Конфучиј
Од Википедија
Конфучиј (кин. 孔子 [„Кунг фу-ѕ‘“], лат. Confucius), (28 септември, 551 - 479 п.н.е.) е прочуен кинески философ, основач на религијата конфучијанизам. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфучиј е светски познат по својата доктрина во која основна црта е жен (хуманоста). Роден е во Чуфу, во тогашната држава Лу.
Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката философија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфучиј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се Зборови и мисли на Лун-ји, Златна средина, Возвишена наука итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг.
[уреди] Познати изјави
Статии од категоријата Кинеска култура |
|---|
| Основи |
|
Тао • Те |
| Текстови |
| Личности |
|
Лао Це • Сун Це |
| Учења |
|
|
Конфучиј го опишал својот живот на следниот начин:
„На петнаесет години започнав да учам, на триесет одев со цврсти чекори по патот на знаењето, на четириесет немав никакви сомнежи, на педесет ги познавав само законите на небото, во шеесеттите разбирав сѐ што ќе слушнеше моето уво, во седумдесеттите, следејќи ги желбите на моето срце, не прекршив ниедно правило“.
[уреди] Видете исто така
- Конфучијанизам
- Институт Конфучиј - меѓународен институт за озучување на кинескиот јазик и култура во многу земји
| Ова е нецелосна статија за философија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
