Иредентизам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Иредентизам е термин кој се однесува на националистичко движење и идеологии кои се заложуваат за менување на државните граници со цел етничките малцинства кои живеат во други држави да подпаднат под власт на државата каде што тој етникум е мнозинство.

Називот доаѓа од изразот Italia Irredenta кој во втората половина на деветнаесетиот век го користеле италијанските националисти за да ги опишат подрачјата со значајно италијанско малцинство кои после обединувањето на Италија останале надвор од подрачјето на владеење на италијанската држава.

Со оглед на тоа дека во Европа, посебно во нејзините источни делови, границите никогаш не биле и не можеле да бидат повлечени во склад со етничкиот состав на населението (кој исто така се менувал во склад со развитокот на економските, политичките и географските трендови), речиси секоја национална држава од дваесетиот век на еден или друг начин има свое сопствено иредентистичко движење или пак била погодена од иредентистички движења на соседните држави.

Иредентизмот и во денешно време е службена политика на некои држави а со самото тоа и потенцијална искра за предизвикување на нестабилност на многу делови низ светот. Пример спорот помеѓу Индија и Пакистан околу Кашмир. Кинеското непризнавање на Тајван како самостојна држава и сл.

Модерни иредентистички движења во Европа[уреди]

Види исто така[уреди]