Злокуќани (населба во Скопје)
- Оваа статија се однесува на населбата во Скопје. За други значења видете Злокуќани (појаснување)
Злокуќани | |
Панорамски поглед на Злокуќани и градот Скопје од јужните падини на Зајчев Рид | |
Координати 42°1′36″N 21°22′33″E / 42.02667° СГШ; 21.37583° ИГД | |
Општина | Карпош |
Шифра на КО | 25143 |
Надм. вис. | 280 м |
Злокуќани на Ризницата |
Злокуќани — село во Општина Карпош, кое територијално е споено со градот Скопје, со што со тек на времето станува населба на градот. Се наоѓа на надморска височина од 280 метри, и има 1.635 жители.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Злокуќани се наоѓа во северозападниот дел на Скопската Котлина во подножјето на Зајчев Рид и практично е приградска населба на Скопје. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 270 метри. Злокуќани е во непосредна близина на утоката на реката Лепенец во Вардар, од нејзината лева страна.
Историја
[уреди | уреди извор]Токму на местото на Злокуќани се наоѓаат најголемиот дел од ископините на античкиот град Скупи. Веднаш на почетокот на селото се наоѓа и наоѓалиштето со остатокот од античкиот пат кој минувал тука, ранохристијанската базилика, амфитеатарот и др.
За потеклото на името Злокуќани се поврзува со легендата за Злите Куќи односно „Зли Куќи“. Во минатото во раниот период на Османлиското Царство луѓето кои сакале на ова место да изградат свои куќи при ископот за поставување на темелите често наоѓале коски и костури, остатоци од антички гробници, разни плочи со натписи и предмети од некогашниот антички град Скупи. Поради пронаоѓањето на овие предмети и особено на коските и костурите ова место било завикано „Зли Куќи“, а подоцна од тоа име селото го добило своето денешно име Злокуќани.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било било христијанско, со 21 христијанскио домаќинство. На овој попис биле забележани 73 мажи христијани, со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 148 жители.[1]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 231 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Злокуќани имало население од 100 жители Македонски христијани.[3]
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 65 жители. Било дел од Општина Бардовци.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Поради тоа што во Злокуќани последниве години се изградени луксузни куќи и комплекси на куќи на познатите скопски стопанственици, јавни личности и политичари економската структура на населението на Злокуќани е драстично променета.
Меѓутоа голем дел од староседелското население се занимава со земјоделство. Во Злокуќани највеќе се одгледува зелката, по која е и препознатливо селото. Покрај зелката застапени се и репката, цвеклото и пченицата. Во Злокуќани работат и доста автомеханичарски сервиси.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, Злокуќани има 1.635 жители, од кои:
- Македонци - 913 (55,84%)
- Роми - 534 (32,66%)
- Албанци - 46 (2,81%)
- Срби - 31 (1,90%)
- Турци - 28 (1,71%)
- Бошњаци - 9 (0,55%)
- oстанати - 74 (4,53%)
Последниве години Злокуќани доживува огромен пораст на своето население, пред сè поради тоа што во Злокуќани се населуваат познатите скопски стопанственици, јавни личности и политичари.
Родови
[уреди | уреди извор]Злокуќани e етнички мешано село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во Злокуќани се:
- Македонци: Букларовци (4 к.) доселени се од Ракотинци или Сопиште, не знаат точно од кое од овие две села се дојдени, најпрво се иселиле во селото Шишево, па во Злокуќани. Го знаат следното родословие: Благоја (жив на 37 г. во 1952 година) Велко-Трпче, основачот на родот кој се доселил, во Злокуќани се познати и како Павловци; Трајковци (1 к.) доселени се од сега населбата Сарајско Оризари; Јаневци (1 к.) доселени се од Инџиково; Стојковци (3 к.) доселени се од селото Булачани, таму припаѓале на родот Лукаровци; Анѓеловци или Весковци (2 к.) по потекло се од селото Петровец, од таму се иселиле во Рокомија, и во 1907 година се доселиле во селото Злокуќани, има предание дека потекнуваат од предок православен Ром; Колиовци или Велковци (2 к.) по потекло се од Велешко. Од каде отишле прво во селото Шишево, па од Шишево преминале во Сарај, таму пет (5) браќа живееле 40 години, потоа двајца (2) браќа останале во селото Сарај (род Велковци 3 к.) додека останатите дошле во селото Злокуќани во 1908 година; Аврамовци (1 к.) доселени се од селото Беличица во Горна Река; Ливринци (1 к.) доселени се од селото Чучер-Сандево во 1946.
- Роми: Мамутовци (2 к.), Демировци (3 к.), Рамче (1 к.), Балтовци (3 к.), Османовци (2 к.), Јашаровци (2 к.), Лимановци (1 к.), Бектешовци (1 к.), Ибраимовци (1 к.) и Сулејмановци (1 к.) помеѓу овие родови некои се стари во селото, други се доселени од околните села, а трети се доселени од поедини краеви во Косово и Метохија. Последните два рода се доселени од Косово и Метохија, и тие се албанизирани.
- Албанци: Шаќировци (1 к.) овде се доселени од тетовското село Требош во 1946 година, таму се доселени од селото Жеровјане, а таму од фисот Красниќи во северна Албанија.
- Турци: Кадри (1 к.) доселен овде од времето на Втората светска војна од Прешево (Србија).[5]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во минатото постоел ФК Скупи од селото.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Злокуќани (населба во Скопје)“ на Ризницата ? |
Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|