Војвода од Џоу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џи Дан
Војвода од Џоу
Zhou gong.jpg
Портрет на војводата од Џоу
Деца
Бо Чин (伯禽)
Полно име
Презиме: Џи (姬)
Име: Дан (旦)
Посмртно име
Вен (文)
Војвода Вен од Џоу 周文公
Татко Крал Вен
Zhongwen.svg
Оваа статија содржи кинески текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо кинески знаци .

Војводата од Џоу (кин. 周公旦, пинјин: Zhōu Gōngdàn, мак. тран. „Џоу гунгдан“) е истакната личност во кинеската историја и клучен фактор во зацврстувањето на новооснованата династија Џоу (1046–256 п.н.е.). Бил брат на Ву, првиот крал на древната династија Џоу. Бидејќи неговото лено било сместено околу престолнината на Џоу, Ченгџоу (подоцна Луојанг), војводата се нарекувал и Џоу гунг (周公), Џоу гунг-Дан (周公旦), Шу Дан (叔旦) или Џоу Дан (周旦).

Според едно предание, војводата од Џоу ги прибележал 64-те хексаграми и го допишал класичното дело „Книга на промените“ („И Чинг“), ги воспоставил „Обредите на Џоу“ и го основал дворскиот музички правец „јајуе“ (букв. „отмена музика“). Војводата претставувал голема инспирација за философот Конфучиј како пример за доблесен владетел.

Во 2004 археолозите пронашле гробница која можеби му припаѓа на војводата од Џоу во округот Чишан (покраина Шенсји).

Регент на кралот Ченг[уреди]

Кралот Ву починал три години извојуваната победа над династијата Шанг и престолот му припаднал на неговиот син Ченг.[1] Бидејќи Ченг бил премногу млад и неискусен за да го води царството, тој морал да почека седум години. Во тој период управувањето му припаднало на војводата од Џоу како негов старател. Војводата војувал против неговите двајца браќа, кои ковале заговар против него со феудалните властелини и преостанатите членови на династијата Шанг. Во рок од две години, војводата ги поразил сите бунтови во источните краишта. Едниот брат бил погубен, а другиот бил истеран од царството.[1] По поразот на бунтовничките сили, војската на Џоу продолжила да војува и да го зголемува царството Џоу.

Династијата Шанг се повикувала на правото да владее поради нивното потекло од богот Ти. За да ги побие овие тврдења, војводата од Џоу ја осмислил доктрината на небесно овластување (мандат). Според ова учење, династијата Шанг има направено големи гревови кон Небесата и затоа Небесата му заповедала на семејство Џоу да ја замени и да го поврати редот и поредокот во земјата, иако Џоу немале желба за власт.[2] Се смета дека војводата е творец на ленскиот систем „фенгџиан“ - политичка идеологија на рангирање на обласните управители со цел да се одржи контролата врз сè поголемата држава на Џоу.[1]

Војводата од Џоу се смета за автор на многу песни од „Книга на песните“ („Ше џинг“), која претставува најстарата зачувана стихозбирка во кинеската книжевност. Песните ги собрал мислителот Конфучиј, чија општествено-политичка мисла се темели на гледиштата на војводата од Џоу како совршен владетел.[3]

Бог на сништата[уреди]

Војводата од Џоу е познат и како „бог на сништата“. Ова е изведено од исказот на Конфучиј: „Мора да излапувам. Одамна го немам сонувано војводата од Џоу“

Според едно народно предание, ако некому треба да му се случи нешто важно, тогаш војводата од Џоу ќе му дојде на сон за да го извести. Оттаму потекнува кинеската изрека „Ти се сони војводата од Џоу“ (夢見周公).

Соновникот на војводата од Џоу (周公解梦)[уреди]

Постои книга наречена „Соновник на војводата од Џоу“ (周公解梦) (со друг наслов: „Книга на поволни и неповолни сништа на војводата од Џоу“), која ги обработува сништата и нивното значење за иднината на оние што ќе ги сонат.

Оставнина[уреди]

Осумте сина на војводата добиле земја од кралот. Најстариот син ја добил државата Лу, а второродениот ја наследил титулата на татка си. Во следните периоди, многу династии го сметале војводата од Џоу за поим за доблесност. Царицата Ву Цетјен (в. 690–705) ја нарекла нејзината краткотрајна Втора династија Џоу во негова чест и му ја доделила посмртната титула „Крал Баоде“ (褒德王 = Честит и доблесен крал).[4] Во 1008 г., царот Џенцунг посмртно го прогласил војводата за „Крал Венсјен“ (文宪王 = Крал-урнек за културата). Подоцнежните поколенија го нарекувале „Јуен шенг“ (元圣 = Мудрец-основоположник)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Chin, Annping. (2007). The Authentic Confucius. Scribner. ISBN 0743246187
  2. Hucker, Charles O. (1978). China to 1850: a short history. Stanford University Press. ISBN 0804709580
  3. Hinton, David. (2008). Classical Chinese Poetry: an Anthology. Farrar, Strauss and Giroux. ISBN 0374105367
  4. „Книга на Танг“ (《旧唐书》记载为天授三年追封)

Надворешни врски[уреди]