И Чинг
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Портал:Таоизам |
|---|
Статии од категоријата Кинеска култура |
|---|
| Основи |
|
Тао • Те |
| Текстови |
|
Тао Те Чинг |
| Личности |
|
Лао Це • Сун Це |
| Учења |
|
|
И Чинг (кинески: 易經, алтернативна транскрипција: Јиџинг) или Книгата на Промените, е најстариот од класичните кинески текстови. Тој опишува древен систем на космологија и философија што лежи во срцето на кинеските културни верувања. Философијата се фокусира на идеите за динамичната рамнотежа помеѓу спротивностите, еволуцијата на настаните како процес, и прифаќањето на неизбежноста на промената. Во западните култури, одреден број лица го гледаат И Чинг само како систем за пророкување; но многумина веруваат дека тој ја искажува мудроста и философијата на античка Кина. Во секој случај, текстот завзема значајно место во историјата на кинеската мисла и може да се смета за уникатно дело во својата област.
Она што е карактеристично за овој текст е што состојбите на светот и нивната еволуција се прикажани со серија на 64 нумерички фигури наречени хексаграми, секој симболизирајќи една состојба и нејзините можни промени. Хексаграмите се фигури базирани на комбинација на 6 линии од кои секоја може да ги има следниве форми: непрекината линија (Јанг) и прекината линија (Јин). Секој од овие хексаграми има свое име, а исто така, надополнети се со краток текст со кој се укажува на дејствијата што се соодветни на конкретната "космичка форма".
Текстот е изработен во првиот милениум пред нашата ера, во епохата на династијата Жу. Тој е плод на многугодишниот развој на кинеската философска мисла. Неговата математичка структура ќе го импресионира Лајбниц, кој во нив ќе ја види првата формулација на бинарната аритметика.
| Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
|
||||||||

