Александар Станишев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Nk (разговор | придонеси)
с +bg
Ред 25: Ред 25:
[[Category:Македонски борци|С]]
[[Category:Македонски борци|С]]
[[Category:Македонци|С]]
[[Category:Македонци|С]]

[[bg:Александър Станишев]]

Преработка од 17:46, 3 август 2005

Александар Димитров Станишев 1 e познат научник и лекар во првата половина на ХХ век. Исто така, познат е по тоа што бил министер за внатрешни работи и за здравје во бугарската влада, за време на Втората Светска војна. Документите на АСНОМ, го третираат како "фашистички агент", додека бугарски историски извори сметаат дека тој се залагал за "ослободувањето на Македонија од грчко и српско ропство", и нејзино припојување кон Бугарија.

Роден на 15 декември 1886 во Кукуш, Егеjска Македониjа. Му припаѓа на познатиот кукушки преродбенички род Станишеви.

Средно училиште го завршува во Солун. Студирал општествена историja во Софиja (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во Минхен, Германиjа (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во Минхен и во болници во Берн и Ландау (1910-1912). Во Балканските и Првата светска воjна учествувал како хирург во бугарски воjни болници во Тракија и Македонија.

Специјализира во Хаjделберг и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургиjа на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет, а од 1923 е редовен професор на истата катедра. Оснивач е и прв директор на Хируршката клиника во Софиjа. Декан е на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет (1930-1931, 1937-1938), а подоцна - ректор на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" (1938-1939).

Александар Станишев e добитник на многу меѓународни признаниjа. Во 1935 година е избран за член, а во 1938 за подпретседател на Меѓународната хируршка академиjа во Женева. Од 1939 година е почетен член на Универзитетот во Хамбург, а на следната година е прогласен и за доктор хонорис кауза на Берлинскиот универзитет.

Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македониjа од српско и грчко ропство, и нејзино припојување кон Бугарија, а потоа со окупацијата на Македонија од страна на прохитлеровскиот режим на Бугарија во Втората Светска Војна (во бугарската верзија, оваа окупација е претставена како ослободување на Македониjа од српско и грчко ропство). Од 1 jуни 1944 до 2 септември 1944 година е министер на внатрешните работи и народното здравје на Бугариjа. После промените во Бугариjа на 9 септември 1944 е осуден на смрт од Народниот суд и на 1 февруари 1945 г. е стрелан заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугариjа за време на Втората Светска Војна.

Професор д-р Александар Станишев е автор на преку 50 научни дела од областа на хирургиjата на различни jазици - бугарски, германски , и др. Од обjавените на бугарски jазик наjзначаjни се: "Волево движение на изкуствената рака. Заубербахова операция, сопствена метода и техника на протезата" (Софиjа, 1919), "Пластично възстановяване на горната усна чрез трансплантация на долната" (Софиjа, 1924), "Лекции" (Софиjа, 1924), "Хирургиjа. Лекции" (Софиjа, 1942).

Дообјаснувања

¹ Вклучувањето на Александар Станишев во категоријата Македонски лекари се должи на неговото потекло од Македонија. Тоа не значи дека тој бил т.е. се чувствувал како Македонец, во национална смисла. Станишев е истотака вклучен во листата на видни бугарски лекари. Види: [1]

Надворешни линкови