Сан Бенедето дел Тронто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сан Бенедето дел Тронто
општина
Città di San Benedetto del Tronto
Фонтана на плоштадот Џорџини
Фонтана на плоштадот Џорџини
ЗемјаИталија
РегионМарке
ПокраинаАсколи Пичено (AP)
Управа
 • ГрадоначалникПасквалино Пиунти
Површина
 • Вкупна25 км2 (10 ми2)
Надм. вис.&100000000000000070000007 м
Население
 • Вкупно48.700
 • Густина1,900/км2 (5,000/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.63074
Повик. бр.0735
Светец-заштитникСв. Бенедикт
Мреж. местоМатична страница

Сан Бенедето дел Тронто (италијански: San Benedetto del Tronto; Sammenedèttë на локалниот дијалект) е град и општина во покраината Асколи Пичено, во регионот Марке, Италија. Со население од над 50.000 жители, тој е вториот најнаселен град во покраината. Се наоѓа на брегот на Јадранското Море и е активно рибарско пристаниште и едно од главните морски одморалиште во средишниот јадрански брег. Сместен на устието на реката Албула, неговата територија се протега до реката Тронто на југ.

Фонтана на плоштадот Џорџини

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Торионе е кула сместена на највисокиот и најстариот дел од градот, познат како Сан Бенедето Алта. Кулата е висока 15 метри и обезбедува целосно поглед на градот.

Ривиера деле Палме[уреди | уреди извор]

„Ривиера деле Палме“ (Riviera delle Palme) е плажа во Сан Бенедето дел Тронто. Плажата ја добива наградата сино знаме од 1998. Сино знаме е сертификат кој се доделува на плажи и марини од Фондацијата за образование на животната средина, која ги практикува стандарди за животната средина.

Спорт и култура[уреди | уреди извор]

Сан Бенедето дел Тронто е дом на фудбалскиот клуб УС Самбенедетезе. Екипата играла во Серија Б и моментално се игра во Серија Д. Во март, во градот се одржува завршницата на последната етапа на велосипедската трка Тирено-Адријатико.

Во февруари, градот е домаќин на карневал на неговите главни улици.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Сан Бенедето дел Тронто е збратимен со:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]