Ресул Шабани
Ресул Шабани | ||
Роден | Ресул Шабани 14 октомври 1944 Калишта, Струшко | |
---|---|---|
Занимање | албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија. |
Ресул Шабани (албански: Resul Shabani) е албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија.
Животопис[уреди | уреди извор]
Шабани е роден на 14 октомври 1944 година во селото Калишта, Струшко. Завршил Виша педагошка школа во Скопје[1], како и албанска литература на Универзитетот во Приштина[2]. Бил наставник по албански јазик, а потоа новинар и уредник на културната рубрика во Флака, одговорен уредник на списанието Јехона. Бил одговорен уредник на списанието за деца Гезими и член на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, како и надворешен советник за издавачка дејност во Министерството за култура[1]. За време и по неговиот ангажман во министерството, Шабани и неговата издавачка куќа Серембе се обвинети од страна на повеќе албански издавачи за наводна привилегирана положба при доделувањето на средства за издавачка дејност.[3]
Шабани е член на македонскиот ПЕН центар (учествува и во Надзорната комисија) и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1976). Исто така, тој учествувал во повеќе жири-комисии за доделување на книжевни награди за детска литература.
Книжевно творештво[уреди | уреди извор]
Шабани е еден од поистакнатите претставници на албанскиот творечки литературен корпус, застапен во повеќе антологии кои ја презентираат македонската поезија и литература. Тој пишува на македонски и на албански јазик, и преведува од двата јазика. Негови позначајни дела се:
- Езеро (Liqeni, раскази, 1974)
- Риба (поезија, 1975)
- Свето (раскази, 1978)
- Хамлет со црно кече (Hamleti me plis të zi, поезија, 1978)
- Стариот брод (Anija e vjetër, драма, 1978)
- Дожд во Уертомонто (драма, 1979, премиера во 1986, Театар на народностите - Скопје, режија: Владимир Милчин)
- Езерска самовила (Ora e liqenit, поезија, 1983)
- Љубовта на капетанот (Dashuria e Kapitenit, роман, 1983)
- Кумова слама (драма, 1983)
- Сол и вода (драма, 1983)
- Фани доаѓа сам (Fani vjen vetëm, драма, 1984, премиера во 1988, повторна изведба 2005, Албански театар - Скопје )
- Млечниот Пат (драма, 1985)
- Водениот ракопис на полето[се бара извор] (поезија, 1987)
- Монотонија (драма, 1987)
- Ох, Америка (Oh, Amerika, поезија, 1989)
- Влажна трепка (раскази, 1994)
- Измислен грев (Mëkat i trilluar, поезија, 1996)
- Мис на дуња (1998)
- Седум драми (1999)
- Nuse Vale: Tregime (2001)
- Повторно за жалната врба (Përsëri për shelgun vajtues, поезија, 2004)
- Мост од вода (2007)
Пет од неговите драми се изведувани на сцената, а неговите дела се преведувани на повеќе европски јазици: англиски, италијански, романски, француски, руски, шпански, српски итн. Од друга страна, пак, Шабани е значаен и како преведувач - на албански јазик има преведувано дела од Блаже Конески, Владо Малески, Димитар Солев, Кочо Рацин, Ефтим Клетников, итн.
Награди[уреди | уреди извор]
- Златно перо
- Серебе (за лирика)
- 13 ноември за култура и уметност (2002) - награда на град Скопје
- Книжевно жезло (2005) - награда на Друштвото на писателите на Македонија
- Григор Прличев (2008) - награда на Друштвото на писателите на Македонија (за препев од македонски на албански јазик на книгата Само ангел од Братислав Ташковски).
- 11 Октомври (2011) - државна награда за за животно дело.[4]
На 6 ноември 2014 година, во Друштвото на писателите на Македонија била организирана средба по повод 50 години од товрештвото на Шабани. За неговиот опус зборувале академикот Али Алиу и писателот Бранко Цветкоски.[5]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Ресул Шабани, Македонски ПЕН центар Архивирано на 20 март 2011 г.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Македонски ПЕН Центар: Био-библиографски белешки за членовите - Ресул Шабани' Архивирано на 20 март 2011 г. посетено на 8 март 2008.
- ↑ Voix de la Méditerranée - Resul Shabani' Архивирано на 20 мај 2007 г. посетено на 8 март 2008.
- ↑ ЗАИ - Јавно писмо до министерството за култура' Архивирано на 30 мај 2009 г. посетено на 8 март 2008.
- ↑ „МТВ: Врачени наградите 11 октомври“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-10-11.
- ↑ „Портрет на Ресул Шабани во ДПМ“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 20.