Ресул Шабани: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
+ награда 11 октомври |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 19: | Ред 19: | ||
| деца = |
| деца = |
||
}} |
}} |
||
'''Ресул Шабани''' ([[албански јазик|албански]]: ''Resul Shabani'') е [[Албанци|албански]] [[поет]], прозаист, драмски писател и преведувач од [[Република Македонија]]. Пишува на [[македонски јазик|македонски]] и на [[албански јазик|албански]] јазик, и преведува од двата јазика. Шабани е еден од поистакнатите претставници на албанскиот творечки литературен корпус, застапен во повеќе антологии кои ја презентираат македонската поезија и литература. Во 2011 година, Шабани ја добива престижната награда за животно дело |
'''Ресул Шабани''' ([[албански јазик|албански]]: ''Resul Shabani'') е [[Албанци|албански]] [[поет]], прозаист, драмски писател и преведувач од [[Република Македонија]]. Пишува на [[македонски јазик|македонски]] и на [[албански јазик|албански]] јазик, и преведува од двата јазика. Шабани е еден од поистакнатите претставници на албанскиот творечки литературен корпус, застапен во повеќе антологии кои ја презентираат македонската поезија и литература. Во 2011 година, Шабани ја добива престижната награда за животно дело „11 Октомври“.<ref>[http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/28078/vracheni_nagradite_11-ti_oktomvri.aspx МТВ: Врачени наградите 11-ти октомври ]</ref> |
||
== Биографија == |
== Биографија == |
Преработка од 23:42, 11 октомври 2011
Ресул Шабани | ||
Роден | Ресул Шабани 14 октомври 1944 Калишта,Струшко, Република Македонија, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија. |
Ресул Шабани (албански: Resul Shabani) е албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија. Пишува на македонски и на албански јазик, и преведува од двата јазика. Шабани е еден од поистакнатите претставници на албанскиот творечки литературен корпус, застапен во повеќе антологии кои ја презентираат македонската поезија и литература. Во 2011 година, Шабани ја добива престижната награда за животно дело „11 Октомври“.[1]
Биографија
Роден е на 14 октомври 1944 година во Калишта, Струшко. Завршил Виша педагошка школа во Скопје[2], како и албанска литература на Универзитетот во Приштина[3]. Бил наставник по албански јазик, а потоа новинар и уредник на културната рубрика во Флака, одговорен уредник на списанието Јехона. Бил одговорен уредник на списанието за деца Гезими и член на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, како и надворешен советник за издавачка дејност во Министерството за култура[2]. За време и по неговиот ангажман во министерството, Шабани и неговата издавачка куќа Серембе се обвинети од страна на повеќе албански издавачи за наводна привилегирана положба при доделувањето на средства за издавачка дејност.[4]
Член е на македонскиот ПЕН центар (учествува и во Надзорната комисија) и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1976). Учествувал во жирија за доделување на книжевни награди за детска литература. Пет од неговите драми се изведувани на сцена, а негови дела се преведувани на повеќе европски јазици: англиски, италијански, романски, француски, руски, шпански, српски итн. Од друга страна, пак, Шабани е значаен и како преведувач - на албански јазик има преведувано дела од Блаже Конески, Владо Малески, Димитар Солев, Кочо Рацин, Ефтим Клетников, итн.
Литературно творештво
- Езеро (Liqeni, раскази, 1974)
- Риба (поезија, 1975)
- Свето (раскази, 1978)
- Хамлет со црно кече (Hamleti me plis të zi, поезија, 1978)
- Стариот брод (Anija e vjetër, драма, 1978)
- Дожд во Уертомонто (драма, 1979, премиера во 1986, Театар на народностите - Скопје, режија: Владимир Милчин)
- Езерска самовила (Ora e liqenit, поезија, 1983)
- Љубовта на капетанот (Dashuria e Kapitenit, роман, 1983)
- Кумова слама (драма, 1983)
- Сол и вода (драма, 1983)
- Фани доаѓа сам (Fani vjen vetëm, драма, 1984, премиера во 1988, повторна изведба 2005, Албански театар - Скопје )
- Млечниот пат (драма, 1985)
- Водениот ракопис на полето[се бара извор] (поезија, 1987)
- Монотонија (драма, 1987)
- Ох, Америка (Oh, Amerika, поезија, 1989)
- Влажна трепка (раскази, 1994)
- Измислен грев (Mëkat i trilluar, поезија, 1996)
- Мис на дуња (1998)
- Седум драми (1999)
- Nuse Vale: Tregime (2001)
- Повторно за жалната врба (Përsëri për shelgun vajtues, поезија, 2004)
- Мост од вода (2007)
Награди
- Златно перо
- Серебе (за лирика)
- 13 ноември за култура и уметност (2002) - награда на град Скопје
- Книжевно жезло (2005) - награда на Друштвото на писателите на Македонија
- Григор Прличев (2008) - награда на Друштвото на писателите на Македонија (за препев од македонски на албански јазик на книгата Само ангел од Братислав Ташковски)
Надворешни врски
Наводи
- ↑ МТВ: Врачени наградите 11-ти октомври
- ↑ 2,0 2,1 Македонски ПЕН Центар: Био-библиографски белешки за членовите - Ресул Шабани' посетено на 8 март, 2008.
- ↑ Voix de la Méditerranée - Resul Shabani' посетено на 8 март, 2008.
- ↑ ЗАИ - Јавно писмо до министерството за култура' посетено на 8 март, 2008.