Вестминстер: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
с Бот менува: Image -> Податотека |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{otheruses}} |
{{otheruses}} |
||
[[Слика:westminster-lokacija.png|thumb|right|250px|Местоположбата на Вестминстер во рамките на [[Голем Лондон]]]] |
[[Слика:westminster-lokacija.png|thumb|right|250px|Местоположбата на Вестминстер во рамките на [[Голем Лондон]]]] |
||
[[ |
[[Податотека:Houses_of_parliament_dusk.jpg|thumb|right|250px|Британскиот парламент]] |
||
[[ |
[[Податотека:1593 Norden's map of Westminster surveyed and publ 1593 (1).jpg||right|thumb|250px|Вестминстер во 1593 год.]] |
||
'''Вестминстер''' ([[англ.]] ''Westminster'') е реон во [[Централен Лондон]], [[Англија]], кој се наоѓа во рамките на [[Град Вестминстер]]. Тука се наоѓа [[Вестминстерска палата|Вестминстерската палата]] како и [[Британски парламент|Британскиот парламент]]. |
'''Вестминстер''' ([[англ.]] ''Westminster'') е реон во [[Централен Лондон]], [[Англија]], кој се наоѓа во рамките на [[Град Вестминстер]]. Тука се наоѓа [[Вестминстерска палата|Вестминстерската палата]] како и [[Британски парламент|Британскиот парламент]]. |
||
Преработка од 18:08, 25 јули 2009
Вестминстер (англ. Westminster) е реон во Централен Лондон, Англија, кој се наоѓа во рамките на Град Вестминстер. Тука се наоѓа Вестминстерската палата како и Британскиот парламент.
Вестминстер се наоѓа југозападно од Лондон Сити и 0.8 km југозападно од Черингскиот крст.
Историја
Историски името на местото се користело за околината на Вестминстерската опатија – Западниот Минстер (манастирска црква), по која овој регион го добил името – која е седиште на властите на Англија веќе илјада години. Името се користи и за поголемиот Град Вестминстер во кој од 1965 спаѓаат и некогашните околии Св. Мерилебон и Падингтон.
Историската срцевина на Вестминстер е некогашниот остров Торни на кој е изградена опатијата. Таа станала традиционалното место за крунисување на кралевите на Англија. Соседната Вестминстерска палата станала главната кралска резиденција по норманските освојувања на Англија во 1066, а потоа била и дом на Парламентот и судовите во развој. Иако монархот има силно присуство во Град Лондон во облик на Лондонската Кула, тој впрочем не живеел таму (заради нечистата и нездрава околина). Така Лондон добил две засебни средишта – стопанско во Град Лондон и политичко/културно во Вестминстер, каде бил кралскиот двор. Оваа поделба е мошне очигледна и денес.
Подоцна монархијата се преселила во дворци по другите делови на градот, а судовите Кралските Судови, близу границата со Град Лондон. Овој реон и денес е административен центар, со Парламентот во Вестминстерската палата, а реиси сите други владини институции во и околу Вајтхол. Така, зборот „Вестминстер“ се користи како кратенка за Парламентот и политичката заедница на Обединетото Кралство. Како резултат на тоа, зборот се користи и за таканаречениот Вестминстерски модел на парламентарно демократско управување кој се развбил тука. Овој модел е прифатен од разни земји, особено оние од Комонвелтот и други земји во состав на некогашната Британска империја.
Надворешни врски
- Прошетки низ Вестминстер - водич од книга (англиски)