Нефуд
Пустина Нефуд или едноставно Нефуд (арап. صحراء النفود) ― пустина во северниот дел на Арапскиот Полуостров, опфаќајки голема елипсоидна депресија. Нефуд е 290 км долга и 225 км широка, со вкупна површина од 103 600 км2.[1]
Нефуд е ерг, пустински регион сместен во северо-средишниот дел на Саудиска Арабија. Поради ненадејните силни ветрови се појавуваат големи песочни дини во облик на полумесечина. Песокот во Нефуд е портокалово-црвенкаста боја. Дожд паѓа еднаш или двапати годишно. Во некои низински области, имено во оние во близина на планината Хиџаз, постојат оази каде се одгледуваат урми, зеленчук, јачмен и овошје. Нефуд е поврзан со пустината Руб ел Хали со Дахна, тоа е коридор од рамнини со чакал и песочни дини, таа е 1287 км долга и 24.1 до 80.5 км широка.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на Арапскиот бунт во 1917 година, силите предводени од Ауда ибу Таји го нападнале османлискиот крајбрежен град Акаба во неговиот источен дел кој имал слаба одбрана. Пристапот бил преку долга и широка пустинска рута, поминувајќи блиску до работ на пустината Нефуд. Полковникот Т.Е. Лоренс побарал од Ауда ибу Таји да дозволи неговата група да се оддалечи од нивниот правец кон Нефуд. Ауда одбил затоа што било непотребно.[2] Нивното сурово минување не вклучувало стапнување во Нефуд, како што е прикажано во филмот Лоренс од Арабија.
Откривањето на 85.000 години стар фосилизиран човечки прст во Нефуд во 2016 година од страна на д-р Матје Дувал од Универзитетот Грифит ги обезбедил најраните докази за современи луѓе надвор од Африка и Левант.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]„Нефуд“ на Ризницата ? |
- ↑ Wright, John W., уред. (2006). The New York Times Almanac (2007. изд.). Њујорк, Њујорк: Penguin Books. стр. 67. ISBN 0-14-303820-6.
- ↑ Lawrence, T. E. (1926). Седумте столбови на мудроста: Триумф (1991. изд.). New York: Anchor Books. стр. 250. ISBN 978-0-385-41895-9.
- ↑ Toumi, Habib (14 мај 2018). „85,000-year-old footprints found in kingdom“. Gulf News. Посетено на 13 ноември 2023.