КК Работнички сезона 2019/20

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сезона 2019/20 на КК Работнички
Лига Прва лига мажи
Спорт кошарка
Прва лига мажи 2019/20
Сезони на КК Работнички

← 2018/19

2020/21 →

Сезоната 2019/20 на КК Работнички - 28. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 74. сезона од неговото постоење.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Претсезонски подготовки и промени[уреди | уреди извор]

Во јули 2019 година, на Марин Докузовски му истекол договорот со Работнички и престанал да е тренер на екипата и станал шеф на стручниот штаб и раководител на младинските школи на Работнички. Него го заменил Димитар Мираковски кој одлучил да се пензионира како активен кошаркар, потег кој го сторил и Ѓорѓи Чековски после 22 години играчка кариера.[1][2][3]

На крајот на јули, во Работнички пристигнал Горан Главчев, разигрувач кој минатата сезона ја поминал во Блокотехна НБ.[4][5] Неколку дена подоцна Бојан Крстевски, кој веќе дотогаш бил слободен агент,[6] се договорил и потпишал за МЗТ Аеродром.[7][8] Истовремено, Бобан Стајиќ и Димитар Караџовски ја промениле средината и потпишале за Кожув за идната сезона.[9][10] На почетокот на август, ланскиот крилен центар Марјан Јанески Јанески бил во преговори со Куманово 2009.[11][12] Во средината на август, Јанески официјално ги сменил клупските бои и по вторпат заиграл за Куманово.[13][14]

Истовремено, во Работнички останал Стефан Младеновиќ бидејќи ја продолжил соработката, додека ново име бил Стеван Глигоријевиќ кој дошол од Блокотехна.[15]

Во средината на август, најкорисниот играч на минатата сезона - Чавдар Костов, се вратил во својата земја Бугарија и потпишал за Левски Лукоил.[16]

На крајот на август, во Работнички пристигнал Хејден Лесколт, разигрувач кој бил најкорисен играч на минатата сезона во австриската Бундес лига во екипата на Оберварт.[17][18] Истовремено, Работнички се засилил во Србинот Теодор Атанасов кој поседувал македонски пасош. Негов последен аранжман бил шпанскиот четвртолигаш Ланзароте Конехеро.[19][20]

На почетокот на септември, за Работнички потпишал Крис Кокли. Тој играл на позицијата крилен центар и негов последен ангажман бил украински Черкаси Мавпи.[21][22] Шест дена подоцна, по пауза од една сезона, во Македонија се вратил Двејн Бенџамин кој последната сезона настапувал во чешки Пардубице и словачки Левицки Патриоти. Неговиот договор траел една сезона.[23][24][25]

Во средината на септември била прекината забраната за регистрирање, од страна на ФИБА, на странски кошаркари во Работнички. Забраната, покрената еден месец претходно, стапила во сила поради стариот долг кон Дарко Чохадаревиќ од сезоната 2017/18. Сега Работнички можел да ги регистрира странските играчи доведени за престојната сезона.[26][27]

Откако било увидено дека Крис Кокли е повреден дојден во екипата, Работнички со него го раскинал договорот.[28]

На почетокот на октомври, за Работнички потпишал Данило Мијатовиќ кој дошол од распаднатиот АВ Охрид.[29][30]

Исто така, нов член во Работнички бил Габриел Коскоски кој последен пат настапувал во АВ Охрид.

Под активен договор, сè уште бил Виктор Ефремовски.[31] Во составот на Работнички останал и Кирил Николовски.[17]

Пред почетокот на сезоната, Работнички и Теодор Атанасов ја прекинале соработката.

Октомври[уреди | уреди извор]

Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му бил домаќин на МЗТ Уни Банка (втората екипа) и го победил со 103:58. Виктор Ефремовски имал 23 бода, Стеван Глигоријевиќ остварил 12 скокови, додека Хејден Лесколт завршил со шест додавања.[32]

Еден ден по натпреварот, за Работнички потпишал Љубомир Младеновски со што му бил втор ангажман во клубот. Договорот траел една сезона и бил од отворен карактер, односно можел слободно да замине во случај на понуда од друг клуб.[33][34]

Во второто коло Работнички дома го победил Гостивар со 91:90. Најдобар кошаркар во трите главни статистички категории бил Хејден Лесколт со 25 бода, осум скокови и осум додавања.[35]

Во третото коло Работнички на гостински терен го победил Куманово 2009 со 70:72. Двејн Бенџамин постигнал 31 бод и пет додавања, а Љубомир Младеновски остварил шест скокови.[36]

Ноември[уреди | уреди извор]

Во четвртото коло Работнички дома го победил Пелистер со резултат 81:70. Двејн Бенџамин бил најдобар бодтер со 27 бода, Љубомир Младеновски завршил со 13 скокови, а најмногу додавања имал Хејден Лесколт односно десет.[37]

Во петтото коло Работнички на гости загубил од Академија ФМП со 87:83. Најдобар стрелец бил Данило Мијатовиќ со 37 бода, Стеван Глигоријевиќ имал девет скокови, а Хејден Лесколт остварил десет додавања.[38]

Во шестото коло Работнички на гости бил поразен од Еуро Никел 2005 со 78:76. Хејден Лесколт натпреварот го завршил со 23 бода, Двејн Бенџамин остварил осум скокови и пет додавања.[39]

Во седмото коло Работнички дома бил победен од МЗТ Аеродром со 68:93. Хејден Лесколт бил најдобар стрелец со 25 бода но и завршил со шест додавања и шест скокови, исто скокови како и Данило Мијатовиќ.[40]

Во осмото коло Работнички како гостин победил против Вардар со 55:103. Хејден Лесколт завршил со 22 бода и осум додавања, а Двејн Бенџамин остварил 11 скокови.[41]

Декември[уреди | уреди извор]

Во почетокот на декември, Максим Митевски се преселил во МЗТ Уни Банка, односно втората екипа на МЗТ Аеродром.[42]

Во деветтото коло Работнички на домашен терен го поразил Кожув со 97:81. Истакнати играчи биле Виктор Ефремовски и Хејден Лесколт со 17 бода, Двејн Бенџамин со осум скокови, и Данило Мијатовиќ со три додавања, исто колку додавања колку и Лесколт.[43]

Во десеттото коло Работнички како гостин го победил МЗТ Уни Банка со 72:89. Хејден Лесколт бил најуспешен стрелец со 26 бода и придодал пет додавања, а Данило Мијатовиќ завршил со десет скокови.[44]

Во единаесеттото коло Работнички на гости бил победен од Гостивар со 93:79. Најуспешни кошаркари биле Хејден Лесколт со 25 бода, Кирил Николовски и Данило Мијатовиќ со пет скокови, и Горан Главчев и Виктор Ефремовски со по три додавања.[45]

На 31 декември, Работнички ја прекинал соработката со Двејн Бенџамин.[46]

Јануари[уреди | уреди извор]

На почетокот на јануари 2020 година, во составот пристигнал разигрувачот Марјан Младеновиќ кој во првата полусезона играл во Куманово 2009.[47]

Во јануари екипата ја напуштил резервистот Габриел Коскоски кој продолжил во второлигашот Црн Дрим.[48]

Во дванаесеттото коло Работнички дома успеал да победи против Куманово 2009 со 77:72. Најдобар поентер бил Кирил Николовски со 19 бода (6 од 6 за три бода), со десет скокови најдобар скокач бил Љубомир Младеновски, а Марјан Младеновиќ завршил како најдобар додавач со осум додавања.[49]

Повторно на позицијата разигрувач, Работнички го довел Дамиер Питс кој бил од Соединетите Држави. Негов последен ангажман бил унгарски Шопрон во кој настапувал во првата полусезона на сезоната 2019/20.[50][51]

Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Пелистер со 105:110 по две продолженија. Најистакнати кошаркари биле Хејден Лесколт со 43 бода, Љубомир Младеновски со шест скокови, и Марјан Младеновиќ со 11 додавања.[52]

Поради смртта на Благоја Георгиевски, играч на Работнички од 1968 до 1984 година и синоним на македонската кошарка во времето на СФР Југославија, Работнички го повлекол број 13 од употреба во клупските дресови.[53]

Февруари[уреди | уреди извор]

Во четиринаесеттото коло Работнички на домашен терен го поразил Академија ФМП со 88:60. Виктор Ефремовски и Хејден Лесколт оствариле по 16 бода, Кирил Николовски имал 11 скокови, додека Марјан Младеновиќ завршил со седум додавања.[54]

Во петнаесеттото коло Работнички дома го победил Еуро Никел 2005 со 76:74. Љубомир Младеновски остварил 19 бода и девет скокови, а Хејден Лесколт имал шест додавања.[55]

За време на паузата поради репрезентативните натпревари, Горан Главчев се преселил во Академија ФМП.[56][57] Истовремено, како нов член пристигнал Србинот Стефан Балмазовиќ кој последен пат играл за унгарски Седеак. Тој играл на позицијата крилен центар.[57][58]

Март[уреди | уреди извор]

Во шестнаесеттото коло Работнички бил поразен од МЗТ Аеродром на гости со 92:90. Најдобар кошаркар бил Дамиер Питс со 21 поен и шест додавања, додека Љубомир Младеновски остварил девет скокови.[59]

Во седумнаесеттото коло Работнички, кој поради елементарни причини го одиграл домашниот натпревар во СРЦ Кале,[60][61] го поразил Вардар со 81:76. Науспешен поентер бил Стефан Балмазовиќ со 26 поени, најдобар скокач бил Љубомир Младеновски со 11 скокови, и Хејден Лесколт завршил со седум додавања.[62]

Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Кошаркарската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на кошаркарските работници, привремено да ја суспендира Првата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[63]

Мај[уреди | уреди извор]

На 14 мај 2020, Федерацијата одлучила сезоната да се прекине, односно да нема победник и никој да не отпадне.[64][65] Работнички застанал на второто место на табелата.

Состав и стручен штаб[уреди | уреди извор]

Играчки состав[уреди | уреди извор]

број име висина
(см)
позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
11 Кирил Николовски (к.) 210 Крилен центар
/ Центар
31 Македонија Македонија 2017 Карпош Соколи
25 Виктор Ефремовски 191 Крило 20 Македонија Македонија 2015 Вардар
7 Стефан Младеновиќ 190 Бек 29  Србија
Македонија Македонија
2019 АВ Охрид
28 Стеван Глигоријевиќ 205 Крилен центар 22  Србија
Македонија Македонија
2019 Блокотехна НБ
9 Андреа Деолски 188 Бек 19 Македонија Македонија 2019 Шкупи
0 Дамјан Бошковски 19 Македонија Македонија 2019 Младински состав
3 Хејден Лесколт 196 Бек 27  САД 2019 Оберварт Австрија
22 Данило Мијатовиќ 206 Крилен центар
/ Центар
36  Србија 2019 АВ Охрид
15 Љубомир Младеновски 207 Центар 24 Македонија Македонија 2019 МЗТ Аеродром
8 Драган Абрашев 19 Македонија Македонија 2019 Струмица
10 Марјан Младеновиќ 180 Разигрувач 32 Македонија Македонија 2020 Куманово 2009
32 Дамиер Питс 177 Разигрувач 30  САД 2020 Шопрон Унгарија
Стефан Балзамовиќ 199 Крилен центар 30  Србија 2020 Седеак Унгарија

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org eurobasket.com

Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната[уреди | уреди извор]

број име висина
(см)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб заминал
во (година)
следен клуб
10 Максим Митевски 19 Македонија Македонија 2017 Младински состав 2019 МЗТ Уни Банка (II)
5 Двејн Бенџамин 201 Крилен центар 26  САД 2019 Левицки Патриоти Словачка 2019
2 Габриел Коскоски 203 Крилен центар 21 Македонија Македонија 2019 АВ Охрид 2020 Црн Дрим
19 Горан Главчев 191 Бек 26 Македонија Македонија 2019 Блокотехна НБ 2020 Академија ФМП

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

име функција
Димитар Мираковски тренер
Андреј Лечиќ Апостолски помошник тренер
Александар Петровски технички раководител
Марко Докузовски службен претставник
Марин Докузовски службен претставник
Виктор Тевчев лекар
Никола Трајковски физиотерапевт

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org Кошаркарска федерација на Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мираковски ќе шефува со „новиот" Работнички“. ekipa.mk. 10 јули 2019. Посетено на 13 јули 2019.
  2. „Докузовски со нова улога во Работнички, Чековски кажува збогум!“. sportmedia.mk. 10 јули 2019. Посетено на 13 јули 2019.
  3. „„Сета почит, но Работнички не е заинтересиран за Бојан Трајковски". sportmedia.mk преку web.archive.org. 17 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-20. Посетено на 20 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Работнички го потпиша првото засилување“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 22 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-24. Посетено на 24 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Главчев прв со потпис за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 јули 2019. Посетено на 24 јули 2019.
  6. „Центар на Работнички меѓу желбите на МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-20. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Бојан Крстевски – од Работнички во МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Крстевски го „предаде" Работнички и потпиша со МЗТ“. gol.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „Кожув потпиша со четири македонски репрезентативци“. ekipa.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
  10. „Кожув во еден ден купи нова петорка: Доведени четири репрезентативци и еден Американец“. gol.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. „Јанески го напушти Работнички и се врати во Куманово“. gol.mk преку web.archive.org. 3 август 2019. Посетено на 3 август 2019.
  12. „Враќање назад: Јанески од Работнички во Куманово“. ekipa.mk преку web.archive.org. 3 август 2019. Посетено на 3 август 2019.
  13. „Куманово донесе три засилувања, Петровиќ ќе прозива на 21 август“. gol.mk преку web.archive.org. 16 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-16. Посетено на 16 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  14. „Кумановци се активираа, три потписи во еден ден“. ekipa.mk преку web.archive.org. 16 август 2019. Посетено на 16 август 2019.
  15. „Во Градски парк раздвижено: Работнички договори две имиња“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 3 август 2019. Посетено на 3 август 2019.
  16. „По пет години, Костов се врати во татковината!“. basketball.mk преку web.archive.org. 15 август 2019. Посетено на 25 август 2019.
  17. 17,0 17,1 „Беше МВП во Австрија, па потпиша за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 24 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-25. Посетено на 25 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „Работнички го договори најкорисниот кошаркар на австриското првенство“. gol.mk преку web.archive.org. 25 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-25. Посетено на 25 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Работнички најде Македонец во Војводина – потпиша Теодор Атанасов“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 август 2019. Посетено на 25 август 2019.
  20. „Работнички го обезбеди потписот на центарот Атанасов од Војводина“. gol.mk преку web.archive.org. 25 август 2019. Посетено на 25 август 2019.
  21. „Ерупција во Парк, следуваат уште две детонации, центарот пак ќе гори“. basketball.mk преку web.archive.org. 6 септември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-09-07. Посетено на 7 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Ново име во „Градски парк": Американец под обрачите на Работнички!“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 6 септември 2019. Посетено на 7 септември 2019.
  23. „Бенџамин официјално во Работнички!“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 12 септември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-09-14. Посетено на 14 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  24. „Трет Американец во Работнички, Двејн Бенџамин се врати во мак-кошарката“. gol.mk преку web.archive.org. 12 септември 2019. Посетено на 14 септември 2019.
  25. „Потврдено: Бенџамин една сезона во дресот на Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 12 септември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-09-14. Посетено на 14 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. „ФИБА ја тргна суспензијата – Работнички ќе може да потпише странски кошаркари“. ekipa.mk преку web.archive.org. 20 септември 2019. Посетено на 21 септември 2019.
  27. „Тргната суспензијата, Работнички ќе може да купува странски кошаркари“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 20 септември 2019. Посетено на 21 септември 2019.
  28. „Работнички со два убедливи порази на турнирот во Романија“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 септември 2019. Посетено на 29 септември 2019.
  29. „Мијатовиќ го избра Работнички пред МЗТ!“. basketball.mk преку web.archive.org. 5 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-05. Посетено на 6 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  30. „Работнички се засили и со Мијатовиќ: Србинот го одбра Градски парк пред Аеродром“. ekipa.mk преку web.archive.org. 5 октомври 2019. Посетено на 6 октомври 2019.
  31. „Чудна тишина: Што се случува во Работнички?“. ekipa.mk преку web.archive.org. 27 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-27. Посетено на 27 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  32. „Работнички-МЗТ Уни Банка 103:58“. fibalivestats.com. 16 октомври 2019. Посетено на 17 октомври 2019.
  33. „Бубе Младеновски се врати во Работнички!“. basketball.mk преку web.archive.org. 17 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 17 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  34. „Љубомир Младеновски потпиша за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 17 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 17 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  35. „Работнички-Гостивар 91:90“. fibalivestats.com. 20 октомври 2019. Посетено на 21 октомври 2019.
  36. „Куманово 2009-Работнички 70:72“. fibalivestats.com. 26 октомври 2019. Посетено на 27 октомври 2019.
  37. „Работнички-Пелистер 81:70“. fibalivestats.com. 3 ноември 2019. Посетено на 3 ноември 2019.
  38. „Академија ФМП-Работнички 87:83“. fibalivestats.com. 9 ноември 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  39. „Еуро Никел 2005-Работнички 78:76“. fibalivestats.com. 16 ноември 2019. Посетено на 17 ноември 2019.
  40. „Работнички-МЗТ Аеродром 68:93“. fibalivestats.com. 24 ноември 2019. Посетено на 25 ноември 2019.
  41. „Вардар-Работнички 55:103“. fibalivestats.com. 30 ноември 2019. Посетено на 30 ноември 2019.
  42. „МЗТ Уни Банка-Пелистер 77:86“. fibalivestats.com. 4 декември 2019. Посетено на 8 декември 2019.
  43. „Работнички-Кожув 97:81“. fibalivestats.com. 7 декември 2019. Посетено на 8 декември 2019.
  44. „МЗТ Уни Банка-Работнички 72:89“. fibalivestats.com. 15 декември 2019. Посетено на 15 декември 2019.
  45. „Гостивар-Работнички 93:79“. fibalivestats.com. 21 декември 2019. Посетено на 21 декември 2019.
  46. „Работнички раскина со Двејн Бенџамин“. ekipa.mk преку web.archive.org. 31 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-31. Посетено на 31 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  47. „Зборот на тренерите пред вториот дел од сезоната - Димитар Мираковски (Работнички): Сакам Работнички да игра многу подобра кошарка“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 16 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-19. Посетено на 19 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  48. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2019/20“ (PDF). Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 14 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-17. Посетено на 17 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  49. „Работнички-Куманово 2009 77:72“. fibalivestats.com. 18 јануари 2020. Посетено на 19 јануари 2020.
  50. „Работнички донесе нов Американец: Дамиер Питс е ново име во Градски Парк“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 21 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-21. Посетено на 21 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  51. „Американски плејмејкер ќе ја добие „диригенската" палка во Работнички“. gol.mk преку web.archive.org. 21 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-21. Посетено на 21 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  52. „Пелистер-Работнички 105:110“. fibalivestats.com. 25 јануари 2020. Посетено на 25 јануари 2020.
  53. „Во чест на Буштур, Работнички го повлекува дресот со број 13“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 31 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-31. Посетено на 1 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  54. „Работнички-Академија ФМП 88:60“. fibalivestats.com. 1 февруари 2020. Посетено на 1 февруари 2020.
  55. „Работнички-Еуро Никел 2005 76:74“. fibalivestats.com. 9 февруари 2020. Посетено на 10 февруари 2020.
  56. „Главчев го напушти Работнички, но останува во Скопје“. ekipa.mk преку web.archive.org. 21 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  57. 57,0 57,1 „Работнички остана без бек, а на негово место (ќе) ангажира – крилен центар!“. sport1.mk преку web.archive.org. 21 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  58. „Работнички се засили со Балмазовиќ“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 21 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  59. „МЗТ Аеродром-Работнички 92:90“. fibalivestats.com. 1 март 2020. Посетено на 2 март 2020.
  60. „Во Парк прокиснува, Работнички и Вардар се преселија во Кале“. basketball.mk преку web.archive.org. 7 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-07. Посетено на 7 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  61. „На суво во „Кале", Работнички не блесна, но го победи Вардар“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 7 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-08. Посетено на 8 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  62. „Работнички-Вардар 81:76“. fibalivestats.com. 7 март 2020. Посетено на 8 март 2020.
  63. „Соопштение до јавноста“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 17 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  64. „Антиќ пресече: Нема шампион, нема испаѓање од кошаркарската Прва лига“. ekipa.mk преку web.archive.org. 14 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-16. Посетено на 17 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  65. „КФМ донесе конечна одлука: Сезоната е завршена, шампион нема да има!“. gol.mk преку web.archive.org. 14 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-16. Посетено на 17 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)