Руско-турската војна (1806—1812) се водела помеѓу Руската империја и Османлиската империја. Војната ја започнала Османлиската империја, која сакала да ги заземе Молдавија и Влахија. Оваа војна е дел од т.н. Наполеонски војни. Војната завршила со потпишување на договор во Букурешт на 8 мај1812 година, според кој, Бесарабија (источната половина од Молдавија) била припоена кон Руската империја, реката Прут станала нова западна граница на Руската империја. Исто така Русија се здобива со право на трговија низ реката Дунав.