Црвена луња
Црвена луња | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни (или Јастребовидни) |
Семејство: | Јастреби |
Потсемејство: | Луњи |
Род: | Луња |
Вид: | Црвена луња |
Научен назив | |
Milvus milvus (Linnaeus, 1758) |
Црвената луња (науч. Milvus milvus) — средноголема граблива птица, која е ендемски вид во Европа, северна Африка и западна Азија. Во Европа има 19.000-25.000 двојки што претставува 95% од целокупната популација. Се размножува во источните делови на Шпанија и Португалија, Средна Европа и Украина, на север до јужниот дел на Шведска, Латвија и Велика Британија, и на југ, до јужна Италија. Постои популација и во северниот дел на Мароко. Птиците од северните предели се движат јужно во зима и најчесто престојуваат во западниот дел од распространувачкиот спектар, но исто така и во источна Турција, северен Тунис и Алжир. Трите најголеми популации (во Германија, Франција и Шпанија, кои заедно имаат повеќе од 75% од светската популација) се намалија во периодот меѓу 1990 и 2000 година, односно целокупната популација се намали за речиси 20% во текот на десет години. Главните закани на црвената луња се: труењето, промените во земјоделските практики, ловот, уништувањето на шумите, крадењето на јајцата (на локално ниво) и евентуално конкуренцијата со поуспешната црна луња. Порано црвената луња ја имало во Македонија, а сега најверојатно е исчезнат вид.
Опис
[уреди | уреди извор]Црвената луња е долга 60 - 66 см и има распон на крилјата 175 - 179 см; мажјаците тежат 800 - 1200 грама, а женките 1000 - 1300 грама. Таа е елегантна птица која често лебди со своите долги крилја, и го менува правецот со својата голема назабена опашка. Телото, горниот дел од опашката и крилјата ѝ се бакарноцрвена боја. Главата е посветла со сиви тонови. Белите примарни пердуви за летање се во контраст со црните краеви и темните секундарни пердуви. Освен по тежина, половите се слични, но младенчињата се жолтеникави на градите и стомакот. Огласувањето е тенок пи-пи звук.[2]
Поведение
[уреди | уреди извор]Исхрана
[уреди | уреди извор]Храната на црвената луња се состои главно од мали цицачи, како глувци, млади зајаци и сл. Се харни со мршите на овците и некои кокошковидни птици. Понекогаш лови птици и водоземци, како жаби,гуштери итн. Дождовниот црв e важен дел од исхраната, особено на пролет.[3]
Поради исхраната со некои мрши, црвената луња е подложна на труење.[4] Нелегалните стапици со отров наменети за лисиците, чавките и гавраните, понекогаш ги убиваат заштитените птици и другите животни. На знак за тревога од страна на мајката, младенчињата ќе се заштитат така што ќе се преправаат дека се умрени, па лисиците ќе поверуваат и ќе ги остават.[5]
Размножување
[уреди | уреди извор]Црвената луња е претежно седентарна птица (не е преселница) која се размножува постојано на истото место, освен популациите кои се размножуваат во посеверните краишта на Европа, па зимуваат во Шпанија.[6] Секоја територија на гнездење може да содржи повеќе од 5 гнезда. И мажјакот и женката го градат гнездото на главниот чатал високо на дрвото, околу 12-20 метри од земјата. Гнездото го прават од гранки и го постилаат со трева и друга вегетација, но и со сè што е помеко, како овча волна, партали, хартија и сл.[3][6] Тие се моногамни птици кои одгледуваат едно легло годишно, во кое снесуваат најчесто 3 јајца. Инкубацијата трае триесетина дена, а ги лежи само женката. Младенчињата го напуштаат гнездото на возраст од педесетина дена.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Anon (2009). „Red Kite - BirdLife Species Factsheet“. 2009 IUCN Red List Category. BirdLife International. Архивирано од изворникот на 2009-01-04. Посетено на 2009-07-05.
- ↑ Anon. „The White Kite“. Gigrin Farm - The Red Kite feeding station. Gigrin Farm. Архивирано од изворникот 2009-02-02. Посетено на 2009-07-07.
- ↑ 3,0 3,1 Pugh, Effyn. „The Red Kite“. birdsofbritain.co.uk. Birds of Britain. Архивирано од изворникот на 2010-01-30. Посетено на 2009-10-26.
- ↑ „Wildlife crime soars“. The Herald Series. 12 September 2007. Архивирано од изворникот на 2014-12-13. Посетено на 6 July 2009.
In Didcot, poisoned rabbits were laid out as bait disguised as road-kill, targeting red kites
- ↑ Anon. „Red Kite“. Animal Corner. Animal Corner. Посетено на 26 October 2009.
- ↑ 6,0 6,1 Anon. „Scotland's Wildlife: Red Kite“. BBC Scotland outdoors articles. BBC. Посетено на 26 October 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Црвена луња“ на Ризницата ? |
- Friends of Red Kites - Details about the reintroduced kites in the Derwent Valley, Gateshead
- ARKive - images and movies of the red kite (Milvus milvus) Архивирано на 26 февруари 2008 г.
- BBC Wales Nature - Red Kite footage
- BBC Report about this bird's redemtion in UK culture from a hated shithawk to a beloved bird
- The Welsh Kite Trust - includes UK breeding reports Архивирано на 30 декември 2007 г.
- About Red Kites - includes latest figures available in UK
- Red Kites in the Chilterns - Details about the reintroduced kites in the Chilterns Архивирано на 24 ноември 2020 г.
- Red Kites in Yorkshire
- Red Kites in Berkshire (Berkshire Ornithological Club) - 2006/2007 Survey Архивирано на 11 декември 2013 г.
- Adult and juvenile Red Kite wing identification images (PDF; 5.6 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze - [1] Архивирано на 12 октомври 2013 г.
|