Ѓавато (Битолско): Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°4′50″N 21°8′18″E / 41.08056° СГШ; 21.13833° ИГД / 41.08056; 21.13833
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 139: Ред 139:


== Администрација и политика ==
== Администрација и политика ==
Месна заедница село Ѓавато
Месната заедница во село Ѓавато.

== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==
[[File:Crkva Sv.Bogorodica s.Gjavato.JPG|thumb|Црква св.Богородица с.Ѓавато]]
[[File:Crkva Sv.Bogorodica s.Gjavato.JPG|thumb|Црква св.Богородица с.Ѓавато]]

Преработка од 02:12, 2 јануари 2013

Ова е статија за битолското село. За истоименото богданско село видете Ѓавато (Богданско). За други значења видете Ѓавато.
Ѓавато

Панорама на с.Ѓавато

Ѓавато во рамките на Македонија
Ѓавато
Местоположба на Ѓавато во Македонија
Ѓавато на карта

Карта

Координати 41°4′50″N 21°8′18″E / 41.08056° СГШ; 21.13833° ИГД / 41.08056; 21.13833
Општина Општина Битола
Шифра на КО 02049
Надм. вис. 850 м
Ѓавато на Ризницата
Црквата „Св. Богородица“ во близина на селото Ѓавато

Ѓавато (познато и како Ѓавото) е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Панорама на с.Ѓавато, с.Доленци с.Лера и езеро Стрежево

Географиja и местоположба

Село Ѓавато е стационирано на северозапад од Битола на оддалеченост од 20 км, во подножјето на планината Бигла, релјефот е претежно ридско-планински, селото има растурен тип на куки и се карактеризира со девет селски маала, (Пичалова, Гулабова, Маџарова, Митрова, Ѓимишова, Брајчева, Савева, Пејчинова, Кипрова) распослано на неколку мали возвишенија и долови на западниот дел од висорамнината Цапарско поле, со оглед на надморската височина од 850 мнв и затвореноста на котлината од влијанијата на топли морски струења, владее умерено континентална клима која во одредени периоди се модифицира и преминува во планинско-континентална клима, а се карактеризира со свежи зими и пријатни лета. Ѓавато е село со висока концентрација на кислород во воздухот, во летните месеци се чувствува пријатна свежина на чист и свеж планински воздух. Со оглед да околина практично е прекриена со букови и дабови шуми и голем дел на планински пасишта.

Хидрографија

Поток Шупур м.в Аламаљца во пролет

Хидрографската состојба во с.Ѓавато е лоша, во пролетните месеци сите потоци и притоки кон река Шемница (притока на Црна река) се со доста вода, но веќе втората половина на Јуни се чувствува недостаток за вода кој трае до втората половина на Октомври, сите потоци пресушуваат а во летните месеци Јули, Август и Септември во с.Ѓавато се чувствува недостаток на вода за пиење за што се користат и бројните бунари кои ги има низ с.Ѓавато најповеќе за техничка вода но и за пиење.

Превојот Ѓавато и самиот срт на Бигла планина природна вододелница

Превојот Ѓавато претставува природна вододелница односно линија каде Дождовницата и другите води кои течат, во зависност од која страна тече водата, се делат на различни морски слива, така да од западната страна водите кои течат према преку Преспанското и Охридското езеро па потоа преку Црн Дрим, ќе припадне на Јадранскиот слив, додека водите кои течат од источната страна се вливаат преку Шемница кон Црна река и Вардар ќе се приклучи кон Егејскиот слив.

Местоположбата на поранешното с.Ѓавато место викано Дервен

Просторот каде патниот правец Битола - Ресен се искаќува на највисоката кота (1168 м.н.в) преставува планински тесец или премин, односно и селото Ѓавато пред околу 4 века првобитно се наоѓало на самиот премин таканаречен Дервен,што доаѓа од називот на луѓето кои го одржувале чист и прооден самиот премин Дервенџии, на овој простор сѐ уште постојат остатоци од некогашни куќи на жителите, црква и гробишта. Поради месноста каде се наоѓало селото низ него минувале и отседнувале патници, а особено војска. Ѓаваштани најмногу страдале од пљачкашки банди, а во еден случај и било запалено.

Превој Ѓавато, просторот каде некогаш било стационирано с.Ѓавато

како показатели не наведуваат остатоците пронајдени на планинскиот превој Ѓавато:

Старо Село, средновековна населба. На околу 3 км југозападно од од с. Ѓавато се гледаат остатоци од стара селска населба.

Кале, утврдена населба од доцноантичкото време. На околу 3-4 км западно од с. Ѓавато поточно на просторот околу планинскиот превој Ѓавато се среќаваат траги од одбранбен ѕид од кале кое најверојатно било дел од одбранбениот систем што го обезбедувал преминот и е во непосредна врска со тврдините кај селата Доленци, Лера и Стрежево.

Св. Богородица , некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на југоисточната периферија на просторот околу планинскиот превој Ѓавато При изградбата на селскиот пат, источно од црквата се откриени гробови градени од тегули, на две води. Во тремот на црквата се вградени повеќе антички тули.

Историja

Во 1639 во Ѓавато имало буна против Османлиската власт. Непосреден повод за нејзиното избувнување било апсењето на ајдутинот Белче. Селаните се спротивставиле. Спомнати во предводувањето на буната во с. Ѓавато се Митре, Никола, Илија и Голе. Започнала борба во која Турците имале пушки и сабји, а селаните вили и стапови. Неколку селани загинале, Белче бил убиен, по што Турците му ја отсекле главата и му ја однеле на кадијата како доказ дека бил ликвидиран.[1]


Ѓорѓи Сугарев бил активен како војвода во Ѓавато пред и за време на Илинденското востание. Таму тој се претворил во легенда за време на битката кај село Ѓавато, каде што со својата храброст и себеодрекување тој на востанатиот народ му дал пример како се војува за својата земја.

Поглед на село Ѓавато

Комунистичките и прогресивни движења во село Ѓавато пред и за време на Втората светска војна

1936 год, Учитествување и политичката активност на Тодор Ангелевски во село Ѓавато Во учебната 1936/37 година во село Ѓавато, за учител бил назначен Тодор Анелевски од село Лавци, кого селаните популарно го викале Тошо Даскало. Тој заедно со учителите што учителствувале во овој крај, Борис Стрезовски, Пенко Здравковски, Драгољуб Митровиќ и Илија Јанкуловски наишле на поволна клима, т.е. доста прогресивни селани за плодна политичка работа. Тошо во Ѓавато станал особено близок со Трајан Белев и Јонче Мурџевски.

1937 година, Саботирањето на изборите во село Ѓавато На општинските избори во 1937 година, прогресивните сили и политичката активност на Тошо Даскало и Трајан Белев, ги организирале прогресивните селани од Ѓавато укажувајќи им дека власта сака да им наметне свој кандидат, така да една група на чело со Тошо Чаталов, Сотир Бубев, Томе Бендев и Тодор Чаталовски дошле на гласачкото место и ги искинале гласачките списоци. Набрзо, некои уште истата вечер, а некои другиот ден, врзани со синџири ги спровеле пеш до Битола. Истите биле условно казнети.

село Ѓавато - Савева мала

1938 година, Формирање на набавно-продајна задруга во Ѓавато Работата на Трајан Белев и Тошо Даскалот и други прогресивни учители меѓу многубројните бедни и средни селани во Ѓавато вродила со плод кога во 1938 година успеале да им се спротистават на приватниците - бакали со тоа што била формирана набавно-продајна задруга. Задругата во исто време служела како форма за прибирање на селаните и вршење на прогресивно влијание врз истите. Било купено радио на батерии и формирана библиотека со претежно прогресивна литература. Управата на задругата ја сочинувале: Коле Бендев- Ѓаваштанец, претседател и Илија Јанкулов - учител, книговодител, Методија Мацанов, Ѓаваштанец, работник, магационер.

Март 1940 година, Формирање на партиска келија во Ѓавато Разгранетата дејност на МК на КПЈ-Битола се почувствувала и во село Ѓавато. Тука, членот на МК-Богоја Фотев од село Бистрица формирал партиска келија во Ѓавато, од три члена: Тодор Ангелевски (Тошо Даскало)- секретар и членовите Трајан Белев- работник и Илија Јанкуловски- учител во Ѓавато. Набрзо партиската келија знатно се проширила. Во месец август партиска келија во Ѓавато сега броела единаесет членови. Тоа биле: Трајан Белев- секретар Тодор Ангелевски (Тошо Даскало) Илија Јанкулоски Коле Бендев Крсте Илиев Димитрија Филипов Методија Мацанов Тодор Чаталовски Митре Чаталовски Ташко Чаталовски Сотир Бубев. Неколку месеци подоцна на ревизија дошол Перо Јовановски-Тиквар, а есента секретарот на ПК за Македонија Блажо Орландиќ. Врските на ѓаватската партиск келија биле со Битола и Ресен. Март 1941 година, Протести на селани пред Комесарството, Комунистите од село Ѓавато заедно со незадоволните соселани, околу 50-60 души, мажи и жени, од порано договорени, тргнале кон Комесарството да бараат прехранбени артикли (сол, масло и сл.). Таму, тие сретнале друга група селани од други села со иста цел. Во канцеларијата на Комесарството влегле само жени, истапувајќи смело со своите барања. Меѓутоа, разочарувањето било поголемо, затоа што добиле само „ветувања“.

Село Ѓавато - зимски пејсаж

Март 1941 година, Формирање на прва СКОЈ-евска група во Ѓавато Постапувајќи по директивите на Блажо Орландиќ - омасовување на Партиската келија и формирање на СКОЈ, во март 1941 година, во Ѓавато, прогресивните и проверени младинци формирале прва СКОЈ-евска група. Неа ја сочинувале: Јонче Мурџевски-член на КПЈ- секретар Мијал Грбевски Лазе Ласоски Науме Ј. Тунтевски Покрај теоретско изградување и други деловни работи, групата имала за задача да ги разбие патријахалните сфаќања на селото и да привлече за симпатизери и соработници и младинки, во што нешто подоцна и успеале.

9 Април 1941 година, Борби со германските сили на Дервен На преминот меѓу Ресен и Битола, бившата југословенска армија имала направено по патот за Битола препреки од балвани (трупци) и камења на секои 200 метри. Тој терен бил чуван од еден зајакнат батаљон, снабден со потребна муниција, оружје и други воени материјали. Кога наближиле германските тенкови, ноќта на 9ти април отпочнала борба во која од страна на југословенската војска паднале околу 50-60 мртви и ранети. Германците, како надмоќни, лесно ги поминале препреките. По борбата, на Дервенот останале многу воени материјали, оружје и муниција. Пo наредба на Партиската ќелија доста од материјалот и оружјето било прибрано и сокриено.

село Ѓавато

28 Август 1941 година, Дочек на владиката во село Ѓавато Окупаторската власт сакајќи што повеќе да се здобие со симпатии мегу населението, му приредила помпезен пречек на владиката Борис Симонов Неврокопски, родум од Ѓавато, нашколуван од Егзархијата и приврзаник на окупаторските сили. Во селската црква владиката одржал говор во кој почнал да го напаѓа комунизмот, Советскиот Сојуз како и народноослободителната војска. Тогаш младите комунисти и симпатизери од Ѓавато на чело со Јонче Мурџевски демонстративно ја напуштиле црквата со што „гробната“ тишина била нарушена, а целта на владиката осуетена.

Средината на ноември, 1941 година, Мирче Ацев во I реон Мирче Ацев како одговорен на Комитетот при МК - Битола бил во обиколка на селата од Првиот регион. Со цел да направи увид врз работата на Партиските келии, а истовременода да даде поконкретни инструкции на членовите на КПЈ на теренот. Заедно со Коле Бендев, член на КПЈ од Ѓавато, Мирче Ацев стигнал до Ѓавато. Таму, на нивата на Трајан Белев во присуство на Коле Бендев, Јонче Мурџевски, Трајан Белев, сите од Ѓавато, и Серафим Богдановски- Цано и Борис Стерјевски од с. Лера одржале состанок, на кој Мирче Ацев ги истакнал промените во ПК, им го прочитал писмото на ПК на КПЈ до членовите на КПЈ и СКОЈ, за грешките на Шарло и потребата од вооружено востание во Македонија, за акцијата на прилепскиот одред и сл.

Февруари 1942 година, Неуспешниот обид за апсење на Трајан Белев Секретарот на Први Реон на КПЈ-Трајан Белев поради својата голема партиска активност и радиус на движење, станал за полицијата сомнителен,па решила да го уапси. Кога органи на окупаторската власт дошле да го уапсат Белев благодарение на својата умешност и ладнокрвност како и известувањето од страна на членовите на КПЈ од Ѓавато и негоиот син Методија, Трајан Белев се вратил во Битола и оттогаш станал илегалец. Местото на реонски секретар времено го имал Коле Бендев од село Ѓавато, а подоцна Серафим Богдановски-Цано од село Лера.

Село Ѓавато - Училиште

12 Март 1942 година, Формирање на читалиште „Гоце Делчев“ во село Ѓавато На 12.III.1942 под име „Народно читалиште- Гоце Делчев“ во село Ѓавато членовите на КПЈ и СКОЈ ја оствариле својата замисла, т.е. отвориле во селото културно-просветно установа која ја користеле легално за политичка агитација, купување на прогресивна литература. Читалиштето било место каде овозможувало послободно собирање на луѓето, размена на мисли, партиски политички живот како и просветување на населението.Во управата на читалиштето биле избрани луѓе од власта ( на пример кметот на селото, со цел залажување на власта), но главните раководители биле комунистите и тоа: 1.Претседател Борис Стрезовски-учител, член на КПЈ; 2.Потпреседател Коле Бендев, член на КПЈ; 3.Касиер-библиотекар- Методија Мацанов; 4.Секретар- Илија Бендев.

Март 1942 година, Селски протести пред окупаторската власт Партиската организација во Ѓавато го искористила незадоволството на населението кое не добивало редовно следување на прехранбените артикли и организирала во март 1942 година едно демонстративно истапување пред окупторската власт во село Кажани. Откако кметот им укажал дека артикли нема и дека треба да се стрпат незадоволните наговорени од ѓаватските комунисти решиле другиот ден заеднички да истапат и во Битола. Така и сториле.

село Ѓавато - Поранешен ученички интернат

2 Август 1942 година, Акцијата на Одредот „Даме Груев“ во село Смилево Бугарската окупаторска власт сакајќи да го прикаже секој македонски национален празник како бугарски за Илинден припремила голема свечаност во село Смилево, било планирано селото да го посети, бугарскиот министер за внатрешни работи Габровски. Меѓутоа, раководството на партизанскиот одред „Пелистер“решил својата прва акција да ја изведе со митинг во Смилево. Одредот помогнат од комунистите на селата Ѓавато, Смилево, и други (тие ги исекле телефонски жици) утрото свечано навлегол во село Смилево. Одредот снабден со храна од селаните се повлекол. помпезноста на окупаторот изостанала.

Напад на полицискиот подучасток во село Кажани (18 Август 1942 година) Штабот на Одредот „Даме Груев“ за да му помогне на прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“ и ги одвлече окупаторските сили, кои се сконцентрирале за да го рзбијат, во координација со партиските келии од Први реон подготвил акција за напад. Цел на нападот бил IV пограничен подучасток засилен со воени единици. Ноќата помеѓу 18 и 19 Август три групи со строго определени задачи. Чии водачи на групи биле Ѓаваштаните Лазе Ласовски, Мијал Грбевски и Стојан Бендев. Покрај Ѓаваштани во акцијата зеле учество партијци, скоевци и симпатизери од селата Братиндол, Ротино, Доленци и Лера со тоа што ги исекле телефонските жици меѓу Битола и Кажани и Кажани и Ресен. Поради непредвиден настан акцијата започнала нешто порано, т.е. 18 Август 1942 година и траела 2-3 саати. Партизаните немале мртви. Окупаторот бил изненаден и дал неколку жртви. Напорите што ги вложиле војниците и полициските сили да го откријат Одредот не им успеале.

село Ѓавато - Гулабова мала и поглед кон село Доленци во позадина

22 Август 1942 година, Строги мерки на полицијата против комунистите Нападот на полицијата и војската во село Кажани од страна на Одредот „Даме Груев“ и немоќта да го ликвидираат окупаторските сили, превзеле уште построги мерки спрема населението. воведување на полициски час, забрана на минување од село в село без дозвола, строга контрола кој што купува, шпиунирање, зголемена антикумунистичка агитација исл. Кон населението во селата од Први реон биле спроведени големи малтретирања, особено спрема семејствата на илегалците и членовите на КПЈ и СКОЈ што биле во затвор.

Август 1942 година Голема провала во Први реон По неуспешниот обид на окупаторот да го пронајде Одредот се спровеле големи апсења на територијата на Први реон. Благодарение на слабото движење на реонскиот секретар Серафим Богдановски- Цано настанала голема провала. Предавството на Цано водело до тоа што тој станал соработник на полицијата. Тогаш многумина комунисти и скоевци биле затворени. Во затворот биле малтретирани, навредувани и на крајот судени. Меѓу многумината осудени на доживотен затвор биле Борис Стрезовски и Јонче Мурџевски, кои биле осудени на смрт и бесење. По оваа голема провела во Први реон активноста на комунистите скоро сосема замрела.

поглед од село кажани кон село Ѓавато

Завршните борби Август 1944 година во с. Ѓавато формирање на НОО (народно ослободителни одреди) за неколку села Во месноста „Шабанови ливади“ во август 1944 година бил одржан голем народен собир на кого зборувал Трајче Грујоски. На собирот присуствувале 150-200 души од Ѓавато и уште неколку од соседните села Маловиште, Кажани, Доленци, Гопеш, Рамна и Лера. По говорот на Грујоски присутните избрале НОО со седиште во Ѓавато. НОО покрај редовното снабдување на НОВ со храна. материјали, извештаи и сл. спровел во почетокот на септември мобилизација на сите лица на возраст од 18-40 години.

Земјоделец - фармер село Ѓавато

Економија

Во селото најзастапено е Градинарство, мал дел Овоштарство, и Сточарство, мини фарми за млекопроизводство. како и Живинарство Интересно е да се напомене дека посебно во текот на пролетните, летните и есенските месеци добрите климатски услови во село Ѓавато овозможуваат развој на Пчеларството и Билкарство односно собирањето на лековити билки,чаеви,шумски и други споредни производи.

Демографија

Според одредени статистики за време на османлискиот период од крајот на 19 век и почетокот на 20 век во село Ѓавато имало околу 1500 жители

Според пописот од 2002 година, селото Ѓавато брои 122 жители, сите Македонци.

Општествени институции

Администрација и политика

Месната заедница во село Ѓавато.

Културни и природни знаменитости

Црква св.Богородица с.Ѓавато
Црква св.Богородица с.Ѓавато м.в Главиште

Интересн податок е да се напомене да во околината на с.Ѓавато има три цркви под името Св.Богородица односно тоа се црквите Св.Богородица лоцирана на планинскиот превој Ѓавато, црквата Св.Богородица с.Ѓавато лоцирана источно од селото на еден километар од с.Ѓавато поточно на тромеѓето на атерите на с.Ѓавато-с.Кажани-с.Доленци каде се наоѓаат и селски гробишта на овие три села, бидејки за време на османлиската власт с.Кажани и с.Доленци биле муслимански села и малубројните христијаните од овие две села ја користеле оваа црква за верски обреди како и просторот околу црквата за гробишта на починатите христијаните кои живееле во с.Ѓавато и соседните села Доленци и Кажани, и третата обновена црква од поново време Св.Богородица на м.в.Главиште на 500 метри западно од селото во пазувите на Бигла планина.

Редовни настани

Ден Голема богородица 28.Август во дворот на црквата Св.Богородица превој Ѓавато
Голема богородица во дворот на црквата Св.Богородица превој Ѓавато

Како Селска слава населението на с.Ѓавато ја слави Голема Богородица или Успание на пресвета богородица на 28.Август, мештаните славењето на овој празник го започнуваат во вечетните часови на 27 Август вечер спроти Голема Богородица со одење во црквата Св.Богородица на превојот Ѓавато, следниот ден на 28.Август има голем собир во дворот на црквата од утринските часови до пладне, кога се оди на ручек во с.Ѓавато, во попладневните часови голем број на граѓани од с.Ѓавато како и лица од Битола, Скопје, Ресен и други градови кои потекнуваат од с.Ѓавато како и голем број христијани од другите села на сред село кај поранешното училиште Трајан Белев со музика и игра го одбележуваат овој христијански празник, Во касните вечерни часови Младите продолжуваат со прослава во селскиот дом или салата на поранешното школо како игранка. До неодамна до пред деценија постоеше прославување на овој празник три дена на 28, 29, и 30 Август но последните децении со зголемување на миграциите на населението и се помалиот број на жители во с.Ѓавато прославувањето на овој празник се сведе на 28. Август ден на Голема Богородица.

Населението на с.Ѓавато и за други верски празници прават собири на сред село или во една од трите цркви, како на пример, Бадник и Коледе на 05,06 Јануари, Божик 07.Јануари, Богојавление - Водици 19 Јануари зависно од датумот Населението од Ѓавато, Кажани и Доленци се собираат во црквата Св.Богородица во с.Ѓавато за големиот христијански празник Велигден, на третиот ден од велигден населението од с.Ѓавато ја посетува црквата Св.Богородица на местото викано Главиште. Исто така сосбир се прави и на 21.Септемвти - Мала Богородица во дворот на црквата Св.Богородица на превојот Ѓавато

Личности

Јонче Мурџевски е роден во село Ѓавато 1928 во сиромашна фамилија. По занимање бил земјоделец, но приврзаник на прогресивното струење во селото. Бил член на КПЈ, а воедно и секретар на СКОЈ во Ѓавато.Неговата куќа било мошне погодно место за илегалци и место за партиски состаноци. Покрај редовните партиски должности Мурџоски одржувал контакти со одредот „Даме Груев“. Бил еден од раководителите и активни комунисти во Ѓавато.По големата провала бил уапсен и затворен, осуден на смрт и обесен во битолскиот затвор.

Трајан е роден во село Ѓавато, во 1903 година.Трајан уште од рано детство бил принуден да работи за издржување на фамилијата. Кога имал 18 години, заминал на печалба во Франција,а потоа и во САД. Трајан Белев бил редовен на сите митинзи каде се манифестирала солидарноста со Советскиот Сојуз. Трајан сакал илегално да замине за Советскиот Сојуз, меѓутоа бил откриен и како непожелен протеран од САД. Белев не само во Ѓавато туку и во соседните села агитирал против профашистичкиот режим на Стојадиновиќ. За време на окупацијата станал и секретар на Реонскиот комитет на Први реон, потоа и илегалец но во реонот секаде се чувствувало неговото присуство. Активноста на Трајан го истакнала до тоа да биде член на Оперативниот штаб на Втората Оперативна зона и комесар по снабдување. По формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“, Белев ја имал должноста заменик комесар на батаљонот.Во една од многубројните акции Трајан Белев-Гоце загинал на 8 Ноември 1943 година.

Роден е во ноември 1918 година во село Ѓавато, Битолско. Уште во раното детство нивната фамилија се преселила во село Гопеш. Конкретно Андоновски Михајло потекнува од сиромашна фамилија, која претежно се занимавала со сточарство, а и со земјоделие. Поради слабата материјална положба Михајло како и неговите браќа биле принудени да се глават како момоци кај имотните селани во разни места. Окупацијата Михајло го затекна,ла во Мариово каде што бил да работи како момок. Преку партиската организација се поврзал во село Рапеш со партизаните кои ги помагал на сите можни илегални начини, а во август 1944 и самиот се приклучил кон НОВЈ. Како борец зел учество во повеќе акции, меѓу кои попознати се оние на Ѓавато, за ослободување на Прилеп и други. Во борбите за ослободување на Охрид од Германците, Михајло го изгубил својот живот на 7 ноември 1944 година

Борис е роден во село Ѓавато 1924 година во бедна фамилија. Уште како малечок Борис му помагал, а и подоцна често и самиот вршел препродавање на јаболка, дрва, риби исл. за да ја издржува фамилијата. За време на окупацијата Џидовски со група прогресивни младинци ја помага НОБ, а кога во Ѓавото дошла до Седмата бригада и се приклучил. Подоцна, на Сремскиот фронт, и припаѓа на Втората македонска бригада каде зел учество во повеќе борби. Во една таква борба за Врпоље, Џодовски бил тешко ранет, а нешто подоцна подлегнал на истите. Починал на 5 април 1945 година.

Буџевски произлегува од сиромашна земјоделска печалбарска фамилија од село Ѓавато. Роден е 1923 година. Уште како мало дете ја почувствувал сета сиромаштија, бидејќи морал да работи за да се прехранува.Подоцна бил овчар. За време на окупацијата Буџевски се дружел со прогресивните младинци од селото. Од нив добивал летки но не ги покажувал на власта. Во август 1944 година Буџевски и се приклучил на НОВЈ. како борец на Втората македонска бригада зел учество во сите борби што ги водела неговата единица на Сремскиот фронт. Во една жестока борба кај Стриживојно, митролезецот Буџевски, на 17 април 1945 година загинал.

Чумковски е роден во село Ѓавато на 24.III.1924 година, во мошне бедна селска печалбарска фамилија. Се школувал до четврто одделение. Заминувајќи на печалба татко му им ја оставил цела грижа на Тодор, наречен Тодија и брат му Борис, односно тие ги паселе говедата и така привредувале за фамилијата. По капитулацијата на стара Југославија, Тодија од Дервен прибрал, како и многуте Ѓаваштани, оружје, муниција, шаторски крила и сл. и добар дел од тоа му предал на ѓаватската партиска келија. Така,на пример,покрај другото, го дал митролезот марка „Горки“ и уште еден пушкомитролез. Тодија во 1944 година на 11 септември исе приклучил на НОВЈ и и припаѓал на Втората македонска бригада. Со заминувањето на Сремскиот фронт Чумковски зелу чество во повеќе борби, а во една таква кај Врпоље, на 17 април 1945 година загина како борец- митролезец.

Цибалевски е роден на 14.II.1924 година во деветочлена селско-работничко фамилија, во село Ѓавато. Иако одличен ученик, немајќи материјални средства не го продолжил школувањето, туку работел како општ работник. Откако татко му настрадал од мина,1939 година и станал немоќен да привредува, целата грижа околу семејството останало на младиот Трајан. Извесно време бил на работа во Германија од каде оболен и исцрпен се вратил в село. Во есента 1944 година Цибалевски и се приклучил на Седмата бригада и зел борби во повеќе борби каде што се движела истата. Потоа, кога XV корпус, во чиј состав била и 48. дивизија со Седмата бригада, заминал на Сремскиот фронт. Цибалевски загинал како нишанџија на митролез заедно со својот помошник кај Кајгана, Хрватска за кое е одликуван со „Орден заслуги за народ“

  • Додовски, Владо(1938–1999),Добитник е на наградата „4-ти Ноември“ на град Битола. новинар, театарски критичар и писател. Роден 1938 г. во с. Ѓавато, Битолско. Основно образование и гимназија завршил во Битола, а Филозофски факултет вo Скопје, По завршувањето на студиите кра тко време бил јазичен редактор во весникот „Вечер“. Од 1966 г. најголемиот дел од работниот век го минал во „Битолски весник“. Две години бил директор на Народниот театар во Битола за потоа пак да се врати во Битолски весник, на нови нарството како негова најголема преокупација. Секогаш мирен, педантен, достоинствен, подготвен да ја дофати вистината и да ја забележи на новинарските страници, Во текот на повеќе од три децении Владо Додовски се пројавил со театарската критика и хроника од работата на народниот театар во Битола. Избор од неговите театарски критики се објавени во книгата „Театарски времеплов“ (1994, Битола). Автор е на повеста за деца „Децата и војната“ (1972, Битола) и на други раскази за деца, на романите „Долг“ (1995) и „Све доци“(1999), постхумно. Toj има публикувано и забележителен број на раскази за деца, на повеќе литературни преводи, преводи на драмски дела, прикажани на сцената на Народниот театар - Битола. Почина 1999 г. во Битола.
  • Илија Алушевски (1928 - 2004) - македонски фолклорист, етнолог, просветен деец, публицист, кореограф и запишувач на усната литература во битолскиот крај и пошироко, поттикнувач и организатор на јавни манифестации исполнети со фолклорен жанр, учесник во развојот на аматеризмот во Македонија, меѓу македонските иселеници воГерманија, Шведска и на други места.[2]

Култура и спорт

Иселеништво

По неуспехот на Илинденското востание дел од овдешното население на село Ѓавато заминува на печалба пред се Бугарија (Софија), Србија (Белград), Романија (Букурешт) или во други европски земји како и во некои прекуокеански земји. Оваа појава со несмален интензитет е присутна и меѓу двете светски војни. Еден до два члена од семејството оделе на печалба и останувале по пет до шест години. Многу ретко едниот, а поретко двајцата се враќале назад.

Периодот послем балканските војни и Првата светска војна бидејки голем дел од турското население на соседното село Кажани заминало, се иселува во Турција дел од населението од с.Ѓавато се населуваат во с.Кажани.

Печалбарската традиција, продолжила и послем ослободувањето на најголемата миграција се случула во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век кога огромен број на жители на село Ѓавато трајно се иселуваат во Америка, Австралија, Канада или некои Европски земји, сега во вид на иселеништво не е запрена до денешни дни.

Голем дел на населението на село Ѓавато во периодот на шеесетите и седумдесетите години на минатиот век како последните две децении на минатиот век, пред се од економски карактер заради вработување се иселуваат во внатрешноста на Р.Македонија пред се во Скопје, Ресен, Битола или други градови.

Наводи

Надворешни врски

http://arheo.com.mk/2009/03/11/tracing-via-egnatia-in-republic-of-macedonia/

http://www.mnd-bitola.mk/files/broj%203-4/15%20Iseluvanjeto%20od%20Bitolskiot.pdf

http://www.scribd.com/doc/37090082/Znacajni-Licnosti-od-Bitola

Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.