Книга на промените

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Книга на промените“  
I Ching Song Dynasty print.jpg
Автор Фу Сји (митолошки)
Земја Кина
Медиум Book
Корица на македонско издание

„Книга на промените“ (кин. трад. 易經; упр. 易经; трскр. „И чинг“ или „Ји џинг“) е најстариот од класичните кинески текстови. Тој опишува древен систем на космологија и философија што лежи во срцето на кинеските културни верувања. Философијата се фокусира на идеите за динамичната рамнотежа помеѓу спротивностите, еволуцијата на настаните како процес, и прифаќањето на неизбежноста на промената. Во западните култури, одреден број лица го гледаат ова дело само како систем за пророкување; но многумина веруваат дека тој ја искажува мудроста и философијата на древна Кина. Во секој случај, текстот завзема значајно место во историјата на кинеската мисла и може да се смета за уникатно дело во својата област.

Она што е карактеристично за овој текст е што состојбите на светот и нивната еволуција се прикажани со серија на 64 нумерички фигури наречени хексаграми, секој симболизирајќи една состојба и нејзините можни промени. Хексаграмите се фигури базирани на комбинација на 6 линии од кои секоја може да ги има следниве форми: непрекината линија (Јанг) и прекината линија (Јин). Секој од овие хексаграми има свое име, а исто така, надополнети се со краток текст со кој се укажува на дејствијата што се соодветни на конкретната "космичка форма".

Текстот е изработен во првиот милениум пред нашата ера, во времето на династијата Џоу. Тој е плод на многугодишниот развој на кинеската философска мисла. Неговата математичка структура ќе му остави силен впечаток на германскиот философ Лајбниц, кој во нив ќе ја види првата формулација на бинарната аритметика.