Сун-це

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
За матеметичарот, видете Сун-це (математичар).
Сун-це
Js sunwu.png
Портрет на Сун-це
Роден 544 п.н.е.
Веројатно во државата Чи
Умрел 496 п.н.е.
Веројатно во државата Ву
Занимање Војсководец
Националност Кинез
Теми Воена стратегија

Сун-це или Сун Цу (кинески: 孫子), ц. VI век п.н.е) е автор на трактатот „„Умешноста на војувањето““, енормно влијателна древна кинеска книга на тема воена стратегија (најголемиот дел не се занимава директно со тактика). Тој е исто така еден од најраните реалисти во теоријата на меѓународните односи.

Името Сун-це („Учителот Сун“) е почесна титула дадена на Сун Ву (孫武), името на авторот. Зборот Ву, кој значи „боречки“ или „воен“, е ист што и зборот „ву шу“ или „боречка вештина“. Сун Ву исто така има и куртоазно име, Чанг Чинг (長卿).

Содржина

[уреди] Сун-це како историска личност

Единствениот зачуван извор за животот на Сун-це е неговата биографија напишана во 2 век п.н.е. од историчарот Сима Чиен, кој го опишува како војсководец кој живеел во државата Ву во 6 век п.н.е., а така и современик на еден од големите кинески мислители—Конфучиј. Меѓутоа, формата и содржината на „Умешноста на војувањето“ укажуваат дека книгата била напишана меѓу 400 п.н.е. и 320 п.н.е.

Сун-цевото дело, „Умешноста на војувањето“, нанзачено како бинг фа или „воена стратегија“, ни дава еден вид увид во периодот во кој авторот живеел.

Некои академици веруваат дека книгата е всушност дело на некои анонимни кинески философи и дека Сун-це не постоел вистински. Интересно е дека постојат повеќе докази во полза на оваа теорија, отколку во полза на теоријата дека тој бил вистинска историска личноост. Во Лајонел Џајлсовиот вовед на неговиот превод „Умешноста на војувањето“ од 1910, тој ја обработува нејасноста и сомнителноста на авторството на оваа книга.

Според некои Сун-це бил предок на Сун Кван, основоположникот на кралството Ву, кое било едно од трите сопернички супер-династии за времето на Трите Кралства.

[уреди] Видете исто така


Портал:Таоизам

Taijitu yellow.PNG

 
Wikiquote-logo-en.png
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

[уреди] Македонски изданија

[уреди] Надворешни врски