и се спушта по Арда, па минува преку Источна Тракија до Црно море, оставајќи го Едрене во Османската империја, а Лозенград, Лилебургас и Мало Трново во Бугарија. Границата го напушта морскиот брег при Мангалија и преку Добруџа излегува на Дунав при Расово.

Види исто така[уреди]

Извори[уреди]

  1. Inari Karsh - „Empires of the Sand: The Struggle for Mastery in the Middle East, 1789-1923“, Harvard University Press, 2001, с. 90