Тиренско Море: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.1) (Бот Додава: mr:तिर्हेनियन समुद्र |
с Бот Додава: li:Tyrreense Zie |
||
Ред 90: | Ред 90: | ||
[[lt:Tirėnų jūra]] |
[[lt:Tirėnų jūra]] |
||
[[lij:Mâ Tirren]] |
[[lij:Mâ Tirren]] |
||
[[li:Tyrreense Zie]] |
|||
[[hu:Tirrén-tenger]] |
[[hu:Tirrén-tenger]] |
||
[[mr:तिर्हेनियन समुद्र]] |
[[mr:तिर्हेनियन समुद्र]] |
Преработка од 17:47, 8 септември 2011
Тиренското Море (итал. Mare Tirreno) е водна површина која преставува дел од Средоземното Море, т.е. делот западно од копното на Италија.
Географија
Морето се граничи со Корзика и Сардинија на запад, Тоскана, Лацио, Кампанија, Базликата и Калабрија на исток и Сицилија на југ.
Најголемата длабочина на морето изнесува 3785 m.
Тиренското Море се наоѓа близу местото кадешто се среќаваат африканската и европската плоча, па затоа во неговите длабочини има цели планински вериги и активни вулкани. Во јужниот дел од морето се наоѓаат осумте Еолски Острови, северно од Сицилија.
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Тиренското Море се следниве:[1]
Во Месинскиот Проток. Линија што го поврзува северниот крај на ‘ртот Пачи (15°42' ИГД) со источниот крај на островот Сицилија, ‘ртот Пелоро (38°16' СГШ).
На југозапад. линија што се протега од ‘ртот Лилибео (најзападно во Сицилија) до јужниот крај на ‘ртот Теулада (8°38' ИГД) во Сардинија.
Во протокот Бонифачо. Линија од западниот крај на ‘ртот Теста (41°14' СГШ) во сардинија, па до југозападниот крај ‘ртот Фено (41°23' СГШ) во Корзика.
На север. Линијата што ги поврзува ‘ртот Корс (или Корзо, 9°23' ИГД) во Корзика, со островот Тинето (44°01′N 9°51′E / 44.017° СГШ; 9.850° ИГД) и оттаму, низ островите Тино и Палмарија, па до ‘ртот Сан Пјетро (44°03′N 9°50′E / 44.050° СГШ; 9.833° ИГД) на крајбрежјето на Италија.
Излези
Тиренското Море има пет излеза (од север кон југ):
- Корзиканскиот Канал помеѓу Тоскана и Корзика, широк околу 80 km.
- Протокот Бонифачо помеѓу Корзика и Сардинија, широк околу 11 km.
- Сардинскиот Канал помеѓу Сардинија и Тунис, широк околу 200 km .
- Сицилијанскиот Проток помеѓу Тунис и Сицилија, широк околу 160 km.
- Месинскиот Проток помеѓу Сицилија и Калабрија на врвот на „чизмата“ на Италија, широк околу 3 km.
Име
Името на морето доаѓа од грчкиот поим за Етрурците, кои се сметале за доселеници од Лидија, предводени од кнезот Тирен.[2] Етрурците се населиле долж крајбрежјето на денешна Тоскана, и затоа морето се нарекувало уште и „Етрурско Море“.
Поврзано
Наводи
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)
- ↑ Потеклото на Етрурците, Универзитет на Сан Хозе (англиски)
„Тиренско Море“ на Ризницата ? |