Умешноста на војувањето

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Умешноста на војувањето“ на бамбусова книга

Умешноста на војувањето (кинески: 孫子兵法, транск. Сун-це бинг фа, буквално: „Воената стратегија на Сун-це“) е кинески воен трактат напишан за време на 6 век п.н.е. од Сун-це. Книгата е составена од 13 глави; секоја е посветена на еден аспект на војувањето. Ова дело се смета за врвен авторитет за воената стратегија и тактика во своето време.

„Умешноста на војувањето“ е една од најстарите и најпознатите студии на тема стратегија која извршила огромно влијание врз веоната стратегија и друго. За прв пат во Европа делото го преведува францускиот езуит Жан Жозеф Мари Амијо во 1782. Делото се смета дека имало влијание на Наполеон, германскиот Генералштаб, па дури и на планирањето на операцијата „пустинска бура“. „Умешноста на војувањето“ има инспирирано многу светски лидери како Мао Це Тунг, Во Нуен Зиап и Даглас Мекартур.

Почнувајќи од дваесеттиот век, „Умешноста на војувањето“ се применува и кај бизнис и менаџмент-стратегиите со многу успех.

13-те глави[уреди]

Наслови на главите преведени од преводот на Лајонел Гајлс (1910)

  • I. Подготвителни планови
  • II. Водење на војна
  • III. Стратешки напад
  • IV. Тактички распоред
  • V. Енергија
  • VI. Слаби и јаки точки
  • VII. Маневрирање
  • VIII. Варијации во тактиките
  • IX. Походот
  • X. Терен
  • XI. Деветте ситуации
  • XII. Напад со оган
  • XIII. Употреба на шпиони

Цитати[уреди]

Стихови од книгата можат да се чујат во денешните кинески идиоми и фрази, како на пример последниот стих од Глава 3:

故曰:知彼知己,百戰不殆;不知彼而知己,一勝一負;不知彼,不知己,每戰必敗
Се вели дека ако го познаваш непријателот и се познаваш себеси, нема да бидеш загрозен во сто битки; ако не го познаваш непријателот, но се познаваш себеси, ќе губиш една и ќе добиваш по една; ако не се знаеш ни себеси ни непријателот, ќе бидеш загрозен во секоја битка.

Ова е посодржајно интерпретирано и збиено во поговорката:

知己知彼, 百戰百勝
Ако се знаеш и себеси и непријателот, ќе завршиш со сто победи во сто битки.

Слични стихови исто така се позајмени -- следнава се однесува на победување „без борба“:

百戰百勝,非善之善也﹔不戰而屈人之兵,善之善者也
Сто победи во сто битки не најголемата вештина. Најголемата вештина е да го зграпчиш непријателот без борба.

Воена примена[уреди]

Во многу источноазиски земји, „Умешноста на војувањето“ е дел од материјалот кои кандидатите за воените испити мораат да го подготват. Книгата исто така се изучувала од некои европски воени институции, каок на пример во Германија пред Првата Светска војна. Во САД, книгата мораат да ја знаат сите од разузнавачката служба на американските маринци, а истата им се препорачува дури и на самите маринци.

За време на Сенгоку Џидаи во Јапонија, самурај по име Такеда Шинген (1521-1573) станал речиси непобедлив во битки без да се потпира на пушки, заради тоа што добро ја изучил „Умешноста на војувањето“.

За време на Виетнамската војна, многу виетконговски офицери ја изучувале „Умешноста на војувањето“, па дури можеле и да рецитираат цели пасуси наизуст.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]