Цветко Узуновски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Цветко Узуновски - Абас''' ([[Царев Двор]], [[Ресен]]ско, [[24 декември]] [[1916]] - [[Скопје]], [[1994]]) е македонски комунист, истакнат комунистички раководител по ослободувањето.
'''Цветко Узуновски - Абас''' ([[Царев Двор]], [[Ресен]]ско, [[24 декември]] [[1916]] - [[Скопје]], [[1994]]) е македонски комунист, истакнат комунистички раководител по ослободувањето.



Преработка од 10:34, 18 ноември 2009

Цветко Узуновски - Абас (Царев Двор, Ресенско, 24 декември 1916 - Скопје, 1994) е македонски комунист, истакнат комунистички раководител по ослободувањето.

Пристапува кон комунистичкото движење во 1934 година. Во јуни 1937 година пристигнува во Шпанија каде до 1939 година учествува во Шпанската граѓанска војна. По падот на Шпанската република, Узуновски е во концентрационен логор во Франција до 1941 година.

Во септември 1941 година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Од пролетта 1943 година е политички комесар на Генералштабот на НОВ и ПОМ. При формирањето на Комунистичката партија на Македонија во март 1943 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ, при што е избран и за член на неговиот Президиум.

По ослободувањето беше прв начелник на УДБА, а од 1946 до 1953 година е министер за внатрешни работи на НР Македонија. По ова е член на Извршниот совет на Македонија и член на Сојузниот извршен совет на Југославија.