Лу Бан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Статуа на Лу Бан

Лу Бан (кин. 鲁班, пинјин: Lū Bān, 507 п.н.е. - 440 п.н.е.) бил кинески столар, философ, воен мислител, државник и современик на Мо-це роден во државата Лу. [1]

Неговото вистинско име било Гонгшу Бан, а бил познат и како Мајстор Кунгшу (Кунгшу-це). Бидејќи бил од државата Лу, во записите најчесто бил нарекуван Лу Бан. Лу Бан е многу значаен по своите достигнувања по неговиот предмет то државата Чу.

Според преданијата, тој измислил неколку направи, како што може да се види во Мо-це 49 и 50 глава:

  • Облак-скала — пренослива опсадна скала со противтег. [2]
  • Бојни куки и овен — орудија за бродови за поморско војување. [3]
  • Дрвена птица — која можела да остане во воздух три дена - еден вид прототип на леталото змеј. [4]

Исто така други пронајдоци му се припишуваат нему, како направа за подигање при погреби [5], кочија со дрвен коњ и кочијаш [6], и други изработки од дрво кои му донеле титула Мајстор споменати во следниве книги:

  • „Книга на семејни лози“ (世本), напишана околу III век п.н.е..
  • „Приказни за чудесното“ (述异记), напишана околу V век од Жен Фанг.
  • „Записи за потеклото на нештата и случките“ (事物纪原), напишана околу XI век од Као Ченг.
  • „Потеклото на нештата“ (物原), напишана околу XV век од Луо Чи.
  • „Трактат на Лу Бан“ (鲁班经), текстови припишани нему XIII до XV век.

Фусноти[уреди]

  1. Според цитат од делото „Разни трошки од Јијанг“, Том 24 од VII век, тој бил од Тунхуанг.
  2. 公输盘为楚造云梯之械,成,将以攻宋。(Мејов превод: Кунгшу Бан направил опсадни скали за државата Чу за напад врз државата Сунг) Мо-це Гл. 50, Пас. 1.
  3. 公输子自鲁南游楚,焉始为舟战之器,作为钩强之备,退者钩之,进者强之,量其钩强之长,而制为之兵。楚之兵节,越之兵不节,楚人因此若埶,亟败越人。(Мејов превод: Гонгшу-це дошол јужно од државата Лу во државата Чу, и почнал со изработка на орудија што се состоело од бојни куки и овни. Кога непријателот се повлекувал, овие ги користеле куките. Кога непријателот напредувал ги користеле овните. А оружјето било направено соодветно на должината на тие куки и овни. Така оружјето на државата Чу било стандардизирано, додека оружјето на државата Јуе не било. Со оваа предност, народот на Чу извојувал велика победа врз народот на Јуе) од Мо-це Гл. 49, Пара. 20.
  4. 公输子削竹木以为鵲,成而飞之,三日不下。(Мејов превод: Кунгшу-це направил птица од бамбус и кога ја завршил, ја летал. Останала горе [во воздух] три дена.) Мо-це Гл. 49, Пара. 21.
  5. Лиџи Гл. 4.
  6. Лунхенг Гл. 85, од Ванг Чонг (род. 27).

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]