Индиска книжевност: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ќе довршам друг пат
 
Нема опис на уредувањето
Ред 9: Ред 9:
[[Сутра|Сутрите]] се најкасно создадени и припаѓаат на литературните облици од околу 400 год. п.н.е. [[Упанишади]]те (тајните науки), [[брахман]]ите и [[аријанаки]]те се прозни дела со философско-религиозен карактер.
[[Сутра|Сутрите]] се најкасно создадени и припаѓаат на литературните облици од околу 400 год. п.н.е. [[Упанишади]]те (тајните науки), [[брахман]]ите и [[аријанаки]]те се прозни дела со философско-религиозен карактер.


== Среден период ==

Овој период од развитокот на старата индиска литература опфаќа најразлични [[еп]]ови. Главни дела се ''[[Махабхарата]]'' и ''[[Рамајана]]'', а покрај нив и делото ''[[Валмики]]''.

Темата за Махабхаратата е земена од времето на индиската експанзија од север во централна Индија, додека темата за Рамајана е земена од времето на походот на Цејлон (денешна [[Шри Ланка]]). И двете дела се напишани на [[санскрит]], како и делата наречени [[пурани]], книги со религиозни и историски преданија.

Философските системи ги основале [[Махавира]] и [[Буда]], а нивните следбеници ги запишале низ списи на јазикот [[Пали јазик|пали]] и разни други дијалекти.

== Златен период ==

Златниот период на веќе ''санскритската'' литература е поврзан со династијата [[Гупта]] од [[Канауџ]]. Тогаш особено се негувале [[Драма|драмите]], кои обично се изведувале во дворците на владетелите, со две карактеристични лика: [[Видушака]] и [[Вита]], односно будала и мрза. Писателот [[Судрака]] ја напишал една од најстарите класични драми - ''[[Мркчакатика]]'' (односно ''Глинена количка'', драмата се вика така бидејќи накитот на главната хероина по низа перипетии е најден во детски глинени играчки). Историската драма ''[[Мудриот Ракшаса]]'' (или ''Ракшаса и неговиот прстен'') се случува во дворот на владетелот [[Чандра]] од Гуптите. Најголем дострел од времето на Гуптите на полето на литературата е постигнат во делата на [[Калидасе]], лиричар и драматичар. Од него останале драмите ''[[Љубовта на Маловика и Агни]]'', ''[[Урваси]]'' и ''[[Сакунтала]]'' (''Изгубениот прстен''). Последното дело, Сакунтала, е ремек-дело на кое многу му се восхитувал и [[Јохан Волфганг-Гете|Гете]]. Калидаса ги напишал и еповите за ''[[Семејството Рагу]]'', за ''[[Создавањето на богот на војните]]'', ''[[Облакот на гласниците]]'' и други.

Освен драмите на Калидаса, прочуена е и драмата на [[Бхавабхутиј]] ''[[Последна приказна за Рами и ѓерданот]]''. Најдобар претставник на подоцнежниот златен период е [[Џајадева]] (нарекуван и ''Кавираџ'', поетот-кнез), а најдобро му е делото лирската драма ''[[Гитаговинда]]'' (''Песна за кравјиот чопор''), во кој ја слави љубовта на малиот Кришна и млекарката Радхе.

Прави историски записи не постоеле во овој период. Поетот [[Бана]] ја испеал ''[[Харшакарита]]'', историска романска за животот на владетелот [[Харша]] (606-647), а во [[12 век|XII]] век од школата за летописци од [[Кашмир]] се истакнува [[Калхан]], писател на историјата за кралевите.

Посебен литературен вид, особено негуван во Индија, се [[Басна|басните]] и приказните со морални и религиозни параболи и поуки. Најпознати дела од ваков вид се ''[[Панчатантра]]'' (''Пет поглавја'') и ''[[Хитопадеса]]'' (''Книга со корисни совети''). Од овие зборници, преку класичната [[Грчка литература|грчка]], а подоцна и [[арапска литература]], многу мотиви преминале во приказните на [[Европа|европските]] народи. Констатирано е дека во [[езоп]]овите басни, во средновековниот ''[[Геста романорум]]'', во [[Џовани Бокачо|бокачовиот]] ''[[Декамерон]]'', па се до [[Лафонтен]], [[Браќа Грим|Браќата Грим]] и [[Вук Караџиќ]], одделни мотиви се црпени од Панчатантра.

Има многубројни приказни во ''[[Илјада и една ноќ]]'' кои се со потекло од Индија. Многу се значајни и прочуените правни споменици ''[[Дхарма-састра]]'', прописи за церемониите и [[Касти|кастовите]] обичаи, ''[[Мануов законик|Мануовиот законик]]'' и ''[[Артха-састра]]'', кој учи како кралевите треба да управуваат, односно некој вид на индиски [[Макијавели]].
[[Категорија:Историја на литературата]]
[[Категорија:Историја на литературата]]



Преработка од 11:26, 3 јули 2006

Индиската литература се развива на огромниот Индиски Полуостров, односно потконтинент со преку милијарда жители и култури стари илјадници години. На овој полуостров, различните народности зборуваат околу 800 јазици. Од 4 основни групи на јазици, високо е развиена литературата на индоевропските јазици (северна Индија) и на дравидските јазици (југот на Индија и источен Декан), додека помалку значајна е литературата на тибетско-бурманските јазици, додека на мунда-јазиците скоро и да не постои.

Индоевропската индиска литература се дели на неколку периоди од нејзиниот развиток.

Литературата на ведите

Најстарата индиска литература во вид на збирка од химни и различни религиозни записи е напишана на архајски санскрит. Се смета дека овие литературни творби се собирани во X век п.н.е. Збирката од химните и религиозните записи се состои од 4 книги: риг-веди, сама-веди, јаџур-веди и атхарва-веди. Најстари се риг-ведите и се верува дека тие настанале пред хомеровите спевови. Литературата на ведите со векови е пренесувана усмено.

Сутрите се најкасно создадени и припаѓаат на литературните облици од околу 400 год. п.н.е. Упанишадите (тајните науки), брахманите и аријанаките се прозни дела со философско-религиозен карактер.

Среден период

Овој период од развитокот на старата индиска литература опфаќа најразлични епови. Главни дела се Махабхарата и Рамајана, а покрај нив и делото Валмики.

Темата за Махабхаратата е земена од времето на индиската експанзија од север во централна Индија, додека темата за Рамајана е земена од времето на походот на Цејлон (денешна Шри Ланка). И двете дела се напишани на санскрит, како и делата наречени пурани, книги со религиозни и историски преданија.

Философските системи ги основале Махавира и Буда, а нивните следбеници ги запишале низ списи на јазикот пали и разни други дијалекти.

Златен период

Златниот период на веќе санскритската литература е поврзан со династијата Гупта од Канауџ. Тогаш особено се негувале драмите, кои обично се изведувале во дворците на владетелите, со две карактеристични лика: Видушака и Вита, односно будала и мрза. Писателот Судрака ја напишал една од најстарите класични драми - Мркчакатика (односно Глинена количка, драмата се вика така бидејќи накитот на главната хероина по низа перипетии е најден во детски глинени играчки). Историската драма Мудриот Ракшаса (или Ракшаса и неговиот прстен) се случува во дворот на владетелот Чандра од Гуптите. Најголем дострел од времето на Гуптите на полето на литературата е постигнат во делата на Калидасе, лиричар и драматичар. Од него останале драмите Љубовта на Маловика и Агни, Урваси и Сакунтала (Изгубениот прстен). Последното дело, Сакунтала, е ремек-дело на кое многу му се восхитувал и Гете. Калидаса ги напишал и еповите за Семејството Рагу, за Создавањето на богот на војните, Облакот на гласниците и други.

Освен драмите на Калидаса, прочуена е и драмата на Бхавабхутиј Последна приказна за Рами и ѓерданот. Најдобар претставник на подоцнежниот златен период е Џајадева (нарекуван и Кавираџ, поетот-кнез), а најдобро му е делото лирската драма Гитаговинда (Песна за кравјиот чопор), во кој ја слави љубовта на малиот Кришна и млекарката Радхе.

Прави историски записи не постоеле во овој период. Поетот Бана ја испеал Харшакарита, историска романска за животот на владетелот Харша (606-647), а во XII век од школата за летописци од Кашмир се истакнува Калхан, писател на историјата за кралевите.

Посебен литературен вид, особено негуван во Индија, се басните и приказните со морални и религиозни параболи и поуки. Најпознати дела од ваков вид се Панчатантра (Пет поглавја) и Хитопадеса (Книга со корисни совети). Од овие зборници, преку класичната грчка, а подоцна и арапска литература, многу мотиви преминале во приказните на европските народи. Констатирано е дека во езоповите басни, во средновековниот Геста романорум, во бокачовиот Декамерон, па се до Лафонтен, Браќата Грим и Вук Караџиќ, одделни мотиви се црпени од Панчатантра.

Има многубројни приказни во Илјада и една ноќ кои се со потекло од Индија. Многу се значајни и прочуените правни споменици Дхарма-састра, прописи за церемониите и кастовите обичаи, Мануовиот законик и Артха-састра, кој учи како кралевите треба да управуваат, односно некој вид на индиски Макијавели.