Скупи: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с [r2.5.2] Бот Додава: sh:Scupi
Ред 60: Ред 60:
* Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, [[1996]], издание на [[МАНУ]], [[Скопје]], [[Македонија]].
* Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, [[1996]], издание на [[МАНУ]], [[Скопје]], [[Македонија]].


skupi e istrazuvacki lokalitet koj se naoga blisku do selo zlokukani
== Наводи ==
{{наводи}}


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==

Преработка од 11:26, 5 април 2011

Предлошка:Инфокутија за археолошки локалитет во Република МакедонијаАрхеолошкиот локалитет Скупи (лат. Scupi; Colonia Flavia Scupinorum) e град од римското и доцноантичкото време, се наоѓаа на 5 км. северозападно од Скопје во непосредна близина на с. Злокуќани, лево од утоката на реката Лепенец во реката Вардар во подножјето на Зајчев Рид.[1]Приградските објекти и некрополите се простираат на поширок простор.

Досегашни истражувања

Локалитетот е познат уште од крајот на XIX. Во 1883 год. англискиот истражувач Артур Еванс престојувал во Скопје и ги регистрирал римските бедеми на Зајчев Рид, кој ги објаснил како остатоци од акрополата на Скупи. Со археолошки ископувања на локалитетот Скупи отпочнато е инцидентно пред Втората светска војна. Музејот на град Скопје, како имател на локалитетот, со систематските археолошки истражувања отпочнал во 1966 год. кои со помали прекини, континуирано се извршуваат до денес. Досега се целосно или делумно истражувани: бедемите, театарот, цивилната базилика, градската вила, градската бања, улицата - кардо, христијанската базилика, делови од источната и западната некропола.


Историја

Почетоците на римскиот град Скупи се поврзани со римската војска, односно стационирањето на 5-тата Македонска и 4-тата Скитска легија на теронот на новосвоената Дарданија во времето на Тибериј (14 г. п.н.е.-37 г. н.е.), веројатно во 13-11 год. пр. н.е. Поинтензивна колонизација и урбанизација на градот веројатно се случила после 15-та год. од н.е., по формирањето на провинцијата Мезија. Според положбата, големината, четвртестата основа, маркантните фортификациски елементи и др. постои голема веројатност дека градот се развил од легиски логор (каструм). Во време на царот Домицијан (84-85год.) Стоби добил статус на колонија и неговото полно име било Colonia Flavia Scupiorum и во него биле сместени дедуцираните ветерани од 7-та Клавдиева легија. Во градот имало и домашни староседелци со пајонско и дарданско потекло.

Стаклена чаша, I век

Во текот на II век, Скупи добива особено репрезентативен лик, при што централно место зазема монументалниот театар. Во III век искористувајќи ги битките за превласт на царскиот трон, во Македонија се пробиваат Сарматите, а потоа Готите и Херкулите.

Во IV век, градот е забележано зголемување на градежната дејност. Тогаш е изградена и најрепрезантативната градба, Базиликата 1, а кон крајот на IV или во почетокот на V век, во градот била издигната уште една ранохристијанска црква. Царот Теодосиј I при своите престојувања во Скупи во 379 и 388 г. издал два царски указа. Во IV век станал седиште на епископија, а покасно и на архиепископија. Познати христијански свештеници на Скупи биле: епископот Дакиј (концил во Никеја, 325 г.) епископот Парегориј (собор во Сердика /Софија/, 343 година), митрополитскиот епископ Карос (во писмото на папата Леон, 458 г.) митрополитит Јован (синод во главниот град на провинцијата Дарданија - Скупи, 493 г.); архиепископот на Јустинијана Прима - Бененат (Не учествувал на 5 екуменски концил во Цариград, 553 г.).

Градот Скупи најверојатно не бил поштеден од страодните разурнувачки напади на Хуните во 447 год., а во 518 г. Скупи настрадал во катастрофален земјотрес, забележан во Хрониката на Марцелин Комес. По 518 г. престанува урбаното живеење на римскиот град Скупи, иако постојат индиции дека животот во форма на помала словенска рурална населба продолжил се до X- XI век од н.е.

Објекти и градби

Бедеми

Градската населба заштитена е со бедемски ѕидови во форма на неправилен полигон, градени од кршен камен со многу малтер. Утврдени се само делови од југоисточниот масивен ѕид со ширина од 3.20 м, и дел од југозападниот ѕид.

Театар

Подигнат е во времето на Хадријан ( II век од н.е.). Според димензиите најголем од четирите антички театри на територијата на Македонија. Можел да прими околу 9000 гледачи. Откриени се главните контури на објектот. Театарската зграда долга 98 м. и широка 15м., а низ неа водат три ходника до орхестрата која има радиус од 15 м . Театарската зграда и фасадата на сцената биле богато и луксузно украсени со мермерни архитектонски елементи. Припаѓа на римскиот тип театри, а служел главно за забава. Се изведувале комедии, сатирични игри, пародии, пантомими и др.

Цивилна базилика

Репрезентативен, монументален, јавен објект, со квалитетна архитектонска декокорација и мозаичен под. Откриен е само северниот дел, кој претставува импозантна сала апсидално оформена на западниот крај со должина од 28м. Тука се одвиваат сите судски процеси, договори за трговски зделки, како и други важни административни работи. Датирана е во IV век.

Христијанска базилика

Монументален верски објект, веројатно во изградба во време на земјотресот воо 518 г. Тробродна со нартекс на западната, апсида на источната и баптистериум на јужната страна, со дим : 39 х 18 м. На западната страна примарно постоеле две пастофории, од кои е зачувана само северната. Бродовите се одделени со колонади. Датирана е кон крајот на V и почетокот на VI век.

Градска вила (палата)

Делумно лежи под Ј/И дел на христијанската базилика. Приватен стамбен објект, веројатно во сопственост на некој богат граѓанин. Од источниот дел на палатата истражени се две простории од кои во едната со луксузно украсени ѕидови со фреско декорација. Од термалниот дел се откриени три простории, две со хипокаустен систем за загревање. Датирана е во раниот IV век.

Градска бања

Се наоѓаат во централната зона на градот, источно од улицата - кардо. Имаат едноставен план кој располага со огниште, простории за капење со топла и млака вода, дел за прилагодување, соблекувална, базен за ладна вода и др. Јавен објект, кој освен за одржување на хигиената е средиште на јавниот, културниот и општествениот живот во градот.. Просториите за капење со топла вода имаат систем на подно загревање. Констатирани се повеќе градежни фази со пренамена на функцијата на оделни преостории. Објектот е датиран во IV - V век.

Улица (Кардо)

Една од главните градски комуникации со орјентација С/И - Ј/З, карактеристична за сите градежни комплекси во градот. Коловозот е широк 8.50м. поплочен со со големи камени плочи и одделен од тротоарите со колонада. Од двете страни на коловозот се наоѓаат тротоари, широки од 2.6о до 3 м. поплочени со тули. Датирана е по 268 г. односно се поврзува со обновата на градот по продорот на Готите.

Источна некропола

Источната некропола зафаќа површина од околу З0 ha, почнувајќи од источниот бедем на градот Скупи се протега во должина од околу 1 km кон исток. Истражени се околу 650 гробови и тоа со континуитет на погребување од предримскиот (железно време), преку раноримскиот до доцноантичкиот период. Застапено e биритуално погребување со кремација и инхумација со голема разновидност на типовите и варијанти, со различни елементи на гробна архитектура, разнолокост на погребни обичаи, како и бројни гробни наоди.

Западна Некропола

Истражен e само мал дел од рано римска некрополата со интактно зачувани надгробни споменици и биритуално погребување со инхумација и кремација - датирани од крајот на I до почетокот на III век од н.е. Во вториот културен хоризинт (отпадна депонија од занаетчиските работилници на градот Скупи), вкопани се гробови од доцноантичка некропола со скелетно погребување, датирани во IV век. Истражени се вкупно околу 160 гробови. Точните граници на некрополата не се утврдени, но веројатно почнува од западниот бедем на Скупи.

Литература

skupi e istrazuvacki lokalitet koj se naoga blisku do selo zlokukani

Надворешни врски

Предлошка:Археолошки локалитети (Скопје)

  1. Dragojević Josifovska, Inscriptions de la Mésie Supérieure (IMS), vol. VI, Scupi et la région de Kumanovo, Beograd, 1982