Прејди на содржината

Феникија

Од Википедија — слободната енциклопедија
‏‏‏‏
1200 пр.н.е.–539 BC
Карта на Феникија
Карта на Феникија
Главен град
Говорени јазицифеникиски јазик, пунски јазик
Вероисповед
кананитска религија
УредувањеКралство (Град држава/и)
Познати феникиски кралеви 
• ca. 1000 BC
Ахирам
• 969 BC – 936 BC
Хирам I
• 820 п.н.е.– 774 п.н.е.
Пигмалион Тирски
Историски периодКласична Антика
• Основана
1200 пр.н.е.
• Тир станува доминантна град-држава
969 пр.н.е.
• Легендарно основање на Картагена
814 п.н.е.
• Кир Велики ја освојува Феникија
539 BC
Население
• 1200 п.н.е.[1]
200,000
Наследници
Ахеменидско Царство
Денес дел од

Феникија — древна цивилизација која се протегала во тесен крајбрежен појас на Сирија, од реката Елевтерос на север, до Кармил (денешен Либан) на југ, се протегала 240 километри во должина и околу 20 километри во ширина. Феникијците, кои биле стар поморски трговски народ, владееле со Средоземното Море и создале повеќе независни градови држави, кои понекогаш формирале сојузи под хегемонија на еден од нив. Денес, многу малку се знае за Феникијците. Пронајдени неколку нивни натписи. Тие не се нарекувале себеси Феникијци, туку Сидонци, по градот Сидон, еден од нивните два најважни градови, кој лежи на север од Тир. Кога Грците првпат дошле во контакт со овие морнари ги нарекле фоинои, кое значело, црвени како крв. Кога значењето на овој збор се изгубило, луѓето почнале да ги нарекуваат Феникијци поради таинствената птица Феникс, за која се кажувало дека живеела 500 години и се обновувала така што го палела гнездото и од пепелта на старата се појавувала нова птица.

Феникијците основале колонии во сите делови на Средоземното Море. Кадис во Шпанија, Марсеј во Франција, како и голем број на градови во Сардинија и Корзика, и Картагина на северниот брег на Африка, тие сите биле феникиски колонии пред да им припаднат на Грците и Римјаните. Постои сигурен доказ дека Феникијците поминале низ столбовите на Херкул (денешен Гибралтар), долго пред некој друг да се нафати на толку долг пат. Има исто толку сигурни докази дека тие стигнале до југот на Англиското копно, и таму разменувале средоземна роба за калај од Корнвол.

Патувања

[уреди | уреди извор]

Се мисли дека тие отишле и во Балтикот. Балтичкото Море во античките времиња била вистинска ризница за секој трговец. Балтикот бил дом на некои смоли со кои римските дами си ја боеле косата.

Но, Феникијците не запреле со Балтикот. Херодот раскажувал за феникијска моранарица, која била изнајмена од египетскиот фараон Нехао II, за да ја обиколат цела Африка, така тие поминале покрај ’Ртот Добра Надеж дваесет века пред Васко де Гама. Можеби оваа приказна е вистинита, а можеби не е, но се знае дека Картагинците, кои биле феникиски колонисти, го истражиле западниот брег на Африка сè до ’ртот Бланко, 1500 милји јужно од Гибралтар, и основале повеќе трговски центри во таа област.

Феникиски бродови

[уреди | уреди извор]
Феникиски брод

Фениќаните тоа не би можеле да ги постигнат сите патувања, ако немале подобри бродови, кои не се движеле со помош на весла, туку со помош на едра.

Има многу малку информации за тоа како биле опремени феникиските бродови за време на овие патувања.

Изгледа дека Фениќаните знаеле и за сидрото. Со тоа капетанот на бродот можел да го остави бродот на било кое место на морето, ако времето било мирно, и доволно плитко за сидрото да може да го допре дното. Тие сѐ уште не знаеле за челичното, железното или бронзеното сидро. Наместо тоа, тие користеле тешки камења, и животински кожи кои биле полнети со камењата. Сѐ уште не знаеме како овие древни морнари можеле да донесат доволно храна и вода за толку долги патувања.

Трговија

[уреди | уреди извор]

Феникијците произведувале пурпурна боја со висок квалитет, со која ги боеле ткаенините, и себично ја чувале тајната за тоа како ја произведувале. Бојата се добивала од некои видови школки, а цената на фустаните обоени со оваа боја била толку висока што само најбогатите можеле да си ги дозволат.

Феникиската азбука

[уреди | уреди извор]
Феникијска азбука

Нивната азбука од 14 век пр.н.е. е основата за сите други западносемитски азбуки, а со тоа и европските, монголските и индиските азбуки.

Потпаѓање под туѓа власт

[уреди | уреди извор]

Во 8 век пр.н.е. Феникијците биле освоени од страна на Асирците, 538-ма година пр.н.е. од Персијците, 63 година пр.н.е. од Римјаните.

  1. „Phoenicia“. The Encyclopedia of World History, Sixth edition. Houghton Mifflin Company. 2001. стр. 1. Архивирано од изворникот на 2008-09-06. Посетено на 2008-12-11. На |first= му недостасува |last= (help)