Лу (држава)

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Пролет и есен
Веи
Ву
Јен
Јуе
Лу
Сунг
Тенг
Хуа
Цаи
Цао
Чен
Ченг
Чи
Чи
Чин
Чу
Џин
Џенг
Шу
Кутијава: п  р  у

Лу (традиционално: 魯; упростено: 鲁; пинјин: Lǔ; мак. транскр.: Лу) била држава во стара Кина за време на Пролетно-есенскиот период. Основана е во X век п.н.е., и нејзините војводи се воделе под презимето Џи. Првиот војвода бил Џи Почин, син на Џи Тан, тогашен премиер на Џоу. Престолнината била Чифу, а државата се протегала главно на централните и јузгозападните регоини на денешната провинција Шандунг. На север се граничела со моќната држава Чи а на југ со исто така моќната држава Чу. Иако државата Чи била поразена во нејзините походи на Лу (Битка кај Чангшао) во 684 п.н.е., за време на пролетно-есенскиот период државата Лу била во опаѓање. Нејзината политичка моќ подоцна била поделена помеѓу тројцата моќни земјопоседници Џисун, Менгсун и Шусун. Во 256 п.н.е. државата Чу ја припојува кон себе државата Лу.

Лу била татковина на философот Конфучиј. Тој го напишал делото „Пролетно-есенски летописи“ како историја на неговата држава. Во Лу било напишано и уште едно големо дело на кинеската историја, под наслов „Цуови коментари“, од авторот Цуо Џуан.