Дучо ди Буонинсења

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дучо ди Буонинсења
Роден(а)околу 1255–1260
Сиена, Република Сиена
Починал(а)околу 1318–1319
Сиена, Република Сиена
Познат(а) посликарство
Значајни делаРучелајска Мадона (1285), Маеста со дваесет ангели и деветнаесет светци (1308-1311)
ПравецСиенска школа, готски стил

Дучо ди Буонинсења (италијански: Duccio di Buoninsegna), (околу 1250 година — 1318/19) бил италијански сликар, припадник на уметничкиот правец готика, и еден од најзначајните претставници на Сиенската школа на сликарство.

Биографија и дело[уреди | уреди извор]

Ручелајска Мадона околу 1285 година

Роден бил, живел и работел во Сиена. Работел главно во темпера со пигменти и јајца. Сликал наративни религиски теми, вообичаено во времето во кое го создавал.

Неговата уметност се засновувала врз византиската уметност, особено врз уметноста и епохата на династијата Палеолози. Дучо ја познавал работата на неговиот фирентски колега Чимабуе. За нив заеднички начин на претставување на фигурите бил монументален и меланхоличен во исто време. Делата на Дучо се одликуваат по меките елегантни линии и рафиниран избор на колорит.

За неговата младост не е ништо познато и не знаеме ни кој бил неговиот учител. Историчарите сметаат дека врз основа на сличностите со сликите на Чимабуе можел токму овој сликар да биде неговиот учител. Со името на Дучо првпат се сретнуваме во 1278 година.

Првото познато дело на Дучо е „Мадона со ангелите“, од околу 1285 година, која ја нацртал за црквата Санта Марија Новела на која сè уште се гледа ирационален контекст што тој го отстранил. Инаку, неговите лица на медалјоните имаат физиогномски црти.

Едно од неговите најпознати дела е „Мадона во престолот на Маест“ кое било во катедралата во Сиена. Сликата била насликана и од предната и од задната страна. На едната страна била девицата Марија која е во престолот на златна позадина опкружена со ангели и светци, а на задната страна биле прикажани слики од распнувањето.

Мајеста музеј на уметност во Сиена

Најпознатите негови ученици биле Симон Мартини и браќата Лоренцети и со нивна заслуга во 13 век Сиена станала втор најзначаен сликарски центар после Фиренца.

Литература[уреди | уреди извор]

  • H,W. Janson, Istorija na umetnost, Belgrad 1962.
  • Ѓина Пискел, Општа историја на уметност, Белград 1972.
  • Svetové dejiny umenia, B.F. Groslier, Larusse, Praha 1996
  • Istorija na drevnata umetnost, J.J. Vinkelman, Novi Sad 1996.
  • Priručni slovnik naučni ČS Akademia vied, Praha 1966.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • www.DuccioDiBuoninsegna.org 130 works by Duccio
  • "The Missing Madonna: The story behind the Met's most expensive acquisition" The New Yorker Magazine, July 11 & 18, 2005, by Calvin Tomkins
  • Duccio in Panopticon Virtual Art Gallery
  •  „Duccio di Buoninsegna“ . The New Students Reference Work . 1914.
  • Интернет галерија