Циметна мечка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 11 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q2089432 (translate me)
#WPWP #WPWPMK
Ред 1: Ред 1:
{{Taxobox
{{Taxobox
| name = Ursus americanus cinnamoum
| name = Ursus americanus cinnamoum
| image =
| image = File:"Cinnamon" Black Bear.jpg
| image_caption =
| image_caption =
| regnum = [[Животни]]
| regnum = [[Животни]]

Преработка од 17:07, 24 август 2020

Ursus americanus cinnamoum
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus americanus
Триномен назив
Ursus americanus cinnamomum
Audubon and Bachman, 1854

Ursus americanus cinnamomum е под-вид на Американската црна мечка. Единствената голема разлика е бојата на крзното, кое кај оваа мечка има црвеникаво-кафеавкаста боја, по што и го добила името (cinnamon значи цимет).

И оваа мечка е омнивор, односно се храни претежно со храна од растително потекло како лешници, ореви, плодови, но понекогаш и со мед, инсекти, риба, мали глодари или мрша.

Живеалиште

Овие мечки живеат во југозападна Канада и во северозападниот дел на САД, источен Вашингтон, источен Орегон, Ајдахо, западна Монтана, западен Вајоминг, источно Колорадо и североисточна Јута[1], односно региони со сува клима. Американските мечки кои живеат во региони со поголема влажност, најчесто имаат црна боја на крзното.

Размножување

Женките достигнуваат сексуална зрелост на 4-5 годишна возраст, додека мажјаците на 5-6. Сезоната на парење најчесто е од јуни до средината на јули. Периодот на бременост е околу 7 месеци. Како кај повеќето мечки и кај овие има задоцнета имплантација на оплодената јајце клетка, со што и се дава време на мајката да наталожи доволно масти за неа и за развитокот на младенчето за време на зимата, односно за време на хибернацијата[2]. Младите се раѓаат во јануари или февруари, и остануваат со мајката околу 17 месеци.

Наводи