Прејди на содржината

Свети Никола Тавелиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Никола Тавелиќ)
Свети Никола Тавелиќ
Saint Nikola Tavelić
Роден(а) околу 1340, најверојатно Шибеник
Починал(а) 14 ноември 1391, Ерусалим
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Беатификација 1889, Рим од Папа Лав XIII
Канонизација 21 јуни 1970, Рим од Папа Павле VI
Слава 14 ноември

Никола Тавелиќ (Шибеник, околу 1340 - Ерусалим, 14 ноември 1391) е првиот хрватски светец и маченик.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Никола Тавелиќ е роден околу 1340 година, во Шибеник. Уште како момче, тој заминал во манастир. Потоа, како свештеник, заминал во Босна да проповеда против богомилите и голем дел од населението го вратил во христијанството. Подоцна, заминал во Ерусалим, каде ја проповедал христијанската религија меѓу муслиманите, кои владееле со градот. Поради тоа, муслиманите го заробиле и го запалиле. За цветец, маченик бил прогласен во 1970 година. Нему му се молат верниците за да им даде истрајност во верата.[1]

  1. „Верски календар““, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 26.