Луопан
Портал:Таоизам |
---|
Статии од категоријата Кинеска култура |
---|
Основи |
Текстови |
Личности |
Лао Це • Сун Це |
Учења |
Луопан е кинески магнетен компас, познат и како фенг шуи компас. Го користат фенг шуи консултантите за да го одредат правецот за градба на домот или друг објект. Се користи за потребите на фенг шуи откако е откриен компасот.[1]
Изглед и функција[уреди | уреди извор]
Како и конвенционалниот компас, луопан ги дава правците во просторот, но се разликува во неколку важни нешта. Најочигледната разлика е што содржи концентрични кругови кои ги содржат формулите за фенг шуи. Тоа се еден метален прстен познат како „небесен бројчаник“ кој е поставен врз дрвена основа позната како „земјена плоча“. Небесниот бројчаник ротира слободно врз земјената плоча.
Црвената линија која прави крст од 90 степени врз небесниот бројчаник и земјената плоча се нарекува „Црвена линија на небесниот центар“.[2] Оваа линија се користи за да се изнајде правецот и да се забележи позицијата на прстените. Сите овие елементи заедно (земјената плоча, небесниот бројчаник и црвениот небесен крст) се дел од геометрискиот дијаграм кој се користи уште од времето на „Завојуваните држави“.[3]
Конвенционалниот компас ги покажува четирите основни правци и нивните меѓу-правци, додека луопан покажува 24 правци. Во превод – ги покажува секои 15 степени од кругот, или тоа значи дека секој степен на луопан покажува приближно еден ден.
Иглата на луопан не е свртена да го покажува север, туку е наместена така што го дава југ. Ова е затоа што кинескиот збор за „компас“ во превод значи „игла свртена кон југ“.
Видови на луопан[уреди | уреди извор]
Постојат три типа на луопан од времето на династијата Минг. Сите тие имаат прстен со формули и покажуваат 24 правци.
- Сан Хе – овој вид на луопан се користел во времето на династијата Танг.[4] Содржи три основни прстени со 24 правци, а секој прстен е наместен според друг метод и формула. (Методите на фенг шуи кои се познати како „Трите хармонии“ се методи на Сан Хе).
- Сан Јуан, исто така е познат и како „И Пан“, заради присуството на тријаграмите од „И Чинг“.[4] Содржи многу формули, но и прстен за 64-те тријаграми. Техниките познати како „Летечки ѕвезди“ се дел од методите на Сан Јуан.
- Зонг Хе е комбинација на претходните два вида луопан.
Секој фенг шуи мајстор може да создава луопан според методите кои ги користи. Постојат и други видови на луопан кои ги содржат на пример броевите гуа, правците за осумте куќи, како и некои англиски еквиваленти.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Wallace H. Campbell. Earth Magnetism: A Guided Tour Through Magnetic Fields. Academic Press, 2001.
- ↑ Cheng Jian Jun and Adriana Fernandes-Gonçalves. Chinese Feng Shui Compass: Step by Step Guide. 1998:25
- ↑ Mark Kalinowski. The "Xingde" Texts from Mawangdui. "Early China" 23-24. 1998-99:125-202
- ↑ 4,0 4,1 Cheng Jian Jun and Adriana Fernandes-Gonçalves. Chinese Feng Shui Compass: Step by Step Guide. 1998:21
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Luopan - Malaysia I Ching Net Архивирано на 5 август 2009 г.