Прејди на содржината

Данди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панорамата на Данди
МекМанусова галерија
Сент Мари, црква во Данди

Данди е град во Шкотска. Со 143 090 жители Данди е четврти град по големина во Шкотска. Се наоѓа на северниот брег на естуарот на реката Теј, близу источниот брег на Северно Море.

Историја

[уреди | уреди извор]

Данди првин било мало населено место каде први се населиле Пикти пред 3 500 години. Тој регион бил познат под името Алектум. Името Данди потекнува од Dùn Dèagh, што значи „тврдина на Теј“. Градот Данди во 1191 година добил статус на кралски град. Подоцна Едвард I го поништил тој статус, па затоа Роберт Брус ја заменил со нова во 1327 година. Данди во 1545 година станал град со ѕидини поради периодот на непријателствата. Поголемиот дел од градот бил разоран во 1574 година со англиските поморски бомбардирања. За време на Шкотската граѓанска војна во 1645 година, градот бил под опсада. Во 1651 година генералот Монк за време на третата англиска граѓанска војна извршил инвазија. Поголем дел тогаш бил унитен, а многу луѓе настрадале.

Данди многу се развил во периодот на индустриска револуција, најмногу поради индустријата на југа. До крајот на 19 век поголемиот број од градските работници работела на многу фабрики на јута и повржаните индустрии. Положбата на Данди на естуарот овозможувал лесен транспорт на јута од Индија. Исто така лесно било одстапно маслото од кито, кое било потребно во процесот на производство на јута.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Околу 13,5% од работно способното население сѐ уште работи во класичниот индустриски сектор. Биомедицинската и софтверската индустрија имаа силен пораст од 1950-ите години и Данди денес остварува 10% од британската дигитална забавна ундустрија.

ВО градот е седиштето на Шкотскиот играчки театар, а многу често гостува и кралскиот шкотски народен орекстар. Макманусовата галерија е градена во готскис тил, која претставува музеј и уметничка галерија.