Прејди на содржината

Имиња на Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија

Градот Истанбул во текот на својата историја своето име го менувал на повеќепати.

Византион

[уреди | уреди извор]

Византион (старогрчки: Βυζάντιον) [1] е основан во 667 година п.н.е. од мегарски колонисти. Така бил наречен според нивниот владетел Виза. Од ова име подоцна произлегло и името на Византиското Царство. За многу краток период градот го носел и латинското име „Август Антонија“ кое било дадено од страна на царот Септимиј Север во чест на неговиот син Анатониј, иако вообичаениот римски назив е латинизираниот облик „Бизантиум“ (Byzantium).

Нов Рим (старогрчки:Δευτέρα Ρώμη) градот своето име го добил по изборот за нова престолнинана Византија од страна на Константин I во околу 330 година. Но ова име не се задржало многу во употреба. Самото име било користено во времето на Големиот раскол.

Константинопол

[уреди | уреди извор]

Константинопол (старогрчки Κωνσταντινούπολις) ова име го имал околу 16 века или поточно од 330 година сè до 1930 година. Името произлегува од царот Константин I, а во превод значи “градот на Константин“. Во времето на Византија исто така било употребувано и името Византион. Името „Константинопол“ продолжило да се употребува и по падот на градот, со исклучок во времето на Мустафа III (1717 - 1774) кога градот се нарекувал Исламбол, односно Истанбул којшто значи полн со ислам.

Цариград

[уреди | уреди извор]

Цариград e традиционалното македонско име на градот и како такво се срекава во сите словенски јазици. Во превод Цариград означува “град на царевите“. Ова име било користено и од страна на потчинетите грци во Османлиското Царство како и Стинполи („шетање во град“). Многу популарно име османлиско време било и Стамбол .

Истанбул

[уреди | уреди извор]

Истанбул е име кое градот го добил по 28 март 1930 година и превртот во Турција. Самиот збор Истанбул означува „кон градот“.

  1. Georgacas, Demetrius John (1947). "The Names of Constantinople". Transactions and Proceedings of the American Philological Association (The Johns Hopkins University Press) 78: 347–67