Прејди на содржината

Дики Бојаџи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дики Бојаџи
220px}}
Лични информации
Целосно имеДимитар Бојаџи
Роден на24 февруари 1939(1939-02-24)(85 г.)
Роден воОхрид, Кралство Југославија
Спорт

Димитар „Дики“ Бојаџи (24 февруари 1939 во Охрид) — македонски маратонски пливач[1]. Завршил Виша школа за надворешна трговија во Белград (1970) и Виша педагошка школа во Скопје (1975). Бил член на ПВД „Охридски бранови“. Првак на Македонија во 17 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди[1]. Во маратонското пливање освоил први места на реката Сава на 24 км (1959) и на државните првенства на Охридското Езеро (1959, 1963 и 1965)[1]. На врвните светски натпреварувања на Охридското Езеро, освоил едно второ место (1966) и две трети (1962 и 1965)[1]. На маратонот од Капри до Неапол (1960) го освоил првото место и успешно настапувал на него сè до 1967, како и на меѓународните маратони во САД, Канада, Египет и во Сирија[1]. Тој е избран за најдобар спортист на Македонија во 1960 и 1961 година[1].

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Станимировиќ, Душан. „Бојаџи, Дики“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. стр. 186.CS1-одржување: користи параметар editors (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]